Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryuiqlk5u15cn1dxNRvWB

13-годишниот Коста од Богданци освои злато на светскиот натпревар „Математика без граници“

Тринаесетгодишниот Коста Попристовски од Богданци постигна извонреден меѓународен успех, освојувајќи златен медал, прво место и победнички пехар на престижниот натпревар „Математика без граници“, кој се одржа во Несебар, Бугарија.Младиот математички талент триумфираше во категоријата „Ludoviko Ferari“, оставајќи зад себе силна конкуренција од ученици од дури 42 држави и искачувајќи се на највисокото место на победничкиот пиедестал.Коста е ученик во ООУ „Петар Мусев“ во Богданци и веќе е препозна

Македонија | пред 4 месеци

uploads_thumbs_resize_800x420_531367

Епидемија на мали сипаници во Бугарија: Заразени 446 лица, најмногу деца

Бугарија се соочува со епидемија на мали сипаници, при што досега се регистрирани 446 заболени, од кои дури 368 се деца, покажуваат најновите податоци на бугарското Министерство за здравство, пренесува порталот Novinite.Според официјалните информации, случаите се евидентирани во 11 области, а најголем број заразени има во Враца, каде што се регистрирани повеќе од 220 случаи. Значителен број заболени има и во областите Плевен и Ловеч.Заразени лица се пријавени и во Монтана, Софија и Софиската обл

Балкан | пред 4 месеци

media-librarytqi3d5nt578deLl7Z8X

(Видео) Украина тврди дека погодила уште 12 руски танкери во Азовското Море

Украинската армија соопшти дека во текот на ноќта со беспилотни летала погодила уште 12 руски танкери во Азовското Море, во рамки на кампањата насочена кон нарушување на снабдувањето со гориво на руските сили и дополнително изолирање на анектираниот Крим.Генералштабот на Украина преку Телеграм информираше дека нападнатите танкери биле користени за снабдување на руската армија со гориво, како и за транспорт на нафта и нафтени деривати со заобиколување на меѓународните санкции. Во нападите, според

Свет | пред 4 месеци

putin-tramp

Кремљ: Трамп не се јави, но Путин е подготвен за разговор

Рускиот претседател Владимир Путин и понатаму е подготвен за разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, иако меѓу двајцата не се одржал телефонски разговор по Самитот на НАТО во Анкара, соопшти Кремљ.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Трамп бил ангажиран со бројните средби за време на посетата на турската престолнина, поради што не дошло до контакт меѓу двајцата лидери.„Господинот Трамп очигледно беше многу зафатен по сите контакти во Анкара, па вчера немаше повик. Но пре

Свет | пред 4 месеци

afrim-gashi

Гаши бара целосно разјаснување за задржувањето на македонските пратеници на „Ќафасан“

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на социјалните мрежи изрази загриженост поради информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Македонија на граничниот премин „Ќафасан“.Тој истакна дека пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен мандат, поради што секое постапување кон нив треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и достоинство.„Пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен ман

Македонија | пред 4 месеци

media-library43kaajh9mubi4GrjxpZ

Некрофилија е мотив за убиствата на серискиот убиец од Старо Нагоричане, тврди обвинителот Лапе - обвинетиот не призна вина

Во Основниот суд во Куманово денеска започна судскиот процес против 25-годишниот Трајко Бојковски, кој се товари за четири убиства и два обида за убиство на повозрасни жени во Кумановскиот регион. За дел од жртвите, насилната смрт била потврдена дури по ексхумација на нивните тела, бидејќи првично биле погребани како лица кои починале од природна смрт.Почетокот на рочиштето бил одбележан со необичното однесување на обвинетиот. Тој не одговорил на прашањата на судијата за својот идентитет, не вос

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryt5q8j6nksm8qaorEm2w

Инсценирале сообраќајка за да наплатат осигурување, две лица приведени во Тетово

Две лица се лишени од слобода во Тетово под сомнение дека инсценирале сообраќајна незгода со цел да извршат осигурителна измама, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 8 јули во 21:55 часот, С.А. (44) од тетовското село Џепчиште пријавил дека на крстосницата меѓу улиците „135“ и „Саво Тасевски“ се случила сообраќајна несреќа, при што четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.А. (45) од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел.По извршените проверки, пол

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhq309e9qu65t1jOZfqZ

Поплавите во Европа предизвикуваат сè поголеми штети – за пет години загуби од речиси 89 милијарди евра

Поплавите во Европа денес предизвикуваат значително поголеми економски штети отколку пред една деценија, покажува анализата „Европа под вода“ на осигурителната компанија Allianz Trade.Според анализата, во периодот од 2020 до 2025 година вкупната штета од поплави достигнала 88,6 милијарди евра, што е за речиси 20 проценти повеќе во споредба со претходната деценија. Во однос на првата деценија од овој век, штетите се зголемени за околу 40 проценти.Истражувањето покажува дека повисоките загуби не с

Свет | пред 4 месеци

media-libraryfa3dbt298mj8dDUs5cH

„СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да скријат тоа што економијата се движи напред, се инвестира и се гради“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДС манипулира со економските податоци и преку, како што велат, селективно толкување на информациите се обидува да создаде песимизам кај граѓаните.Од владејачката партија посочуваат дека проекциите на Меѓународниот монетарен фонд се прогнози, а не конечни резултати, додавајќи дека истата институција очекува Македонија да продолжи со стабилен економски раст и да остане меѓу земјите со позитивни економски перспективи и макроекономска стабилност.Во соопштение

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Возел 168 км/ч на место каде што е дозволено 80 – приведен возач од Глумово

Триесет и двегодишен возач од скопското село Глумово бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како вози со 168 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 8 јули, околу 18:15 часот, на патот Гостивар–Тетово, кај клучката за селото Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го запреле патничкото возило „Фолксваген Поло“ со скопски р

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryj4njpt5a5g8e0DPXPbq

(Видео) Поповиќ: „ММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економија – македонската економија расте побавно дури и од Косово“

На денешната прес-конференција членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, изјави дека најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) покажуваат дека македонската економија во следните пет години ќе расте побавно од повеќето земји во регионот, оценувајќи дека тоа ги демантира, како што рече, тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски за економските резултати на државата.Поповиќ посочи дека ММФ прогнозира просечен економски раст од три проценти за Македонија во наредниот петгоди

Македонија | пред 4 месеци

media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

(Видео) Обвинетиот за серијата убиства на жени од Старо Нагоричане гледаше во таван и се клацкаше: почнува судењето

Во Основниот суд во Куманово започна судската постапка против 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за серија тешки кривични дела, меѓу кои пет убиства и два обида за убиство.Обвинетиот во судницата беше спроведен од полициски службеници со лисици на рацете. Додека медиумите го снимаа неговото пристигнување, Бојковски се клацкаше на столицата и гледаше кон плафонот, без да реагира на присуството на јавноста.Основното јавно обвинителство Куманово претходно поднесе обвинителен

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryu3p05t06rhep3DSDmk1

Белите патики на Рама предизвикаа критики на Самитот на НАТО

Освен безбедносните теми и војната во Украина, на Самитот на НАТО во Анкара внимание привлече и изгледот на дел од државните лидери, откако експерти за протокол ги анализираа нивните модни избори.Најмногу реакции предизвика албанскиот премиер Еди Рама, кој на средбата на лидерите се појави во темносин костум, но наместо класични чевли носеше впечатливи бели патики.Експертите за протокол оценија дека ваквиот избор на обувки не е соодветен за настан од највисок државен ранг. Иако дел од јавноста н

Свет | пред 4 месеци

sonce-so-termometar

Западна Европа го доживеа најтоплиот јуни во историјата, над 4.700 луѓе починаа

Западна Европа го забележа најтоплиот јуни откако се водат мерења, соопшти европската служба за климатски промени „Коперникус“, предупредувајќи дека екстремните горештини ќе стануваат сè почести и поинтензивни.Според најновите податоци, просечната температура во Западна Европа во јуни изнесувала 20,74 степени Целзиусови, што е повеќе од три степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година.Изминатите три месеци регионот беше погоден од три силни топлотни бранови, а Шпанија и Португалија и

Свет | пред 4 месеци

media-libraryneiubpnuqpvv3C7olET

Американски напад ја прекина железничката врска меѓу Техеран и Машхад пред погребот на Хамнеи

Железничкиот сообраќај меѓу Техеран и Машхад е прекинат откако железничката инфраструктура беше оштетена во американски напад, соопштија иранските власти.Според иранските државни медиуми, железничката пруга била директна цел на нападот, додека Министерството за надворешни работи наведе дека биле уништени два моста на трасата.„Се преземаат интензивни активности за што побрзо обновување на железничката линија“, изјави за агенцијата „Тасним“ портпаролот на Железниците на Исламската Република Иран.Ж

Свет | пред 4 месеци

media-libraryrdqbdm7m0rm36Az0Lsj

Албански државјан уапсен на „Деве Баир“, во камион пронајдени 24 пакувања марихуана

Албански државјан е лишен од слобода на Граничниот премин „Деве Баир“, откако при претрес на товарно возило биле пронајдени 24 пакувања со марихуана.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 8 јули околу 20 часот, при гранична контрола на излез од државата, полициски службеници извршиле претрес на товарно возило „волво“ со албански регистарски ознаки, управувано од Ч.А. (40) од Република Албанија.При контролата, во кабината на влекачот биле пронајдени и одземени 24 пакувања со мари

Македонија | пред 4 месеци

media-library73cu7p3coie6agFnBm2

„Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот“, вели Николоски

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при денешната посета на Гевгелија најави дека Владата ќе продолжи со инфраструктурните инвестиции во општината, меѓу кои и изградба на нов влез во градот.Заедно со градоначалникот изврши увид во реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, проект вреден 81 милион денари, финансиран со поддршка од Владата.„Овој проект целосно ќе го промени изгледот на овој дел од градот. Покрај обновата на инфраструктурата, ќе се постав

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryaoqisr5vk6rj0ZAMMcp

(Видео) Манасиевски: „СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи“

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ намерно го опструираат донесувањето на Изборниот законик поради, како што рече, страв од изборен пораз и слаб рејтинг.Според Манасиевски, иако со месеци се работело на постигнување консензус меѓу политичките партии, опозициските партии избрале да го блокираат процесот и да создадат конфузија во јавноста околу реформскиот закон.Тој оцени дека Левица го блокирала договорот за Изборниот за

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, предупреди дека со очекуваниот животен век од 76,63 години, според „Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија 2025“, се поставува прашањето дали целта е граѓаните да работат речиси до крајот на животот.Тој смета дека е неопходно да се воведат повеќе можности за пензионирање, меѓу кои пензија по 40 години работен стаж за мажите и 35 години за жените, предвремено пензионирање, бенефициран стаж за градеж

Македонија | пред 4 месеци

social_wedding

Крај на „лајк и освој“ без правила: Giveaway игрите од 14 јули под строга контрола

Од 14 јули започнува примената на новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, со кој за првпат се воведуваат јасни правила за организирање на giveaway игри. Организаторите ќе мора да обезбедат дозвола, да платат надоместок и јавно да ги објавуваат правилата и добитниците.Според новите законски одредби, барањето за дозвола до Министерството за финансии ќе треба да се поднесе најдоцна 30 дена пред почетокот на играта, заедно со потребната документација што зависи од тоа дали организаторот е т

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryo3u9oto0qlo094TPaKh

Иран демантира: Не беа погодени нуклеарната централа во Бушер и островот Харг

Иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека во синоќешните американски напади биле погодени неколку локации во пристанишниот град Бушер, но ги демантираше информациите дека цел на нападите биле нуклеарната централа во градот и островот Харг.Според ИРГЦ, извештаите за напад врз нуклеарната електрана и врз островот Харг не се точни. Харг, кој се наоѓа во Персискиот Залив, е еден од најважните ирански терминали за извоз на нафта.Од Револуционерната гарда информираа дека во нападите врз Бушер

Свет | пред 4 месеци

media-library43c9td7vg4plbU7vRKa

Европскиот парламент: Дигиталното евро нема да ја замени готовината

Европскиот парламент даде поддршка на регулаторната рамка за воведување на дигиталното евро, нагласувајќи дека новата форма на плаќање нема да ја замени готовината, туку ќе им понуди на граѓаните дополнителна можност за извршување трансакции.Со овој проект Европската Унија има цел да воспостави сопствен систем за електронски плаќања, да ја намали зависноста од странски платежни платформи, да ја зајакне економската отпорност и да го поттикне технолошкиот развој и иновациите во рамките на Унијата.

Свет | пред 4 месеци

media-librarya2onnctglh8j1vqSLbS

Токсичната „риба зајак“ се шири низ Грција: Објавена мапа со најризичните подрачја

Токсичната „риба зајак“ (Lagocephalus sceleratus), која за првпат беше регистрирана во грчките води во 2005 година, продолжува брзо да се шири и денес е присутна долж голем дел од крајбрежјето и островите во Грција, пренесува грчкиот медиум Radiome.Според информациите, за полесно информирање на јавноста и спречување несакани инциденти, грчката мрежа за рано предупредување за инвазивни видови ELNAIS објави интерактивна дигитална мапа преку Google My Maps, на која се прикажани сите досега регистри

Балкан | пред 4 месеци

media-library75384cj14lbs2AFh8SW

(Видео) Изгребаните дрвја на Шар Планина се „потпис“ на мечките - националниот парк сподели снимка

Во шумите на Националниот парк Шар Планина може да се забележат дрвја со изгребана кора, влакна или траги од кал, а од паркот објаснуваат дека овие знаци се дел од природното однесување на кафеавата мечка.Мечките ги користат дрвјата како средство за комуникација и за обележување на своето присуство во природата. Со триење од стеблата тие оставаат мирисни сигнали за другите мечки, ја обележуваат својата територија, ја покажуваат својата големина и доминација, а понекогаш едноставно се чешаат или

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqvm0m2r033va9pPovJI

Руте за нападите на Трамп врз НАТО: „Тоа е како семејство, понекогаш има несогласувања, но тоа не значи дека семејството ќе се распадне“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата е „посилна од кога било“, оценувајќи дека и покрај острите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, сојузот останува цврст и обединет.Во интервју за Би-Би-Си за време на Самитот на НАТО во Анкара, Руте нагласи дека е „сто отсто убеден“ оти Трамп останува посветен на НАТО.Осврнувајќи се на критиките на Трамп кон дел од сојузниците и неговите претходни изјави за можноста САД да се повлечат од Алијансата, Руте рече дека односи

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања