Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 мес.
media-library1onc2mgg2ldi1XN3EgN

32-годишен маж упатувал закани и агресивно се однесувал кон семејството

Полицијата во Струга привела 32-годишен маж по пријава за агресивно однесување и упатување закани кон членови на семејството во семејниот дом, информира МВР.На 20 август околу 13:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.И. од струшко село. Интервенцијата уследила по претходно добиена пријава за семејно насилство.Според пријавеното, 32-годишникот во семејниот дом упатувал закани и се однесувал агресивно кон членови на семејството.По целосното документирање на случајот,

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarytoga1jh47p2qf8Cy2in

Со ловечка пушка пукал кон кучиња во село Долгаш, едно животно усмртено

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 68-годишен жител на селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“, информира МВР.Според пријавеното, на 29 мај годинава, околу 18:30 часот, Ф.И. со ловечка пушка пукал кон група кучиња скитници во селото.При пукањето, тој усмртил едно од кучињата.По преземените мерки и утврдените околности, ОВР Дебар поднело кривична пријава против 68-годишниот маж за стореното кривично дело.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
suma-333

Германските власти открија скривалиште со оружје во шума во близина на Берлин

Германските безбедносни служби откриле скривалиште со оружје во шума во близина на Берлин, за кое се сомневаат дека било поврзано со руските разузнавачки служби, објавија јавните сервиси NDR и WDR.Според проценките на германската Служба за заштита на уставниот поредок (BfV), оружјето можело да биде наменето за руски шпиони кои би добиле наредба од Москва за извршување напади во Германија.Скривалиштето било професионално уредено и откриено откако германските власти добиле дојава. Во него биле про

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

„Филипче со потсмев ја поздрави „одлуката’’ на Абази, да му се затвори предметот во кој живи изгореа 14 лица “, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во која тој ја коментираше одлуката за затворање на предметот поврзан со набавката на модуларната болница во Тетово.Од партијата обвинуваат дека предметот пет години бил оставен без соодветно постапување, иако во пожарот во модуларната болница загинаа 14 лица. Во реакцијата се тврди и дека Филипче, кого го посочуваат како директно одговорен, не бил повикан ниту на разговор во рамките на пр

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarysm05kvnnjssl6LPiIWH

(Видео) По долгогодишно чекање, асфалтиран патот до црквата „Свети Наум“ во Орман

По повеќегодишното очекување, жителите на селото Орман и посетителите на црквата „Свети Наум“ добиваат подобар и побезбеден пристап до верскиот објект. Деновиве заврши асфалтирањето на патот кој води кон црквата, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Проектот е реализиран со средства од Буџетот на Општина Охрид, преку Програмата за уредување на градежно земјиште.Пецаков посочува дека со уредувањето на патот се создаваат подобри услови за жителите на Орман, но и за сите верници и посе

Настани | пред 1 месец

1 мес.
media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Додека Јавното обвинителство и судовите не станат независни институции, секој криминалец кој ќе дојде на власт ќе биде заштитен“, вели Најчевска.

Независимото и кредибилно правосудство е предуслов за ефикасна борба против криминалот, оценува Мирјана Најчевска, која предупредува дека без институции ослободени од политички влијанија, секоја власт може да ги штити сопствените интереси наместо интересите на граѓаните.Според неа, проблемот не е само во политичките структури, туку и во коруптивните практики што се создаваат во општеството и овозможуваат таквиот систем да опстојува.Најчевска посочува дека особено загрижува кога блиски лица на по

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
dezinsekcija

„Средствата што се користат против комарци се безбедни и препорачани од СЗО, проблем е недостатокот на таблети со бактерии за третирање на септички јами“, вели Клековски

Здравствените власти уверуваат дека средствата што се користат за прскање против комарци не претставуваат опасност за населението и се во согласност со препораките на Светската здравствена организација. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска порача дека граѓаните немаат причина за страв од препаратите што се применуваат во третманите.Клековски објасни дека прскањето би имало најголем ефект доколку се спроведува во самрак, период кога комарците се најактивни. Сепак, поради реакциите и заг

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryqbmett2tunng6quPDe7

По повеќемесечно чекање повторно работи единствениот ПЕТ/КТ скенер

По повеќемесечниот застој, единствениот ПЕТ/КТ скенер во земјава повторно започна со работа, со што конечно се отвора можност за реализација на прегледите на пациентите кои долго време чекаат. Од денеска се вршат снимања, а според министерот за здравство Сашо Клековски, за првиот ден се закажани девет пациенти.Нефункционирањето на апаратот особено ги погоди онколошките пациенти, за кои ПЕТ/КТ снимањето е важно за да се утврди дали терапијата дава резултат и дали лекувањето треба да продолжи или

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarye083dvphmaiu2VQyC1r

„Мртва трка во незнаењето“: Професор Прешова отвора прашање за одговорноста на Уставното и редовното судство

Професорот по уставно право Денис Прешова смета дека актуелната дебата за начинот на извршување на одлуките на Уставниот суд од страна на редовното судство отвора сериозни правни и институционални прашања, но истовремено покажува дека Македонија значително заостанува зад регионалните и поразвиените правни системи.Прешова посочува дека слични тензии меѓу уставното и редовното судство во други земји се предмет на стручни дебати со години, додека кај нас прашањето повторно се отвора без доволно вни

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Шест пожари се активни низ земјава, гори и букова шума во Кичевско

На територијата на земјава до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни пожари има во шест општини. Во Прилепско гори ниска вегетација во атарот на село Чаниште, во правец кон Крушевица, Лопатица и Дуње, како и кон Црна Река.Во Студеничанско, пожарот на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер има зафатено мешана шума. Во Макед

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Не барам извинување за мене, Мицкоски нека им се извини на семејствата на загинатите со чија болка си игра пет години“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција побара премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на 14-те загинати во пожарот во модуларната болница во Тетово, откако Обвинителството донесе одлука да го затвори предметот за набавката на модуларните болници.Филипче оцени дека со одлуката на Обвинителството се потврдува оти во случајот нема злоупотреба на службената должност и нема финансиска штета за буџетот. Според него, со тоа се демантираат

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

(Видео) Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец - обвинителството ја кажа вистината

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција реагираше на одлуката на Обвинителството да го затвори предметот за набавката на модуларните болници, оценувајќи дека со тоа, како што рече, се потврдува дека немало злоупотреба на службената должност ниту штета по државниот буџет.Филипче изрази жалење за загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово и упати сочувство до нивните семејства.„Јасно кажа обвинителството, нема злоупотреба на службената должност, нема штета на

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarycmfero3caaa638E3h2Q

Клековски предупредува: Каналите, септичките јами и старите гуми се најголемите жаришта за комарци

Западнонилската треска продолжува да се шири во Македонија, при што надлежните институции ги прошируваат активностите за следење на вирусот и утврдување на местата со најголем ризик. Досега се потврдени 43 случаи, а четири лица починале како последица на невроинвазивната форма на болеста. Дополнително, вирусот е потврден и кај угинат гавран пронајден во Скопје.Министерот за здравство, Сашо Клековски, информираше дека нови случаи се регистрирани во општините Центар и Чаир. Истовремено продолжува

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
mkd-335175

Утре се одржува 39. Охридски пливачки маратон: 16 пливачи во битка со 25-километарската патека

Охрид утре ќе биде во знакот на пливањето и спортската традиција, со одржувањето на 39. издание на Охридскиот пливачки маратон. На патеката „Климе Савин“, долга 25 километри, 16 пливачи ќе се соочат со еден од најголемите предизвици во пливачкиот спорт.Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, истакна дека маратонот претставува многу повеќе од спортски натпревар и е дел од препознатливиот идентитет на градот.„Како градоначалник, но и како охриѓанец, горд сум што имаме свој придонес во оваа голема

Охрид | пред 1 месец

1 мес.
media-library8ho8jv1u2aqc8RyhgsV

(Видео) Пожарникарите спасија бебе чакал во Србија

Во најцрните и најтешки моменти, кога огнот остава пустош зад себе, секогаш се појавува искра надеж. Таа доаѓа во лицата на пожарникарите и спасувачите, облечени во тешки и саѓосани униформи, кои без двоумење се соочуваат со огнената стихија.Исцрпени до крајни граници на физичката и психичката издржливост, тие продолжуваат да се борат со пламените јазици. Но, нивната храброст добива посебно значење во моментот кога среде огненото беспаќе ќе забележат мало и беспомошно животно.Исплашени, исцрпени

Вирално | пред 1 месец

1 мес.
media-librarys9e9quejdcf09m7ImAJ

Силно невреме ја погоди Италија: одрони и поплави, илјадници домаќинства без струја

Силно невреме ја погоди централна и северна Италија по повеќенеделните екстремно високи температури, носејќи нагло заладување, обилни врнежи, одрони, поплави, прекини на електричната енергија и илјадници молњи. Најтешко се погодени Ломбардија и Тоскана, каде што на повеќе места беа прекинати патниот и железничкиот сообраќај, а некои населени места останаа отсечени.Во Тоскана, невремето предизвика околу 18.000 удари на молња, а околу 6.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Најголем бро

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryqpgf6j6e8oed0hFOBTj

Кршел стакло од врата во својот дом, па завршил со тешки повреди

Инцидент во дом во село Видуше завршил со тешка телесна повреда за 33-годишен маж, откако се повредил при кршење стакло од врата.Од СВР Тетово информираат дека на 20 август во 21:20 часот во ОВР Гостивар било пријавено од Здравствениот дом во Ростуше дека кај нив бил донесен С.Ѓ. (33) од село Видуше со тешки телесни повреди.Полициските службеници извршиле проверки и утврдиле дека мажот сам се повредил во својот дом додека кршел стакло од врата.На местото на настанот бил извршен увид од екипа на

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Германија стравува за зимата: Складиштата за гас се само 50 отсто полни

Германските енергетски компании предупредуваат дека би можеле да имаат сериозни проблеми со навременото полнење на складиштата за природен гас пред почетокот на зимата. Во моментов складиштата се исполнети со околу 50 отсто од капацитетот, а првичната цел од 80 отсто е намалена на 70 отсто.Претседателката на Сојузот на енергетски компании на Германија (BDEW), Керстин Андреае, оцени дека и намалената цел е „многу амбициозна“.„Осумдесет проценти исполнетост на складиштата е многу висока бројка ако

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

Мицкоски: Годинава Македонија најдобро се справува со пожарите во споредба со Европа и регионот

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција оцени дека Македонија годинава најуспешно се справува со пожарите, споредувајќи ја состојбата во земјава со големите огнени стихии што ја зафатија Европа и регионот.При посетата на Прилеп, Мицкоски посочи дека клучен фактор е навремената подготовка на опремата и дополнителниот ангажман на институциите и граѓаните.Тој нагласи дека трите воздухоплови „ер трактори“ годинава биле целосно ремонтирани и ставени во функција уште во мај.„Во 202

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryurh6m0m3850u15k5bMM

Николоски: Преку 9 милиони евра инвестираме за побрз развој на Прилеп

Во Прилеп се реализираат инфраструктурни проекти вредни околу 9,5 милиони евра преку повеќе програми на Министерството за транспорт, а паралелно продолжува и изградбата на автопатот Прилеп–Битола, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општината.Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски, изврши увид во реализацијата на инфраструктурните проекти во Прилеп.Според Николоски, преку програмите на Минист

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library2o86lvae3r1g2Jxg4al

„За две години пензиите се зголемени за 325% повеќе во споредба со владата на СДСМ и ДУИ“, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека растот на пензиите во изминатите две години е значително поголем во споредба со периодот на владеење на СДСМ и ДУИ, посочувајќи дека просечното месечно зголемување е 3,25 пати повисоко.Одговарајќи на прашање при посетата на Општина Прилеп, Мицкоски направи споредба на растот на просечната старосна пензија во двата периоди. Според неговите податоци, во првите 24-25 месеци од актуелната влада пензијата просечно месечно се зголем

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryqec3oobno9et322WRfb

Од деловен ручек до голема прослава: што навистина значи добра кетеринг-услуга и каде да ја најдете

Добриот кетеринг не треба да го преземе вниманието на настанот. Треба да биде присутен во вистинскиот момент, храната да пристигне навреме, послужувањето да тече без застој, а домаќинот да не мора да проверува дали нешто недостига.Токму во тоа се гледа разликата меѓу обична испорака на храна и целосна кетеринг-услуга. Зад секоја добро поставена трпеза стојат планирање, внимателно избрано мени, точна процена на количините и тим што знае дека секој настан има поинаков ритам.Кетеринг-сервисот „Папп

Магазин | пред 1 месец

1 мес.
voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Состојбата со епидемијата во Гостивар е ставена под контрола, откако Центарот за јавно здравје Тетово донел одлука за нејзино прекинување, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.Според епидемиолошките податоци, во моментов нема нови случаи на гастроентеритис или ентероколитис, односно стомачни тегоби, кои се поврзуваат со водата за пиење во Гостивар.Клековски појасни и дека во гостиварската болница немало хоспитализирани пациенти во вистинска смисла на зборот, туку станувало збор за

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
patarina1

Од 2027 година патарини без рампи во Хрватска: Што треба да знаат Македонците пред патување

Хрватска од 1 март 2027 година воведува нов дигитален систем за наплата на патарини, со кој класичните наплатни рампи и долгите колони на автопатите треба да станат минато. Системот „Crolibertas“ ќе овозможи возилата да минуваат без запирање, а патарината ќе се пресметува според изминатата делница и категоријата на возилото.Во тек е поставувањето на 212 електронски портали со камери и сензори долж околу 1.400 километри автопатишта. Новиот систем ќе функционира според принципот „слободен проток“,

Балкан | пред 1 месец

1 мес.
klinikimajka-tereza

43 случаи на западнонилска треска, првпат регистрирани случаи во Центар и Чаир

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во земјава достигна 43, а надлежните институции го прошируваат мониторингот и на подрачјата каде што се регистрирани нови случаи. Министерот за здраство, Сашо Клековски, информираше дека 40 случаи се дефинитивно потврдени, додека три се потврдени со еден тест.Како што посочи Клековски, новина во однос на досегашната состојба е појавата на првите случаи во општините Центар и Чаир. Паралелно со тоа, започна и засилената контрола на птиците, откако

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања