Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Трамп одобри 30-годишен нуклеарен договор со Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил 30-годишен нуклеарен договор со Саудиска Арабија, со кој на кралството би можело да му се овозможи самостојно да збогатува гориво за цивилни нуклеарни реактори, пренесуваат американски медиуми, повикувајќи се на висок американски функционер.Според информациите, американски компании ќе обезбедат технологија и експертиза за развој на саудиската цивилна нуклеарна програма, а администрацијата на Трамп планира договорот наскоро да го достави на разгледув

Свет | пред 3 месеци

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Гостиварчанец објави микробиолошки наод: „Кај мене се пронајдени јајца од цревен паразит“

Гостиварчанецот Дарко Грујоски на социјалните мрежи објави микробиолошки наод, тврдејќи дека кај него биле пронајдени јајца од цревниот паразит Ascaris lumbricoides, по што побара одговорност за загадувањето на водата во градот.Во објавата, Грујоски наведува дека паразитот се пренесува по фекално-орален пат, преку загадена вода, загадена храна или нечисти раце, а според препорака од лекар, треба да се испитаат и најблиските членови на неговото семејство поради можноста за повторно пренесување.„К

Македонија | пред 3 месеци

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Норвешка почнува со изградба на првиот бродски тунел во светот, вреден 900 милиони евра

Норвешка на почетокот на 2027 година ќе ја започне изградбата на првиот бродски тунел во светот, проект вреден околу 900 милиони евра, кој ќе овозможи пловидба низ полуостровот Стад.Тунелот, долг 1,7 километри, ќе биде ископан низ карпите на најтесниот дел од полуостровот и ќе ги поврзе фјордовите Молдефјорден и Ванилвсфјорден на западниот брег на Норвешка.Според проектот, тунелот ќе биде широк 36 метри и висок 50 метри од дното до таванот, со пловен профил висок 33 метри, што ќе овозможи низ не

Свет | пред 3 месеци

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп најави нови напади врз Иран доколку повторно бидат нападнати бродови во Ормускиот Теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остро предупредување до Иран, најавувајќи дека САД ќе извршат нови напади врз иранската инфраструктура доколку Техеран повторно напаѓа бродови во Ормускиот Теснец.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп порача дека секој иден напад врз пловни објекти во теснецот ќе биде проследен со американски воздушен удар врз цивилна инфраструктура во Иран.„Од овој момент, секој пат кога Исламската Република Иран ќе пука врз брод во Ормускиот Те

Свет | пред 3 месеци

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иранскиот шеф на дипломатијата го опиша ударот во кој беше убиен врховниот водач

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи тврди дека бил затрупан под урнатините на комплексот во кој се наоѓало државното раководство за време на американско-израелскиот воздушен напад, во кој, според неговите наводи, првиот ден од војната загинал врховниот лидер Али Хамнеи.Во интервју за ирански медиум, Арагчи изјави дека Израел и САД располагале со прецизни разузнавачки информации за локацијата на врвните ирански функционери, што, според него, им овозможило да ги погодат клучните др

Свет | пред 3 месеци

ursula

И без Орбан, ЕУ тешко постигнува договор за новите санкции против Русија

Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија денеска повторно ќе се обидат да постигнат конечен договор за 21. пакет санкции против Русија. Иако по заминувањето на Виктор Орбан од власт во Унгарија се очекуваше полесен договор, неколку земји членки побараа ублажување на дел од предложените мерки за да ги заштитат сопствените економски интереси, пишува „Политико“.Според медиумот, Грција се спротивставила на предлогот со кој на компании од ЕУ би им се забранило да превезуваат руски течен при

Свет | пред 3 месеци

media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

Ѓорѓиевски: Општините ќе формираат комисии за пријавување на штетите од невремето

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека денеска одржал координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој биле разгледани штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град.Според Ѓорѓиевски, скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријавуваат штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје ќе се врши стручна процена на пријавените оштетувања, по што, согласно з

Скопје | пред 3 месеци

media-librarydfuoj1p8aepqfGunNnv

Проблеми со услугите на Мета: Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Месенџер

Фејсбук, Инстаграм и Месенџер денес повторно се соочија со технички проблеми, што претставува втор поголем прекин на услугите на Мета во последните три дена.Според платформата „Даундетектор“, која ги следи прекините на интернет-услугите во реално време, повеќе од 3.600 корисници пријавиле проблеми со трите платформи. Најголем број пријави за Фејсбук биле регистрирани околу 13 часот.Корисниците најчесто пријавувале тешкотии при најавување, користење на апликациите и пристап до веб-страниците. На

Свет | пред 3 месеци

rak

Ракот сѐ почесто ги погодува младите, научниците со нова теорија

Сѐ поголем број млади луѓе заболуваат од одредени видови рак, а ново научно истражување сугерира дека една од можните причини е забрзаното биолошко стареење на организмот.Истражувањето, спроведено од научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон, покажува дека кај помладите генерации постои сѐ поголем јаз меѓу хронолошката и биолошката возраст. Додека хронолошката возраст го означува бројот на години што човек ги има, биолошката возраст покажува колку организмот навистина старе

Свет | пред 3 месеци

media-library3hm59b39ehkhbLpB2HJ

Шасивари: Холандија е силен партнер во градењето ефикасен и независен правосуден систем

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија, Узлем Џанел, на која беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на соработката во спроведувањето на реформите во правосудството и зајакнувањето на владеењето на правото.На средбата беше истакнато дека Холандија останува значаен партнер во процесот на градење ефикасен, независен и транспарентен правосуден систем преку поддршка на повеќе проекти насочени кон унапредување на

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryq78uavhk07v8blQ6Phg

Институциите алармираат: Водата во Гостивар е неисправна, се организира дистрибуција со цистерни

Водата од водоводната мрежа во Гостивар во моментов е неисправна и за пиење и за техничка употреба, покажале анализите на Институтот за јавно здравје, поради што надлежните институции апелираат граѓаните да не ја користат до понатамошно известување.Ова беше соопштено по денешната седница на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во присуство на директорот на ЦУК, Мухамет Али. На седницата биле разгледани информациит

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrthq5gttfgjb1OgqzK8

(Видео) Невремето ја опустоши Херцеговина, штетите се проценуваат на милиони евра

Материјалната штета од силното невреме што вчера ја погоди Херцеговина е огромна и веќе се проценува на милионски износи, изјави градоначалникот на Невесиње, Миленко Авдаловиќ, пренесува Klix.ba.Тој посочи дека во моментов е тешко да се утврди дали поголеми се штетите врз имотот или врз земјоделското производство, додека надлежните комисии излегуваат на терен за да ја проценат состојбата на сите оштетени куќи и земјоделски површини.Најтешко погодено е селото Братача, каде што градинарските и пол

Настани | пред 3 месеци

avioni

Бугарија ѝ дозволи на американската војска да ја користи базата Безмер

Бугарскиот парламент го одобри барањето на Соединетите Американски Држави за користење на воздухопловната база Безмер како логистичка поддршка за американските операции на Блискиот Исток.Одлуката беше усвоена со 136 гласа „за“, 13 „против“ и двајца воздржани пратеници. Со неа се овозможува од 24 јули до 1 октомври во базата да бидат распоредени до осум американски авиони-танкери KC-135, до 250 припадници на персоналот и придружна опрема, без потреба од дополнителни парламентарни одобренија.Возду

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryc6dqh3cpevgcf2gnXHb

Министерот Серафимовски ги посети земјоделците погодени од невремето во струмичкиот регион

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска ги посети селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика значителни штети врз градинарските култури и пластениците.За време на посетата, министерот заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, ги обиколи оштетените земјоделски површини во Дабиље, додека во Пиперово беше придружуван од градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов. Земјоделците ги информираа за пос

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

„Сите повредени во невремето се згрижени, здравствените установи работеа без прекин“, вели Клековски

Сите лица кои биле повредени во синоќешното невреме навремено добиле медицинска помош и се згрижени, информира министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека здравствените установи низ државата функционирале непречено и покрај последиците од невремето.Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје лекарска помош побарале 22 лица, при што двајца пациенти биле задржани на болничко лекување. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Одделот за трауматологија, биле примени 11 лица,

Македонија | пред 3 месеци

k15

Просечната нето-плата во мај изнесува 49.544 денари, раст од 8,2 отсто

Просечната нето-плата исплатена по вработен во Македонија во мај 2026 година достигнала 49.544 денари, објави Државниот завод за статистика.Според официјалните податоци, во однос на истиот месец минатата година, просечната плата е зголемена за 8,2 проценти, додека во споредба со април годинава бележи раст од 1,6 проценти.Најголемото годишно зголемување е регистрирано во секторот „Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што

Македонија | пред 3 месеци

bolnica-stip

Урнат дел од покривот ја затвори Ортопедијата во Штип, пациентите се пренасочуваат во други болници

Клиничката болница во Штип ги извести здравствените установи од Источниот регион во наредниот период да не испраќаат пациенти со скршеници на Одделението за ортопедија, кое е надвор од функција поради оштетувањата предизвикани од силното невреме.Од болницата соопштија дека елементарната непогода предизвикала сериозни оштетувања на Одделението за ортопедија и на ортопедската операциона сала, поради што пациентите нема да можат да добијат соодветен третман сè до завршување на санацијата.„Ве замолу

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryg1n574kavc4a1iTxUaj

Почина една од најголемите ѕвезди на југословенската сцена – Оливера Катарина

Оливера Катарина, една од најпознатите актерки и пејачки од просторот на поранешна Југославија, почина на 86-годишна возраст по кратко боледување.Во својата повеќедецениска кариера таа остави длабока трага во филмот и музиката, а публиката ја памети по бројните улоги и специфичниот сценски настап. Меѓу нејзините позначајни филмски остварувања се „Војник“, „Има љубов, нема љубов“ и „Партизани“.Нејзината најголема препознатливост ѝ ја донесе улогата на Ленче во филмот „Собирачи на пердуви“ од 1967

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryi5jtkos6c636esnSUov

Турист во Грција казнет со 250 евра поради користење СУП даска без елек за спасување

Сѐ повеќе туристи летово избираат да уживаат на море со СУП даска (Stand Up Paddle), но оние што престојуваат во Грција треба да бидат особено внимателни, бидејќи непочитувањето на правилата може скапо да ги чини.Таков случај е забележан на островот Лемнос, каде што турист бил казнет со 250 евра откако при контрола било утврдено дека користел СУП даска без задолжителен елек за спасување. Настанот се случил на плажата Аи Јанис, а според грчките прописи, оваа опрема е задолжителна за секој што упр

Балкан | пред 3 месеци

SeKXr-

Јапонија тројно го зголеми увозот на руска нафта во јуни

Јапонија во јуни увезла речиси 1,2 милиони барели руска нафта, што е трипати повеќе во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците на јапонското Министерство за финансии. Зголемениот увоз укажува на обид на Токио да ги надомести намалените испораки од Блискиот Исток.Според официјалните податоци, во јуни од Русија биле увезени 184.000 кубни метри нафта, што одговара на околу 1,157 милиони барели. Вредноста на увозот изнесувала 19,69 милијарди јени, односно околу 120,8 милиони американски

Свет | пред 3 месеци

avioni

Иран ја предупреди Бугарија поради најавеното распоредување американски воени авиони

Иран упати директно предупредување до Бугарија поради најавеното привремено распоредување американски воени авиони-цистерни на нејзина територија, повикувајќи ја Софија да не дозволи земјата да стане база за операции против Техеран.Предупредувањето се однесува на предлогот на бугарската Влада за привремено стационирање на најмногу осум американски авиони за дополнување гориво во воздух во воената воздухопловна база „Безмер“ во југоисточниот дел на земјата.Портпаролот на иранското Министерство за

Свет | пред 3 месеци

media-librarygad6volm8cb71zO1qd9

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени

Општина Центар ги интензивира активностите за справување со последиците од силното невреме, откако градоначалникот Горан Герасимовски свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа раководители на општинските сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби.На состанокот беа донесени повеќе итни мерки, меѓу кои формирање комисија за проценка на штетите, задолжување на куќните совети да извршат проверка на безбедноста на фасадите и покривите на станбените објекти

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

„Гостивар е цената што ја плаќаме за партизирана држава“, велат од Левица

Политичката партија Левица преку соопштение оцени дека случајот со загадената вода за пиење во Гостивар е последица на долгогодишната партизација на институциите и побара целосна кривична одговорност за сите инволвирани.Според партијата, досегашните наоди од истрагата покажуваат дека во водоснабдителниот систем била пуштена непречистена вода, Институтот за јавно здравје утврдил присуство на фекални колиформни бактерии, а анализите покажале и зголемени концентрации на резидуален хлор, што, како ш

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya6m92rifrkdt9WnebWn

62-годишник осомничен за силување на дете

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против А.С. (62) од струмичко, поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 15 јули 2026 година, пријавениот во семејната куќа извршил обљуба врз малолетничка.Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, против 62-годишникот е поднесена кривична пријава.Од

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryohlb4smmju8u88ve12h

Незаконска сеча на дрва и штета од 570.569 денари, кривична за четворица вработени во Подрачното шумско стопанство „Јабланица“ – Струга

Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против четири лица од Вевчани поради сомнение дека со злоупотреба на службената положба и несовесно работење овозможиле противправна имотна корист на приватно правно лице и предизвикале штета на ЈП „Национални шуми“ во износ од 570.569 денари.Според МВР, пријавени се В.Р. (56), З.П. (61), А.А. (61) и Т.Д. (49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања