Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarym58bhnl2m9bj1lCcIOw

Исмаил по труењето на над 1.000 гостиварци: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, реагираше по случајот во Гостивар, каде што повеќе од 1.000 граѓани побараа лекарска помош поради сомнеж за неисправна вода за пиење, оценувајќи дека настанот е показател за, како што вели, долгогодишното назадување на државата.Во објава на социјалните мрежи, Исмаил направи споредба меѓу состојбата во поранешна Југославија и денешната состојба во Македонија, тврдејќи дека во минатото не се случувале случаи на масовно труење со вода од градските водоводи.Тој по

Македонија | пред 3 месеци

media-library6hr5datj1l8s6Vdq968

Мерц и Макрон со заедничка одбрана и критики кон Кина

Германија и Франција ќе ја продлабочат соработката во областа на одбраната и ќе работат на заеднички одговор на, како што оценија нивните лидери, силниот економски притисок од Кина врз европската економија.Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон ги соопштија договорените цели по заедничката седница на владите на двете земји, при што најавија соработка во развојот на противракетна одбрана и ракетни системи со долг дострел.„Ќе направиме сè што е потребно за да ја

Свет | пред 3 месеци

media-library7kc9df9ac83j6vYhOJd

(Видео) Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди Мексико

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на мексиканската сојузна држава Чијапас, по што беше издадено предупредување за можни цунами-бранови.Според Американскиот геолошки институт (USGS), епицентарот бил во близина на пристанишниот град Пуерто Мадеро, на околу 13 километри од границата со Гватемала. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Првичната проценка беше дека магнитудата изнесува 7,4 степени, но подоцна беше коригирана на 7,3.Пацифич

Свет | пред 3 месеци

sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ: Нема крај на лагите на ВМРО-ОКГ, жртва е Македонија и нејзината европска иднина

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ изнесува невистини во врска со измените на Изборниот законик и оцени дека со своите постапки намерно ги блокира реформите и европската интеграција на државата.Од партијата велат дека тврдењата за таканаречениот „празен лист“ не се точни, бидејќи, според нив, документот веќе содржел заокружени броеви и имиња и претставувал обид да се наметне модел што ќе овозможи контрола врз гласањето на дијаспората.СДСМ наведува дека ги прифаќа препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но не и, к

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynedo6bj77csd8XzEiFN

До 18 часот регистрирани 12 пожари на отворен простор, активен е само еден

Во текот на денешниот ден, заклучно со 18:00 часот, во државата се регистрирани 12 пожари на отворен простор, од кои активен е само еден, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активен е пожарот во Општина Кочани, кај селото Рајчани, во близина на црквата „Света Троица“, каде што гори ниска вегетација.Во меѓувреме, изгаснати се 11 пожари. Интервенции имало во Струмица кај селото Добрејци, Кратово кај селото Железница, Ново Село кај селото Бајково, Струга кај селото Делогожда, Велес кај гр

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl1eaujscnrp0f3HuvQY

Савески: Ристоска ќе го водеше „Талир 2“ ако не поднесеше оставка

Јавното обвинителство ќе одлучи дали ќе поднесе жалба на ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и детално ќе ја анализира писмената верзија на судската одлука, изјави државниот јавен обвинител Ненад Савески.Одговарајќи на новинарско прашање зошто Обвинителството веднаш не најавило жалба, како што вообичаено се случува по ослободителни пресуди, Савески рече дека не присуствувал на усното образложение во судницата.„Не можам да ви одговорам сега бидејќи ќе се чека писмена

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi4de13b5e0l78oVMZli

Меркел не сакала Трамп да победи на изборите во 2020 година

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел не била заинтересирана Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во 2020 година, се наведува во декласифициран извештај на Националниот разузнавачки совет на САД, објавен на веб-страницата на Белата куќа.Според документот, Меркел претпочитала победа на друг кандидат, пред сè поради личните несогласувања со Трамп, но и поради уверувањето дека политиките на неговата администрација ја отежнувале позицијата на Германија, Европската Унија

Свет | пред 3 месеци

media-library300eoja88tcu3YQkVBL

Вечерва почнува 23. „Пиво фест“ во Прилеп

Прилеп од вечерва ќе биде домаќин на 23. издание на „Пиво фест“, кој ќе трае до недела и ќе понуди богата музичка програма, различни видови пиво и гастрономска понуда за посетителите од целата земја.Во пресрет на отворањето, организаторите порачаа дека од вечерва до недела сите патишта ќе водат кон Прилеп. На „Пиво фест“ ќе настапат бројни домашни и регионални музички изведувачи, а ќе бидат организирани и алтернативна сцена, детска зона и фан-зона за фотографирање.На површина од околу 3.000 квад

Македонија | пред 3 месеци

lence-ristoska

Ристоска го демантира Савески: Лично му кажав дека ако ми ги одземе предметите, ќе поднесам оставка

Поранешната јавна обвинителка Ленче Ристоска ги отфрли тврдењата на државниот јавен обвинител Ненад Савески дека предметот „Талир 2“ ќе останел во нејзина надлежност доколку не поднела оставка.Во објава на Фејсбук, Ристоска наведува дека тоа не е точно и објаснува дека како обвинител за врски можела да постапува по предмети што се во надлежност на Канцеларијата за врски, а по исклучок и по предмети на кои претходно работела, но само врз основа на посебно овластување од државниот јавен обвинител.

Македонија | пред 3 месеци

media-library1kke0r3blpj37ErPtif

Во Црна Гора покрената петиција за забрана на настапите на Десингерица: со машинка шишаше луѓе од публиката

Српскиот рапер Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица, повторно се најде во центарот на вниманието, откако во Црна Гора беше покрената петиција со која се бара забрана за неговите настапи.Повод за реакцијата беше неговиот настап во Будва, за време на кој со машинка шишаше неколку момчиња од публиката.Десингерица и претходно предизвикуваше контроверзии со своите настапи, на кои удираше посетители со патики, плукаше кон нив, им ставаше кашкавал на главата или ги шишаше.Раперот ги отфрли критик

Свет | пред 3 месеци

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Уапсен маж во Унгарија: Ја бркал со автомобил, ја оттурнал од патот и пукал со гумени куршуми

Педесетгодишен маж е уапсен во Унгарија откако со автомобил бркал 22-годишна жена што ја познавал, намерно удрил во нејзиното возило, а потоа пукал кон неа со пиштол што испукува гумени куршуми.Инцидентот се случил во вторникот на патот меѓу местата Валко и Дањ. Според унгарската полиција, осомничениот најпрво го следел автомобилот во кој се наоѓала 22-годишната жена, а за време на потерата наводно испукал неколку истрели кон возилото. Потоа намерно удрил во него, по што двата автомобили излетал

Свет | пред 3 месеци

media-library83aelsht8pne2SLqUWa

ЈП „Охридски Комуналец“ мапираше девет диви депонии на повеќе локации во Охрид

ЈП „Охридски Комуналец“ мапираше девет диви депонии на локации каде нивните екипи континуирано интервенираат поради несовесно одлагање отпад, при што од терен беа подигнати вкупно 48 кубни метри отпад.Дивите депонии се евидентирани кај станбениот комплекс во Даљан, на улицата „Шар Планина“, во населбите Лескајца и Воска, на улицата „Дејан Војвода“, како и во селото Трпејца.Од претпријатието посочуваат дека и покрај постојаните активности за подигнување на јавната свест и обезбедувањето услови за

ОО | пред 3 месеци

media-libraryhku538mnglcm0ZF8yHx

Американските рафинерии никогаш не заработувале повеќе

Американските рафинерии бележат рекордна заработка благодарение на силната побарувачка за гориво од странство, која ги намалува домашните залихи и ги зголемува цените на бензинот и дизелот.Според анализата на „Ројтерс“, американските рафинерии се меѓу најголемите добитници од конфликтот меѓу САД и Иран, бидејќи странските купувачи во сè поголем обем набавуваат американски нафтени деривати. Извозот на горива достигнал највисоко ниво откако се води евиденција.Последица на тоа е намалувањето на дом

Свет | пред 3 месеци

media-librarycnb87u807v0a9rhlW36

(Фото) Радишани и Кучевишка Бара добиваат нови спортско-рекреативни центри

Во Општина Бутел со добра динамика продолжува изградбата на два нови спортско-рекреативни центри, кои ќе бидат лоцирани во Радишани – Горна зона и во населбата Кучевишка Бара.Од Општина Бутел информираат дека станува збор за проекти со кои ќе се создадат нови простори за спорт, рекреација и активен живот на граѓаните.Со реализацијата на овие инвестиции, жителите на двете населби ќе добијат современи спортско-рекреативни содржини што ќе бидат достапни за сите генерации.Од локалната самоуправа пос

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryhngl0u3bm278dGPilBn

(Видео) Уапсен велешанец што возел мотоцикл на игралиште, полицијата му го одзеде мотоциклот

Дваесет и тригодишен жител на Велес е лишен од слобода откако управувал мотоцикл без регистарски ознаки на игралиште во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.Полициски службеници од СВР Велес го привеле С.Ќ. на 17 јули, околу 00:40 часот, на улицата „Хаџи Косте“, постапувајќи по претходна пријава и по видео објавено на социјалните мрежи, на кое се гледа како управува мотоцикл на игралиште.При извршените проверки било утврдено дека мотоциклот бил без регистарски ознаки, а 23-годишник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

(Видео) Украина тврди дека уништила повеќе од 50 руски воени возила во напад со дронови

Украински дронови погодиле повеќе од 50 руски воени возила во близина на селото Малинивка во Доњецката област, тврдат украински извори, оценувајќи го нападот како еден од најголемите удари врз руската логистика во последните месеци.Според украинската група „Иван Франко“, која дејствува во состав на Службата за безбедност на Украина (СБУ), колона составена од камиони, комбиња, теренски возила, автомобили и мотоцикли била откриена и нападната со FPV дронови во близина на Малинивка, важна руска поз

Свет | пред 3 месеци

media-libraryhe4k27fokhhv0Z1nWvl

(Видео) Нов вид мајмун откриен во Конго по повеќе од една деценија истражувања

Речиси две децении откако првпат беше забележан во крошните на прашумите во Демократска Република Конго, меѓународен тим научници потврди дека станува збор за досега непознат вид мајмун. Новиот вид официјално го доби научното име Colobus congoensis.Локалното население од етничката група Баланга, кое живее во близина на Националниот парк Ломами, одамна го познава овој мајмун под името Ликвели. Првите снимки од животното биле направени во 2008 година, но фотографиите биле недоволно јасни за да се

Свет | пред 3 месеци

media-library2fv7a2vdub165dzy434

(Видео) Невреме пустоши делови од Германија: Загина едно лице, прогласена оперативна вонредна состојба

Едно лице загина, а неколкумина се повредени во силното невреме што зафати големи делови од германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, поради што властите прогласија оперативна вонредна состојба.Според полицијата, во градот Карлсруе, едно лице го загубило животот откако дрво, соборено од силната бура проследена со грмежи, паднало врз него. Полесни повреди од паднати гранки добиле и неколку возачи, како и едно дете.Поради големиот број инциденти, градските власти прогласиле оперативна вонредн

Свет | пред 3 месеци

media-library8ql18q9k4goh97lXyhW

Општина Охрид реализира нови инфраструктурни проекти во Бејбунар и на улицата „Шар Планина“

Општина Охрид продолжува со реализацијата на проекти за подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот на граѓаните, информираше градоначалникот Кирил Пецаков.Во тек се градежни активности за доизградба на атмосферски канал на улицата „АСНОМ“ во станбениот комплекс „Бејбунар“. Проектот предвидува поставување на ПЕФ 630 цевковод во должина од 400 метри, а неговата вредност изнесува 4.353.247 денари. Работите ги изведува ЈП „Нискоградба“ по налог на Општина Охрид, со средства обезбе

ОО | пред 3 месеци

media-libraryagnb1p2qks9i2dahmpI

Трамп ја обвини Русија за мешање во изборите, Кремљ експресно возврати

Кремљ ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија претставува закана за изборниот процес во САД, оценувајќи дека тие се темелат на непроверени информации од американските разузнавачки служби.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Трамп се повикува на „неидентификувани и непотврдени информации“ и потсети дека, според него, американските истраги не утврдиле дека Москва влијаела врз изборите во САД.„Сите истраги што ги спроведоа американските власти заклу

Свет | пред 3 месеци

media-library7r9ie45r4ujq4hLYhEJ

ЈП „Охридски Комуналец“ продолжува со одржување на градското зеленило

Екипите на секторот „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ и во текот на изминатата седмица реализираа повеќе активности за одржување и уредување на јавните зелени површини на повеќе локации во градот.Покрај редовното косење и наводнување на зелениот појас во Градскиот парк и долж „Булевар Туристичка“, беше отстранета ниска вегетација на улиците „Гоце Делчев“, „Никола Карев“, „Ариф Мустафа“ и „Аџи Мустафа“.Активности за расчистување на неуредна вегетација беа спроведени и во Стариот гр

ОО | пред 3 месеци

dron1

Украина тврди: Русија им наредила на дроновите да гаѓаат цивилни цели

Украинската воена разузнавачка служба (ХУР) соопшти дека руските сили добиле наредба да ги засилат нападите со дронови врз цивилна инфраструктура и возила во близина на линијата на фронтот.Според ХУР, руските единици добиле конкретни инструкции да гаѓаат бензински пумпи, камиони, автобуси и патнички автомобили. Во Киев сметаат дека ваквата кампања претставува одговор на сè почестите украински напади врз руските логистички линии што ги снабдуваат окупираните територии.Украинската служба наведува

Свет | пред 3 месеци

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

Погодена електрана во Кувајт во ирански напад, дел од капацитетите се надвор од функција

Електрана и постројка за десалинизација на вода во Кувајт биле погодени во ирански напад, при што биле оштетени делови од објектите, избувнал пожар, а голем број производствени единици биле ставени надвор од функција.Кувајтските власти соопштија дека пожарникарите брзо го локализирале пожарот, додека техничките екипи започнале со процена на штетите, обезбедување на електраната и активности за што побрзо повторно пуштање во работа на погодените производствени капацитети.Министерството за електрич

Свет | пред 3 месеци

ambulanta

Судир на две локомотиви кај Железничката станица во Велес, повреден машиновозач

Дваесет и седумгодишен машиновозач од Велес се здобил со телесна повреда при судир на две локомотиви што се случил во близина на Железничката станица во Велес.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 4 часот, откако од Ургентниот центар при ЈЗУ „Општа болница“ – Велес било известено дека кај нив бил донесен повредениот Т.Р. (27).Според пријавеното, околу 3 часот, при преместување на влечни локомотиви од еден на друг колосек, една локомотива удрила во

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymsnrshskv3ga8d8PGWr

На социјална мрежа ѝ ветил кредит, уплаќала за „одобрување“ кредит, на крај останала и без пари и без кредит

Четириесет и четиригодишна жителка на селото Долни Дисан, неготинско, пријавила во полиција дека била измамена за 49.087 денари при обид да подигне кредит.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жената остварила контакт со непознато лице преку социјална мрежа со цел да добие кредит. По насоки од лицето, во неколку наврати уплатила пари за наводни трошоци за одобрување на кредитот.Откако не ги добила ниту кредитот, ниту уплатените средства, случајот го пријавила во Одделението

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања