Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

ambulanta

Судир на две локомотиви кај Железничката станица во Велес, повреден машиновозач

Дваесет и седумгодишен машиновозач од Велес се здобил со телесна повреда при судир на две локомотиви што се случил во близина на Железничката станица во Велес.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 4 часот, откако од Ургентниот центар при ЈЗУ „Општа болница“ – Велес било известено дека кај нив бил донесен повредениот Т.Р. (27).Според пријавеното, околу 3 часот, при преместување на влечни локомотиви од еден на друг колосек, една локомотива удрила во

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymsnrshskv3ga8d8PGWr

На социјална мрежа ѝ ветил кредит, уплаќала за „одобрување“ кредит, на крај останала и без пари и без кредит

Четириесет и четиригодишна жителка на селото Долни Дисан, неготинско, пријавила во полиција дека била измамена за 49.087 денари при обид да подигне кредит.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жената остварила контакт со непознато лице преку социјална мрежа со цел да добие кредит. По насоки од лицето, во неколку наврати уплатила пари за наводни трошоци за одобрување на кредитот.Откако не ги добила ниту кредитот, ниту уплатените средства, случајот го пријавила во Одделението

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypud0dsqh78f7fZGRzol

Маж загина откако се превртел со трактор во прилепско

Педесет и четиригодишен жител на прилепското село Канатларци го загубил животот во несреќа со трактор што се случила во атарот на селото Подмол.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 20 часот во СВР Битола, кога во атарот на селото Подмол бил пронајден превртен трактор, кој претходно го управувал М.Т. (54) од село Канатларци.Од здобиените повреди, мажот починал на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош в

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya478dfnfabggbUaV0kO

Преку апликација ѝ упатувал закани на поранешната партнерка, приведен 35-годишник

Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне во скопската населба Аеродром го лишиле од слобода 35-годишниот Б.С. од светиниколско, поради сомнение дека ѝ упатувал закани на својата поранешна партнерка.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тој бил приведен по претходна пријава дека преку апликација на мобилен телефон ѝ упатувал закани на својата поранешна 40-годишна партнерка од Скопје.По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднес

Македонија | пред 3 месеци

noz-ubistvo-napad

Се обидел со остар предмет да го нападне братот

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода 36-годишниот Ш.Б. од Куманово, поради сомнение дека се обидел со остар предмет да го нападне својот брат.Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето било приведено околу 11 часот во Куманово.По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Пронајден починат мигрант кај Гевгелија

Починат мигрант бил пронајден вчера на местото викано „Мрзенско Поле“, во атарот на селото Мрзенци, во гевгелискиот регион, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, околу 11:52 часот, група мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарала помош. По пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти без лични документи, кои изјавиле дека се државјани на Пакистан, како и починато лице за кое рекле дека било нивен 36-годишен сопатник.Лекар констат

Македонија | пред 3 месеци

media-library31pt8tf0v4hv5cUJXLE

Судир меѓу автомобил и мопед во Скопје, мотоциклист тешко повреден

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчераутро на крстосницата меѓу улиците „Благоја Стефковски“ и „Петре Филиповски-Гарката“ во Скопје, при што тешко е повреден 22-годишен мотоциклист.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 8:30 часот и во неа учествувале патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот М.П. од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, кој го управувал Х.Р. (22) од село Инџиково.Во судирот, мотоц

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

По расправија во сообраќајот му се заканувал со нож

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 30-годишниот Б.М. од Тетово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „насилство“.Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 8 април 2026 година во Тетово, кога по претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот со нож му упатувал закани на Б.Д.По документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 3 месеци

semejno-nasilstvo

Физички ја нападнал партнерката, кривична за 32-годишен гостиварец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 32-годишниот И.Б. од Гостивар поради сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 18 јуни 2026 година, во својот дом, пријавениот физички ја нападнал својата партнерка.По целосното документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

Британски државјанин фрлал камења кон даночните контролори од локалитетот „Камени Кукли“

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин, осомничен за кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, и побара да му биде определена мерка притвор.Според Обвинителството, инцидентот се случил на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, кратовско, каде што двајца даночни контролори извршувале службена контрола во врска со претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.Осомничениот,

Македонија | пред 3 месеци

media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD

До 13 часот регистрирани три пожари на отворен простор, еден е сè уште активен

До 13 часот денеска во државата се регистрирани три пожари на отворен простор, од кои еден е сè уште активен, а два се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активен е пожарот во Општина Врапчиште, кај селото Врапчиште, каде што гори ниска вегетација.Во меѓувреме, изгаснати се пожарите кај селото Добрејци во Општина Струмица, каде што гореле ниска вегетација и отпад, како и пожарот на депонија кај селото Железница во Општина Кратово.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryotrv38dbbpjg0gSI8pf

Му се скршил ножот додека ја убивал мајка си, па продолжил со ножици – Петар Станковски доби доживотен затвор

Основниот суд во Гевгелија донесе првостепена пресуда со која на 40-годишниот Петар Станковски од Богданци му е изречена доживотна казна затвор за убиството на неговата мајка.Според обвинението, злосторството било извршено на 11 јануари годинава во стан во Богданци, каде што двајцата живееле како потстанари. По расправија поврзана со лекувањето на обвинетиот, во еден момент тој зел нож од кујната со кој ѝ нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Диво приклучена пумпа вбризгувала вода од Вардар во водоводот во Гостивар: забранета употреба на водата за пиење

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде времена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба.Од АХВ информираат дека мерката е донесена по вонреден инспекциски надзор спроведен во пречистителната станица за вода во селото Вруток, по известување од Основното јавно обвинителство Гостивар, поплаки од граѓани и пријава од Министерството за внатрешни работи во врска со квалитетот и безбедноста на во

Македонија | пред 3 месеци

apelacija

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за „Хотел Изгрев“, дел од обвинението застаре

Апелациониот суд Скопје ја донесе правосилната одлука за предметот познат како „Хотел Изгрев“, со која ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје, а во делот што се однесува на двајца обвинети донесе одбивателна пресуда поради застареност на кривичното гонење.Од Апелациониот суд информираа дека, постапувајќи по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ја одбиле жалбата како неоснована во делот што се однесува на обвинетиот Д.С. од Скопје, со

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydi040nf4jh6774UW7qz

Поради дожд, балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ се сели во Центарот за култура

Организаторите на фестивалот „Охридско лето“ соопштија дека поради најавените врнежи од дожд е променета локацијата на балетската претстава „Кармен свита и Болеро“, која ќе се изведе на 22 јули.Наместо на сцената Долни Сарај, претставата во изведба на Операта и Балетот „Мадленијанум“ од Србија ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“.Од фестивалот информираат дека одлуката е донесена со цел на публиката и уметниците да им се обезбедат соодветни услови за непречено одвивање на настанот

Охрид | пред 3 месеци

media-librarybg1kr59bgrh9cvXb7u2

Мицкоски: До ЕУ доставивме документ со целосно исполнети реформски обврски

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули до Европската Унија бил доставен документ со целосно исполнети и означени реформски обврски, оценувајќи дека со тоа уште еднаш е потврдена посветеноста на државата кон европската агенда.Според Мицкоски, Владата реформскиот процес го спроведува одговорно, транспарентно и со јасна определба за исполнување на преземените обврски.Тој изрази уверување дека Македонија ќе биде меѓу најуспешните во динамиката на реализација на реформите, и покрај, как

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryabiaf46dink788FcQvz

Откако ЗАМП побарало пари од издавачите на апартмани, Многуфина: Наместо да ги решиме проблемите во Охрид, наплаќаме музика во апартманите

По информациите дека Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) бара надомест од издавачите на сместувачки капацитети во Охрид, со остра и саркастична реакција се огласи Ина Многуфина.Таа ја исмеа логиката, како што наведува, според која туристите најголемиот дел од времето го поминуваат во апартманите слушајќи музика.„Охрид. 2026. Главен туристички центар во земјата која е во топ пет по раст во Европа. Дознале ЗАМП дека во Охрид одат луѓе и јас тука си го замислувам состанокот каде

Македонија | пред 3 месеци

svinja

Африканската свинска чума се шири во Србија, еутаназирани над 27.000 свињи

Србија од почетокот на 2026 година еутаназирала повеќе од 27.000 свињи поради ширењето на африканската свинска чума, потврди српскиот министер за земјоделство Драган Гламочиќ.Поради појавата на болеста, во Рума, Обреновац и Сремска Митровица е прогласена вонредна состојба, а властите најавуваат дека истата мерка наскоро би можела да биде воведена и во други општини.Гламочиќ изјави дека најголем број жаришта се регистрирани на подрачјата на Сремскиот и Мачванскиот округ, како и на територијата на

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryt7cju0v4m84h6b93Zkg

„ВМРО-ДПМНЕ го враќа достоинството и квалитетот во образованието, учебниците, наставниците и учениците повторно се приоритет“, вели Ангелова

На денешната прес-конференција, пратеничката Емилија Ангелова соопшти дека образованието повторно е меѓу приоритетите на Владата, посочувајќи дека во изминатиот период се реализирани повеќе мерки за подобрување на условите за учениците и наставниците.Ангелова изјави дека втора година по ред учебниците за сите одделенија биле обезбедени уште на почетокот на учебната година. Според неа, набавени се повеќе од еден милион примероци по пониски цени, со што, како што рече, во последните две години се

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya9v1117hm0h16AMTqSh

„73% од граѓаните имаат плата под просекот, Мицкоски го урниса животниот стандард“, вели Цветановски

На денешната прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски обвини дека животниот стандард на граѓаните е значително влошен во изминатите две години, посочувајќи дека најголем дел од вработените не можат да ги покријат основните животни трошоци.Цветановски изјави дека според податоците на Управата за јавни приходи за 2025 година, 73 отсто од граѓаните примаат плата пониска од просечната месечна плата во државата.Таа наведе дека околу половина од вработените остваруваа

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryv9eirqa38ptq2uQ4eZ7

(Видео) Кузеска: „По Груевски, ослободен и Латас – уште една потврда за контролираното судство“

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска оцени дека одлуката Обвинителството да се откаже од обвинението против новинарот Драган Павловиќ Латас претставува уште еден доказ за, како што тврди партијата, политичка контрола врз правосудниот систем.Кузеска изјави дека по ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“ и одлуката за Белата палата, сега и случајот со Латас, според неа, покажува селективно

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryj53pu1bl8roa14imRpv

(Видео) Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација

На денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски обвини дека опозициските партии ги одбиле нивните предлози за измените на Изборниот законик, иако, според партијата, имале можност во целост да ги вклучат своите барања во законските решенија.Манасиевски изјави дека на опозицијата ѝ бил понуден „бланко лист“ за внесување на нејзините предлози, но дека таа ја одбила понудата, избирајќи, како што рече, да се претставува како жртва.Манасиевски тврди дека СДСМ, Левица и

Македонија | пред 3 месеци

sirija

(Видео) Иран со нови напади врз американски цели на Блискиот Исток, првпат гаѓаше и во Сирија

Конфликтот меѓу САД и Иран продолжува да ескалира, откако Техеран соопшти дека извршил нови напади врз американски воени цели на Блискиот Исток, меѓу кои, како што тврди, за првпат била нападната и американска база во Сирија.Ова следува по шестата последователна ноќ американски воздушни напади врз ирански воени објекти. Американската Централна команда соопшти дека нападите биле насочени кон дополнително слабеење на воените капацитети на Иран, при што биле погодени цели на островот Кешм, во близи

Свет | пред 3 месеци

media-librarytvplhnbegdoraNAcd8E

ЈП „Охридски Комуналец“ продолжува со машинско одржување на јавната хигиена

ЈП „Охридски Комуналец“ продолжува со редовните активности за одржување на јавната хигиена, при што екипите се максимално ангажирани во машинско метење на прометните јавни површини во поширокото градско подрачје.Со употреба на специјализирани машински метачки се чистат улици, тротоари, пешачки патеки и други јавни површини, со цел да се обезбеди чиста и уредна градска средина за жителите и посетителите.Од претпријатието информираат дека активностите се реализираат согласно Програмата за работа з

ОО | пред 3 месеци

media-libraryutbocfuca2kjdCyWWgF

Од Горно Лисиче кон Крушево: Околу 40 коњаници ќе учествуваат на традиционалниот Илинденски марш

Во пресрет на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, на 27 јули ќе започне 48. традиционален Илинденски коњички марш, во организација на Здружението „Илинденски марш 1978“.Свеченото испраќање на коњаниците ќе се одржи во 18 часот од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче. Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, ќе тргнат на пат кон Крушево, продолжувајќи ја традицијата што се негува речиси пет децении во чест на илинденците.На 31 јули, учесниците од Горно Лисиче ќе

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања