Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Големиот пожар на Парос сè уште не е изгаснат, силните ветрови ја отежнуваат битката со огнот

Пожарникарските екипи и денеска продолжуваат со напорите за ставање под целосна контрола на големиот шумски пожар што избувна на грчкиот остров Парос. Иако ситуацијата е подобрена, властите предупредуваат дека силниот ветер и активните жаришта сè уште претставуваат сериозна опасност, објави „Катимерини“.Пожарот избувна во вторник во близина на депонијата во областа Камби, а во текот на ноќта се прошири кон Агаирија и Трипити, на југозападниот дел од островот.Портпаролот на противпожарната служба

Балкан | пред 3 месеци

media-library864q7sovjdq47OJqpx5

Студентка на Стоматолошки факултет поткупила професор за да влијае врз претседателот на испитната комисија за да положи стручен предмет

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело кривични пријави против три лица, осомничени за кривичните дела „давање награда за противзаконито влијание“, „примање награда за противзаконито влијание“ и „примање поткуп“.Првопријавена е 27-годишна битолчанка, студентка на Стоматолошкиот факултет, второпријавен е 56-годишен професор од Гостивар и поранешен потпретседател на Стоматолошката комора, а третопријавен е

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryusvlue1t2qi40Eg8imp

Отворен повик за субвенции за занаетчии во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги повика занаетчиите да аплицираат на јавниот повик за субвенционирање на дефицитарните занаетчиски дејности, со цел да се зачуваат традиционалните занаети и да се поттикне нивниот понатамошен развој.Тој истакна дека занаетите се значаен дел од културното наследство, традицијата и идентитетот на Скопје, нагласувајќи дека нивното опстојување е од заеднички интерес.Право на учество имаат занаетчии со живеалиште во општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Ч

Скопје | пред 3 месеци

media-librarye748rg39tmkcbBPvYGY

Иран разгледувал воен одговор против Украина по нападот во Каспиското Море

Иран разгледувал можност за напад врз украинско поморско пристаниште како одговор на украинскиот напад врз ирански товарен брод во Каспиското Море, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на ирански и западни официјални претставници.Според изворите, Техеран анализирал повеќе сценарија за одговор, меѓу кои и можност за лансирање балистичка ракета со помала боева глава кон украинска територија, со цел да испрати политичка и воена порака, а не да предизвика големи материјални штети.Други извори навед

Свет | пред 3 месеци

media-libraryvbrktfifid7q53amOwA

Иран наводно купува кинески системи за противвоздушна одбрана, Пекинг ги негира тврдењата

Иран во наредните недели би требало да ја добие првата испорака од неколку стотици кинески преносливи системи за противвоздушна одбрана (MANPADS), тврдат три извори запознаени со договорот, на кои се повикува агенцијата Ројтерс.Според истите извори, Техеран склучил договор за набавка на меѓу 300 и 400 преносливи противвоздушни системи, меѓу кои се и кинеските ракети QW-12 и FN-16. Вредноста на договорот се проценува на 60 до 70 милиони долари.Наводно, договорот бил склучен преку компанијата „Zho

Свет | пред 3 месеци

media-libraryrn2k080emvcharjhBzv

(Видео) Мал авион се урна во Аризона, едно лице загина

Едно лице загина при пад на мал авион во близина на аеродромот Чендлер во американската сојузна држава Аризона.Несреќата се случила во вторникот околу 19:50 часот по локално време, во близина на крстосницата на улиците „Меквин“ и „Квин Крик“. По пријавата, на местото веднаш пристигнале противпожарни и спасувачки екипи, кои со помош на контролната кула ја лоцирале урнатата леталка.На местото на несреќата било пронајдено телото на едно лице, за кое се претпоставува дека управувало со авионот. Смрт

Свет | пред 3 месеци

media-library9oakt7n7a4im4XYy32q

Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива нова фасада и LED осветлување, помали сметки и подобри услови

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во реконструкцијата на Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“, каде што се реализираат активности за обнова на фасадата и замена на внатрешното осветлување.Проектот, кој се финансира со заем од Светска банка, има за цел да ја подобри енергетската ефикасност на училиштето и да обезбеди подобри услови за учениците и наставниот кадар.„На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова цел

Скопје | пред 3 месеци

pari-1

30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен, Министерството ги повикува граѓаните да ја искористат можноста

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги повика граѓаните да аплицираат на јавниот повик за субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој може да се добие финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци.Од Министерството информираат дека рокот за поднесување на барањата е до 31 октомври 2026 година, а право на финансиска поддршка имаат домаќинства што во текот на годинава ќе извршат приклучок на систем

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

ДУИ: Уште еден странски инвеститор си заминува - Владата да одговори колку работни места се загрозени

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение обвини дека уште една странска компанија ја затвора својата инвестиција и ја напушта Македонија, оценувајќи дека тоа претставува сериозен удар за економијата и за вработените.Од партијата наведуваат дека во изминатите две години три американски и германски инвеститори одлучиле да го прекинат или да го преселат своето производство, што, според нив, не може да се смета за изолиран случај.Според ДУИ, странските инвеститори се соочуваат со ек

Македонија | пред 3 месеци

sveka

Почина британскиот актер Том Чедбон, познат по улогата во „Игра на тронови“

Британскиот актер Том Чедбон почина на 80-годишна возраст, соопштија од организацијата „Фантом Ивентс“, која ја потврди веста за неговата смрт.Во соопштението се наведува дека Чедбон починал изминатиот викенд и дека ќе остане запаметен по бројните улоги во телевизиски серии и филмови, меѓу кои „Доктор Ху“, филмовите за Џејмс Бонд и „Игра на тронови“.„Том беше препознатливо лице за многу генерации гледачи и секогаш беше срдечен и пријатен човек за соработка. Изразуваме искрено сочувство до негово

Свет | пред 3 месеци

media-libraryhlkuobmehgfs7bz3s6E

Унгарија прогласи вонредна состојба поради тешка суша и недостиг на вода

Унгарската влада прогласи вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода предизвикан од долготрајната суша, соопшти министерот задолжен за заштита на животната средина, Ласло Гајдош.Во објава на социјалните мрежи, Гајдош наведе дека индексот на суша во 66 од вкупно 84 водостопански окрузи ги надминал законски утврдените прагови, поради што биле активирани вонредни мерки.Според него, експерти од Дирекцијата за водостопанство ќе спроведуваат посебни мерки за управување и заштита на водните р

Свет | пред 3 месеци

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Двајца припадници на украинска единица обвинети за мачење и незаконско затворање на војници

Украинското Државно истражно биро поднесе обвинение против двајца припадници на санитарната единица на 425. посебен јуришен полк „Скелија“, под сомнение дека мачеле и незаконски држеле затворени двајца свои соборци.Истрагата беше отворена по објавите на украинскиот портал „Бабел“, кој изнесе наводи за системско малтретирање во рамките на единицата. Според порталот, меѓу крајот на 2025 и пролетта 2026 година биле документирани најмалку 26 смртни случаи на новомобилизирани војници надвор од борбен

Свет | пред 3 месеци

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

„По изјавите на Мицкоски дека сме први во Европа - заминува уште една странска компанија“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение обвини дека германската компанија БМЗ донела одлука да го затвори својот производствен погон во Илинден и производството да го пресели во Полска, при што околу 90 вработени ќе останат без работа, а нема да се реализираат ниту најавените нови вработувања.Од опозициската партија оценуваат дека ова е трета странска компанија која за краток период одлучила да ја напушти државата, потсетувајќи дека претходно тоа го направиле „Аптив“ и „Дура“, додека, како што наведуваат, „Џонсон

Македонија | пред 3 месеци

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Нафтата повторно поскапе по новите напади на Блискиот Исток

Само три дена откако пазарите покажаа знаци на смирување, новата ескалација на Блискиот Исток повторно ги вознемири инвеститорите. Цените на нафтата нагло пораснаа, а глобалните финансиски пазари повторно се соочија со неизвесност.Во средата, цената на северноморската нафта „Брент“ порасна за 3,8 отсто, достигнувајќи околу 87,24 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI поскапе за 3,4 отсто, на околу 82 долари за барел. Со тоа беше прекинат тридневниот пад на цените.Новиот раст след

Свет | пред 3 месеци

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Левица преку соопштение обвини дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го назначил поранешниот директор на Македонската радио-телевизија, Марјан Цветковски, за директор на Фондацијата што треба да го реализира проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, иако, како што наведуваат, Фондацијата сè уште не е законски формирана.Од партијата посочуваат дека во Собранието дури сега започнува постапката за Предлог-законот со кој треба да се основа Фондацијата, а според предложен

Македонија | пред 3 месеци

media-library31el0feq2ml654HsYWH

(Видео) Осум загинати во американско-саудиски воздушни напади во Ирак

Осум припадници Ирачките Народни мобилизациски сили (ПМФ) загинале, а четворица се ранети во заеднички воздушни напади извршени од САД и Саудиска Арабија врз нивни позиции во Ирак, соопшти Ирачките Народни мобилизациски сили (ПМФ)Според „Ал Џезира“, Саудиска Арабија и Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопштиле дека нападите биле насочени кон проирански милиции кои, според нив, стојат зад неодамнешните напади врз американски војници и саудиска енергетска инфраструктура.Од сау

Свет | пред 3 месеци

dron1

Иран го претстави новиот дрон „Хадид 110“: Лета над 500 км/ч и е дизајниран да ја пробие американската одбрана

Иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) го претстави новиот дрон „Хадид 110“, за кој тврди дека е опремен со млазен погон, има намалена радарска забележливост и е наменет за пробивање на американските системи за противвоздушна одбрана.Според ИРГЦ, леталото во изминатите две недели првпат било употребено во напади врз американски воени бази и воени бродови во регионот.Станува збор за унапредена верзија на претходен модел, која, според ирански извори, достигнува брзина од 508 километри на час, што г

Свет | пред 3 месеци

proektil-696x376

(Видео) Јордан собори пет ирански ракети, Техеран тврди дека цел била американска база

Јорданските системи за противвоздушна одбрана рано утрово пресретнаа и соборија пет ракети истрелани од Иран, соопштија вооружените сили на земјата.Според јорданските власти, ракетите биле насочени кон нивната територија, но биле навреме откриени од системите за надзор и уништени пред да предизвикаат штета. Државната агенција „Петра“ објави дека нема жртви ниту материјална штета.Во меѓувреме, иранската државна телевизија ИРИБ, повикувајќи се на соопштение на Исламската револуционерна гарда, обја

Свет | пред 3 месеци

media-librarylmokijtkrg4p6MVhGbG

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери“

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДС применува двојни стандарди во однос на состојбата со загадената вода во Гостивар и дека лидерот на партијата, Венко Филипче, не бара одговорност од функционерите на СДС во локалната власт.Од партијата потсетуваат дека Филипче јавно го поддржал кандидатот Валбон Лимани на повторените локални избори во Гостивар, наведувајќи дека локалната власт, во која, според нив, учествуваат СДС, ДУИ и Арбен Таравари, не успеала навремено да се справи со кризата.Споре

Македонија | пред 3 месеци

media-library3cv6g72nkf2rdKFNC9V

Осумте случаи на западнонилска треска се видливиот врв на епидемиолошката „санта мраз“, под површината останува непознат број инфекции, вели Даниловски

Епидемиологот Драган Даниловски преку објава на социјалните мрежи посочува дека осумте досега регистрирани случаи на западнонилска треска во Македонија не ја прикажуваат вистинската епидемиолошка слика, бидејќи сите се однесуваат на тешката, невроинвазивна форма на болеста.Според него, клучното прашање е колку вкупно лица биле заразени, а не само колку од нив завршиле во болница. Тој објаснува дека околу 80 проценти од заразените немаат никакви симптоми, кај околу 20 проценти се развива полесна

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryu02imf7o7mgb5zeW6zq

Сите пожари ставени под контрола – утрово нема активни жаришта

Во текот на изминатото деноноќие во државата биле регистрирани 16 пожари на отворен простор, а до 7:00 часот утрово сите се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според информациите на ЦУК, во моментов нема активни пожари, ниту пожари кои се ставени под контрола.Пожарите биле локализирани и изгаснати на повеќе локации низ земјава, меѓу кои во општините Прилеп, Радовиш, Гостивар, Куманово, Сарај, Долнени, Валандово, Велес, Тетово, Гази Баба и Битола.Огнот зафатил ниск

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycq1t0la80f2f5KhI0Hg

Гужви кон Грција: На ГП „Богородица“ се чека до 40 минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).Најголема фреквенција на возила утрово е забележана на граничниот премин Богородица, каде што времето на чекање за премин на границата изнесува околу 40 минути.Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата.

Македонија | пред 3 месеци

seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес од 4 степени во Албанија почувствуван и во Струга

Утрово во 7:52 часот е регистриран земјотрес со локална магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на територијата на Албанија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Според информациите, епицентарот бил лоциран на околу 144 километри југозападно од Скопје.Според досегашните податоци, потресот бил почувствуван во Струга и околните населени места, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.Засега не се пријав

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Власта сега признава ризик од хепатит - за труењето во Гостивар мора да има кривична одговорност“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение обвини дека по епидемијата предизвикана од загадената вода во Гостивар, надлежните институции сега и официјално признаваат дека постои ризик од појава на хепатит А и Е, како и од други заразни заболувања.Од опозициската партија велат дека токму на ова предупредил проф. д-р Венко Филипче уште минатата недела, оценувајќи дека институциите задоцниле со реакцијата и не презеле навремени мерки додека, како што тврдат, граѓаните користеле загадена вода.Според СДСМ, јавноста сè уш

Македонија | пред 3 месеци

zelenski-putin

Зеленски: Путин ја загуби иницијативата на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја загубил иницијативата во војната, оценувајќи дека развојот на украинската воена технологија значително ја променил состојбата на бојното поле.Во интервју за „Фокс њуз“, Зеленски посочи дека Украина од почетокот на војната изградила силен воено-технолошки сектор со околу 500 компании кои развиваат современи технологии, особено во областа на беспилотните летала.„Мораме да бидеме побрзи од Путин. Тој има по

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања