Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 нед.
media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Зеленски ги отфрли критиките на Трамп за нападите врз руската нафтена индустрија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли критиките на американскиот претседател Доналд Трамп за украинските напади врз руската нафтена индустрија, во пресрет на најавената средба на двајцата лидери во Њујорк.„Украинскиот енергетски сектор, критичната инфраструктура и нашиот извоз на храна мора да престанат да бидат цели на Русија, што од наша страна ќе доведе до соодветни чекори за деескалација“, напиша Зеленски на платформата „Икс“, одговарајќи на објава на Трамп на неговата платфор

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Анкета: Поддршката за Трамп падна на 32 отсто, најниско ниво во неговата политичка кариера

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на 32 отсто, што е најниско ниво во неговата политичка кариера, покажува новото истражување на „Ројтерс/Ипсос“.Во четиридневната анкета, спроведена до вчера, 73 отсто од републиканците изјавиле дека го одобруваат работењето на Трамп. Тоа е пад во споредба со 82 отсто, колку што изнесувала поддршката меѓу републиканците во истражувањето на „Ројтерс/Ипсос“, спроведено една недела претходно. Вкупниот рејтинг на Трамп во таа анкета изнесувал

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
spienje

Нова студија на речиси 100.000 луѓе откри важна врска меѓу РЕМ-сонот и здравјето

Квалитетот на сонот не зависи само од бројот на часови поминати во кревет. Ново истражување спроведено врз речиси 100.000 луѓе покажува дека структурата на спиењето, а особено количината на РЕМ-фазата, може да биде поврзана со ризикот од различни заболувања.Истражувачите од Медицинскиот универзитет „Капитал“ во Кина анализирале податоци од 95.559 учесници во голем британски здравствен проект. Нивните обрасци на спиење биле следени една недела со уред поставен на рачниот зглоб, а податоците потоа

Вирално | пред 1 седмица

1 нед.
media-library45vicbt77qoq0tf9ti2

Италија ќе им дава по 500 евра годишно на 1,18 милиони домаќинства за храна

Италија воведува нова мерка за помош на домаќинствата со ниски приходи, со која на 1,18 милиони семејства ќе им бидат обезбедени по 500 евра годишно за набавка на прехранбени производи.Мерката е дел од продолжувањето на програмата „Картичка посветена на тебе“ (Carta Dedicata a Te), за која италијанскиот буџет предвидува по 500 милиони евра во 2026 и 2027 година, пренесува „Sole 24 Ore“.Корисниците нема да треба да поднесуваат барање. Корисниците ќе бидат утврдени врз основа на достапните податоц

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4d9mnchrbhsg39KmeKU

Мбапе за Зидан: „Ме однесе во Реал Мадрид кога имав 13 години, а сега ми е селектор“

Килијан Мбапе со големи очекувања го пречека Зинедин Зидан како нов селектор на француската репрезентација, потсетувајќи дека легендарниот Французин имал важна улога во неговите први чекори кон Реал Мадрид.Мбапе и Зидан за време на оваа репрезентативна пауза првпат ќе соработуваат во националниот тим. Зидан по пет години се враќа на тренерската работа, откако во 2021 година го напушти Реал Мадрид.Капитенот на Франција неодамна зборуваше за значењето што Зидан го има за францускиот фудбал, нареку

Спорт | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryin2udn8pb9nfcsgKEDl

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс

Македонската кик-бокс репрезентација со три победи и три порази го заврши првиот натпреварувачки ден на Светското првенство во Лидо ди Језоло, Италија.Милан Нешевски имаше одличен настап и до победата стигна уште во првата рунда, откако борбата беше прекината.Успешен настап имаше и Глигор Николов, кој прикажа сигурна борба и славеше со убедливи 3:0. Победа за македонскиот тим забележа и Марко Баснарков, кој со сигурен настап го совлада својот противник и го продолжи настапот на шампионатот.Од др

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library0hlote02eapc3Keyqzt

„Авто Атом“ престана со работа: Кочани остана без единствениот меѓуградски превозник

По 24 години работа, „Авто Атом“ од Кочани престана со работа, со што градот остана без единствениот превозник што обезбедуваше редовни локални и меѓуградски автобуски линии.20 септември беше последниот работен ден за компанијата и за нејзините вработени. Според информациите, дел од вработените продолжиле кај други превозници, додека останатите биле прогласени за технолошки вишок.Последниот автобус на „Авто Атом“ попладнево сообраќаше на линијата Скопје–Кочани, со поаѓање во 18:30 часот од Скопс

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Семејствата на загинатите од Ласкарци: По седум години и 150 рочишта, одлуката на Врховниот суд повторно ги отвори раните – некои родители починаа без правда

Членови на семејствата на загинатите и повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци, со соопштение потпишано од 35 лица, остро реагираа на одлуката на Врховниот суд да ја укине пресудата за обвинетите и предметот да го врати на повторно одлучување пред Апелациониот суд.Тие велат дека веста ја примиле со неверување и чувство на неправда, оценувајќи дека одлуката дополнително ја поткопува веќе нарушената доверба на граѓаните во правосудниот систем.„Сметаме дека ваквата одлука дополнително ја по

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryjmaflrkgo06g6igJyou

Гинеколог физички нападнат во ординација додека прегледувал пациенти

Гинекологот Дејан Огненовиќ бил физички нападнат во својата ординација во поликлиниката „Букурешт“ во скопски Карпош, при што се здобил со скршеница на вториот вратен пршлен. За случајот докторот сведочеше за Сител, посочувајќи дека нападот следел по низа закани што, како што вели, ги добивал во изминатиот период.Според сведоштвото на Огненовиќ за Сител, напаѓачот влегол во ординацијата додека тој прегледувал пациентки. Најпрво му упатил вербални закани, а потоа физички го нападнал.Докторот за С

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
igor-jug

Сопругата на починатиот Игор Југ: Нема да престанеме да бараме правда

Седум години по апсењето на Игор Југ за настаните од 27 април 2017 година, неговата сопруга Ивана порача дека семејството и понатаму ќе бара одговори и правда за случајот.Во објава на социјалните мрежи, таа се потсети на 21 септември 2017 година, кога во раните утрински часови Југ бил уапсен, посочувајќи дека токму тогаш започнал тежок период за нивното семејство.„Поминаа години исполнети со неизвесност, болка и борба. Веќе година и пол Игор не е со нас, а случајот сè уште не е решен. Одговори н

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryhi7agm4bgorp7527Cs1

„Не се предадовме, не се откажавме“ – „Претрес со Ландов“ се враќа во среда

„Претрес со Ландов“ се враќа во среда, 23 септември, со четвртата сезона, која ќе трае во следните 11 месеци. Авторот и водител Кристијан Ландов, кој воедно е одговорен уредник на „Скопје1“, најавува уште подиректни разговори, нови репортажи и теми што ја отсликуваат реалноста во Македонија.„Пред да ја почнеме сезонава на ‘Претрес’ во среда, знам неколку работи. Не се предадовме. Не се откажавме. Даваме максимум. Веруваме дека можеме. Што? Да бидеме уште поискрени. Подиректни. Реални. И да прави

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп најави „огромен“ договор за набавка на ѓубрива од Белорусија

Американскиот претседател Доналд Трамп најави голем договор за набавка на ѓубрива од Белорусија, и покрај блиските односи на Минск со Москва и поддршката за руската агресија врз Украина.Трамп на социјалните мрежи објави дека калиумовата сол од Белорусија ќе биде „значително поевтина“ од онаа што САД моментално ја набавуваат од Канада.Калиумовата сол е минерал богат со калиум и главно се користи за производство на ѓубрива, бидејќи го поттикнува растот на земјоделските култури и придонесува за пог

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

По средбата со Мерц, седум покраински премиери продолжиле на состанок без него

По изборниот пораз на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин, во германската партија се одржал состанок зад затворени врати, на кој не присуствувал канцеларот и лидер на ЦДУ, Фридрих Мерц.Седум од осумте покраински премиери од редовите на ЦДУ, заедно со неколку покраински партиски лидери, по претходната средба со Мерц во партиската централа продолжиле со разговори без него. Според информациите на ДПА, состанокот траел околу два часа и се одржал во претст

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarycvbh21e0trsp9kRAdBG

Клековски: Со дигиталното здравство пациентот ќе ги има своите податоци на едно место и ќе одлучува кој има пристап

Министерството за здравство ја претстави Стратегијата за дигитално здравство 2026–2030, со која се предвидува значително поврзување на здравствените системи и полесен пристап на граѓаните до сопствените здравствени податоци.На презентацијата во Свечената сала на Владата присуствуваа лекари, пациентски организации, комори, институции и ИТ-експерти. Во центарот на стратегијата е пациентот, а целта е до 2030 година секој граѓанин да може да пристапи до своите здравствени податоци, додека лекарите в

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library2s8eoel3q0v59rmnTwF

Денеска регистрирани 19 пожари на отворено, активни се уште 10

Вкупно 19 пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија денеска до 18 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, 10 сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати.Активните пожари се регистрирани во Велес, Бутел, Гази Баба, Охрид, Кавадарци, Росоман, Куманово, Липково и Кратово. На овие места гори ниска вегетација, ѓубре, стрништа, како и шумска вегетација.Во Велес пожарот е кај Кула, зад базата на ЈП „Македонија пат“, д

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
ina-mnogu-fina

„Скопје ќе биде европски центар на танцот, а ние читаме расправии кој е поголем 'клошар'“

Додека во Македонија се одржуваат значајни културни настани со домашни и странски уметници, јавниот простор го заземаат меѓусебни расправии, навреди и црна хроника, реагира Ина Многуфина.Таа посочува дека Скопје во следните девет дена ќе биде европски центар на танцот, додека во Битола е во тек фестивалот „Браќа Манаки“, на кој присуствуваат значајни гости и домашни уметници.„Скопје девет дена ќе биде европски центар на танцот, во тек е „Манаки“ со сите тие битни гости и домашни уметници, а ние

Коментари | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarycd482blhjr4s70Ikj4D

На празникот Рождество на Пресвета Богородица, сестра Зора го прими монашкото име Хрисанта

На празникот Рождество на Пресвета Богородица, во манастирот „Пречиста“ кај Кичево, сестра Зора го прими монашкиот потстриг и новото монашко име Хрисанта.Монашкиот потстриг го изврши митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, а сестра Хрисанта ги положи монашките завети на послушност, смирение и целомудрие.„Станувајќи нова монашка рожба на овој славен ден на Богородичното рождество, таа прими монашки потстриг од рацете на нашиот почитуван митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј, украсувајќи се с

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryhsqmj86kt19c5Mt3Ot9

Уапсен поранешниот романски претседателски кандидат Калин Џорџеску

Поранешниот романски претседателски кандидат Калин Џорџеску е уапсен по налог на обвинители од Дирекцијата за истражување на организиран криминал и тероризам (DIICOT), додека истражителите извршуваат претрес во неговиот дом во Могошоаја, пренесува Digi24.Истрагата се води под сомнение за формирање организирана криминална група и измама со особено тешки последици. Според обвинителството, наводната финансиска штета надминува 1,1 милион евра.Судски извори наведуваат дека Џорџеску бил запрен додека

Балкан | пред 1 седмица

1 нед.
media-library05hl9oeli96reQ0M9Kg

Памер: Македонија ќе добие 140 милиони евра од Планот за раст на ЕУ

Македонија ќе добие 140 милиони евра во рамки на Планот за раст на Европската Унија, откако успешно спровела дел од предвидените реформски мерки, изјави австрискиот амбасадор во земјава Мартин Памер.„Македонија направи одлична работа во однос на Планот за раст и благодарение на тоа на земјата ќе ѝ бидат алоцирани 140 милиони евра за да се придонесе за натамошниот напредок“, рече Памер на денешниот настан на иницијативата „Славков 3“ во Европската куќа во Скопје.Австрискиот амбасадор оцени дека е

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryti09jkrb5nspbR08wAB

(Видео) Повеќе од 220 загинати во американските напади, ОН предупредуваат на можни злосторства против човештвото

Неодамнешните американски воздушни напади врз бродови осомничени за шверц на дрога можеби го прекршиле меѓународното право и би можеле да претставуваат злосторства против човештвото, се наведува во извештај на Обединетите нации.Во извештајот на специјалниот известувач на ОН, Бен Саул, се наведува дека од септември минатата година во Карипското Море и Тихиот Океан, надвор од американските територијални води, биле извршени најмалку 68 американски напади, во кои загинале повеќе од 220 луѓе.Извештај

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Трамп одби да помогне во борбата против Хутите

Американскиот претседател Доналд Трамп не му ветил директна воена поддршка на јеменскиот претседател Рашад ал-Алими во борбата против Хутите за време на нивниот телефонски разговор, потврдиле за „Ројтерс“ повеќе независни извори.Според јеменски и западен извор, Ал-Алими побарал американска поддршка за својата влада, која има поддршка од Саудиска Арабија во борбата против Хутите. Тие, според наводите, овој месец во офанзива зазеле клучни подрачја долж теснецот Баб ел Мандеб.Трамп претходно изјави

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library96df0u2d44el9dZ3eo7

Се приближува договорот за Гренланд: „Одговорноста нема да биде само на Данска и САД“

Данска, Гренланд и Соединетите Американски Држави утре би требало да потпишат договор за безбедноста на Гренланд, со кој, според Копенхаген, безбедноста на Арктикот би била ставена во поширока рамка на НАТО, наместо да остане исклучиво во надлежност на Данска и САД.Потпишувањето се очекува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, но содржината на договорот засега не е јавно објавена.Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека договорот на САД им обезбедува „трајна контрола“

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryhsudoq005m9r0vyINfE

Недостигот на ретки минерали ја враќа воздухопловната индустрија 50 години назад

Недостигот на ретки земни минерали ја принудува воздухопловната индустрија повторно да разгледува материјали што се користеле пред неколку децении, во обид да ја намали зависноста од Кина. Овие суровини се важни за производство на повеќе воздухопловни и воени системи, вклучително и за заштитни облоги на млазни мотори, делови од турбини и полупроводнички чипови.Кина има речиси монополска позиција во снабдувањето со ретки земни минерали и други материјали како итриум, индиум фосфид и волфрам. Пора

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
101013308-147590

ТикТок предизвик заврши трагично: Загинаа две момчиња во Романија

Две момчиња на возраст од 18 и 19 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа во романскиот округ Прахова, откако автомобилот во кој се наоѓале излетал од патот и удрил во дрво. Според наводите на романските медиуми, несреќата можеби била поврзана со обид да се повтори предизвик виден на ТикТок.Трагедијата се случила на патот DJ 140, во општината Пучењи Мари, за време на ноќно возење. Според сведочењето на третото момче кое било во автомобилот и ја преживеало несреќата, во еден момент биле изгас

Балкан | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryh2vqk9e07ijtd3tD2N8

Гугл казнет со 403 милиони евра поради начинот на кој ги обработувал податоците за локацијата

Ирската комисија за заштита на податоци (DPC) му изрече казна од 403 милиони евра на „Гугл“ поради начинот на кој компанијата ги собирала и обработувала податоците за локацијата на своите корисници.Одлуката е донесена по повеќегодишна истрага во која регулаторот утврдил дека компанијата не обезбедила доволно јасни информации за начинот на кој ги користи податоците за локација. Истрагата против европската подружница на „Алфабет“ започнала во февруари 2020 година, по повеќе поплаки поднесени од ор

Технологија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања