Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

АХВ

gotvenje-hrana-1

АХВ казни домови за стари лица: откриени сериозни пропусти со храната

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече глоби во вкупна вредност од 1.550 евра во денарска противвредност за четири оператори со храна во домови за стари лица, по спроведени вонредни инспекциски контроли.Инспекциските служби извршиле 39 контроли низ земјава, при што кај еден оператор биле уништени шест килограми небезбедна храна. Исто така, утврдено е дека еден дом не бил регистриран како оператор со храна, по што му е изречена времена забрана за работа, парична казна и обврска за регистрација.Контролите покажале и други сериозни недостатоци. Еден оператор не ги исполнувал хигиенските стандарди за безбедност на храната, додека четири домови немале спроведено задолжителни здравствени прегледи за вработените.Дополнително, биле констатирани низа неправилности, меѓу кои нередовно водење на евиденции за хигиенски и производствени практики, недоставени сертификати за обуки, недостатоци во документацијата за набавки, како и доцнење во спроведување на мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.За овие пропусти, АХВ издаде три решенија со наредби за нивно отстранување и две опомени.Од Агенцијата потсетуваат дека при слични контроли во ноември 2024 година, дури 14 домови не биле регистрирани како оператори со храна, при што биле уништени 40 килограми небезбедна храна, а казни биле изречени на 18 домови.

Македонија | пред 3 дена

antraks-ovci

Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници кај овците и козите

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Цветан Трипуновски, заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов остварија средба со одгледувачите на овци. На средбата се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во о. Липково, Кумановско. Со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, неопходно е одгледувачите на овци да се придржуваат кон пропишаните контролни и заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста, донесено од страна на Агенцијата и движењето на животните да биде со издаден ветеринарно - здравствен сертификат од надлежното ветеринарно друштво. Доколку сточарите забележат некои симптоми или нагли промени кај животните, вклучително и зголемена смртност, да ги известат ветеринарните друштва и Агенцијата за храна и ветеринарство. Надлежните институции спроведуваат контролни и заштитни мерки во заштитната зона во радиус од 3 километри и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу одгледувалиштата каде што е потврдена болеста, со цел навремено информирање на сточарите за појавата и ширењето на болеста. Дополнително, на средбата беше истакнато дека извозот на јагнешко месо, производи од јагнешко месо и производи од млеко добиено од овчо млеко кои биле подложни на пастеризација не е доведен во прашање, движењето на животните од одгледувалиштата кон кланичните капацитети не е забрането, додека во сила остануваат рестрикциите за движење на живи животни и за работа на добиточните пазари. Во зависност од развојот на епидемиолошката состојба на терен се очекува кон средината на идниот месец да бидат донесени нови заштитни и контролни мерки за справување со болеста.

Македонија | пред 3 седмици

272221174_1123584345105622_1125979458684620033_n

Градоначалникот, ако сакаше до сега ќе го решеше проблемот со кравите, вели АХВ по драматичната акција во Крива Паланка

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата кои лутаат низ градот Крива Паланка и нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села.„Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села тој да се иззема од одговорност која ја има во овој случај, бидејќи согласно Законот за јавна чистота, член 14 став 1 точка 11, контролата на одржувањето на јавните површини односно чување и напасување на крупен добиток (вклучително и на говеда) на јавни површини ја има токму Општината. Ако сакаше, Митовски и досега можеше да го реши проблемот, сам или со помош од некои поранешни функционери, негови сограѓани, кои беа во врвот на претходната Влада.Говедата ниту се размножија во толку голем број за година и половина, ниту може инстантно да се соберат, во услови кога со Агенцијата не соработува Општината која е подеднакво одговорна за решавање на проблемот. Како одговорна институција, во интерес на граѓаните на Крива Паланка и околните села, го повикуваме Митовски конечно да почне да го почитува законот и да соработува со Агенцијата, за трајно решение на реалниот проблем со кој се соочуваат жителите од овој крај.Агенцијата за храна и ветеринарство и во наредниот период ќе продолжи со активности за собирање на животните во интерес на граѓаните на Општина Крива Паланка“, велат од АХВ.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Уништен над еден тон небезбедна „здрава храна“, изречени казни од над 20 илјади евра

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство уништиле 1.010 килограми небезбедна „здрава храна“ кај 14 оператори, во рамки на 373 контроли спроведени неделава во објекти за производство и промет со здрава храна.Со контролите било утврдено дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За констатираните недоследности издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра во денарска противвредност.Кај девет оператори биле утврдени незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, додека кај седум била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори инспекторите пронашле храна со непознато потекло.Несоодветно означување на производите било утврдено кај 18 оператори, а кај 23 вработените немале извршено задолжителен здравствен преглед. Двајца оператори немале воспоставени процедури за добра производствена и добра хигиенска пракса или не воделе соодветна документација. Исто така, кај два објекти не била спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Македонија | пред 1 месец

kuce

АХВ апелира да се микрочипираат домашните миленици

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик.„Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. Микрочипирањето е основа за дефинирање на сопственоста на домашниот миленик, за обезбедување навремена и квалитетна здравствена заштита на животните и поголема безбедност за сопствениците, од аспект на пренесување на заразните болести од животните на луѓето.Сопствениците кои ги имаат микрочипирано домашните миленици ги потсетуваме дека имаат законска обврска секоја промена во однос на податоците за животното, или сопственикот да ја пријават до надлежното ветеринарно друштво кое треба да изврши промена во електронската база на податоци. Во базата на податоци треба да се евидентира и угинувањето, губењето или купопродажбата на животните. Микрочипирањето на милениците има за цел трајна идентификација на животните, спречување на нивно напуштање и контрола на нивното размножување, но и нивно полесно пронаоѓање во случај на губење или кражба“, велат од АХВ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryru8bdqlvnshie7Z2DgI

Недоволно зготвен грав може да биде опасен по здравјето, предупредуваат од Европската агенција за безбедност на храната

Европската агенција за безбедност на храната предупредува дека недоволно зготвениот грав може да претставува здравствен ризик поради присуство на лектини. Од Агенцијата за храна и ветеринарство апелираат мешунките задолжително да се потопуваат и добро да се варат за да се избегнат гастроинтестинални проблеми и други здравствени последици.„Изложеноста на потрошувачите на лектини во недоволно зготвен грав може да претставува здравствен ризик, заклучи Европската агенција за безбедност на храната – ЕФСА по направената проценка за ризикот по јавното здравје поврзан со присуството на лектини во храната. Проценката е направена на барање на Европската комисија, во контекст на болестите кои се пренесуваат преку храна, а се поврзани со консумирање сирови или недоволно зготвени мешункасти плодови од страна на потрошувачите, најголем дел од оние кои користат диети базирани на сирови или минимално зготвени растенија. Лектините се група протеини кои се природно присутни во многу растенија, како што се мешунките, житарките и зеленчукот. Тие ги штитат растенијата од штетници и болести. Повеќето лектини се безопасни, но, некои, главно оние што се наоѓаат во сирови мешунки, можат да предизвикаат гастроинтестинални симптоми, а имаат влијание и врз имунолошкиот систем.Според проценката на Панелот за контаминанти во синџирот на исхрана на ЕФСА, направена врз основа на евалуација на потенцијалната штета предизвикана од лектинoт фитоемаглутинин (PHA) кој се наоѓа во гравот и е најтоксичниот лектин меѓу најчесто консумираните јадливи растенија, како и со проценка на изложеноста на потрошувачите на него, гравот кој не е доволно зготвен претставува здравствен ризик за луѓето од сите возрасни групи. Лектинoт фитоемаглутинин (PHA) ако уште е присутен во активната форма може да предизвика гадење, повраќање, болка во стомакот и дијареја, како симптоми поврзани со консумирање сирови или недоволно зготвени мешунки. Врз основа на спроведени студии на животни, научниците го сметаат[СП1] ефектот на PHA врз тенкото црево како најкритичен здравствен ефект.За да ги избегнат потенцијалните здравствени ризици, согласно проценката на ЕФСА, најефективен начин за намалување на поголемиот дел од лектините во мешунките е нивно потопување во вода од 6 до 12 часа додека не омекнат, потоа менување на водата и варење најмалку половина час на 100° C. Бидејќи времето на подготовка зависи од видот на мешунките, препорачливо е тие да се готват се додека не станат меки. Други домашни методи на готвење, како што се готвење на пареа, во микробранова печка и печење, според ЕФСА се помалку ефикасни“, велат од АХВ.

Македонија | пред 1 месец

media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ нема да постапува по анонимни пријави – иницијативите мора да бидат уредно поднесени

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека од 1 јануари 2026 година нема да постапува по анонимни пријави за инспекциски надзор. Сите иницијативи мора да бидат уредно потпишани и да содржат точни податоци за подносителот и предметот на надзорот.„Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата ПОДНЕСETE ПРЕТСТАВКА објавена на интернет страната на Агенцијата https://fva.gov.mk/mk/contact/podnesete_predstavka), електронски на info@fva.gov.mk, pretstavki@fva.gov.mk, како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена.Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, велат од АХВ.

Македонија | пред 1 месец

ovci-vo-sneg

АХВ: Потврдени нови жаришта на сипаници кај овци во Липково, преземени итни мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека по потврдените случаи на сипаници кај овци и кози во липковско се преземаат сите пропишани мерки за контрола и спречување на ширењето на болеста. Оттаму посочуваат дека извозот на јагнешко месо не е доведен во прашање, додека во сила се рестрикции за движење на живи животни и работа на добиточни пазари.„Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира граѓаните на Македонија дека Агенцијата за храна и ветеринарство како сериозна државна институција која е надлежна за здравствената заштита и благосостојба на животните, по добивањето на позитивен резултат за присуство на болеста сипаници кај овци и кози на ден 27.01.2026 година веднаш го пријави случајот од листата А болести на Европската Унија до Информациониот систем на болести кај животните (ADIS) и WAHIS системот на Светската организација за здравје на животните (WOAH), во кој јасно се наведени заштитните и контролните мерки кои треба да се превземат од страна на Агенцијата. Со цел да се подигне јавната свест на сите засегнати страни, Агенцијата преку ветеринарните друштва и Ветеринарната комора го достави Решението за контрола на болеста во регионот на Лопате, односно во заштитната зона од 3 километри и зоната под надзор од 10 киломентри околу одгледувалиштата со цел навремено информирање на сточарите во однос на појавата на болеста. Дополнително, на ден 30.01.2026 и 02.02.2026 година беа потврдени резултатите за присуство на болеста на уште 2 одгледувалишта на овци во населено место Лопате, општина Липково, при што нештетно се уништени и закопани сите заболени животните од наведените одгледувалишта. До сега официјално забрана за увоз и транзит на живи животни од видовите овци и кози, како и на герминативни производи, кожи, крзно, волна и влакна од овци и кози, со потекло од целата територија на Македонија имаме добиено само од Албанија, но забраната не се однесува на производи од животинско потекло – извоз и транзит на територијата на Албанија, при што воопшто не е доведено во прашање извозот на јагнешко месо и производи од месо во Европската Унија и регионот. Во регионот болеста е присутна на територијата на Грција со 1532 жаришта на болеста, во Бугарија 129 жаришта на болеста, во Србија со 3 жаришта. Докторите по ветеринарна медицина максимално професионално се справуваат со болеста на терен, при што во најкраток можен рок се постапи во сите одгледувалишта во опфатената заштитна зона согласно Решението на директорот. Од тие причини, Агенцијата ја забрани работата на сите добиточни пазари за сите приемчиви животни, одржување на изложби или друг вид на спортски настани на целата територијата на Македонија, освен доколку истите се движат кон одобрен објект и оператор со храна – кланица за домашни чапункари. Суровото млеко добиено од животните и производите добиени од тоа млеко може да се стават во промет по термички третман/пастеризација на 72°C во времетрање од 15 минути на одгледувалиштето или во одобрен објект и оператор со храна од животинско потекло – сурово млеко и производи од млеко во зоната под надзор, што опфаќа територија околу позитивното одгледувалиште од 10 километри. Суровото млеко и производи од млеко надвор од рестриктивните зони може да се употребува.Не е точна констатацијата дека „вистинската слика ќе се знае дури по 42 дена откако ќе изминат два инфективни циклуси“, од причина што во стандардот за копнени животни на Светската организација за здравје на животните (WOAH) и Европската легислатива, наведено е дека инкубациониот период на болеста е 21 ден од денот кога здравите животни ќе дојдат во контакт со заразено животно.Агенцијата за храна и ветеринарство не е надлежна за одредување на цената на јагнешкото месо, туку за олеснување на извозот на истото преку потврдување на здравствениот статус на животните со издавање на ветеринарно – здравствен сертификат.Во однос на исплатата на заостани обврски за ветеринарните друштва, Агенцијата посветено работи на исплата на заостанатите обврски и превземање на активности согласно одобрените финансиски средства од Буџетот на РСМ и средства од самофинансирање со цел навремено спроведување на сите активности, вклучително и активностите кои не се предвидени со истото, како што се болестите сипаници кај овци и кози, чума кај мали преживари па и други новопојавени болести кои не се предвидени со Програмата за здравствена заштита и Годишната наредба за здравствена заштита“, велат од АХВ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjlnc3tfhfeedaWjFAWL

Повлечени серии Аптамил формули за доенчиња

Врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил.„Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување. Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид.Производи опфатени со повлекувањето:• APTAMIL AR 2Сериски број (лот) Рок на употреба20250924 / 111492248 / 24.09.202620251106 / 111505015 / 06.11.2026• APTAMIL PRONUTRA 2Сериски број (лот) Рок на употреба20250619 / 111450979 / 19.06.202620260720 / 111470149 / 20.07.202620260922 / 111494041 / 22.09.202620261027 / 111509436 / 27.10.202620261130 / 111518857 / 30.11.202620261219 / 111526365 / 19.12.202620270121 / 111539141 / 21.01.2027• APTAMIL PRONUTRA 1Сериски број (лот) Рок на употреба20260722 / 111473082 / 22.07.202620260904 / 111489543 / 04.09.202620261014 / 111504828 / 14.10.202620261126 / 111519122 / 26.11.2026Апелираме потрошувачите кои имаат купено од наведените производи со дефинираните сериски броеви и рокови на употреба, истите да не ги користат, нештетно да ги уништат, или да ги вратат на местото од каде се купени“, велат од Агенцијата за храна и ветеринсрство.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhl8o1r5650eechoLTmi

Кучето одземено, сопственикот казнет: АХВ реагираше по видеото од малтретираното животно

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Центарот за социјални работи Охрид и Министерство за внатрешни работи, спроведоа инспекциски надзор по објавеното видео на социјалните мрежи од страна на родител на дете кое,  како што се гледа од видеото, измачува куче.Во врска со овој случај до Агенцијата во текот на вчерашниот ден беа поднесени и иницијативи од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор во врска со овој случај, на кој АХВ веднаш реагираше.Со спроведениот надзор утврдено е дека кучето не е идентификувано со микрочип и не е вакцинирано, за што на сопственикот ќе му биде изречена соодветна парична казна, а како инспекциска мерка за нарушена благосостојба на животното, малтретираното куче е одземено од сопственикот, соопшти Агенцијата.

Македонија | пред 1 месец

ahv

Повлечена формула за доенчиња АПТАМИЛ од пазарот во Македонија поради опасна контаминација!

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар. Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирска кај кој е утврдено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата, во нотификацијата наведено е маслото ARA.„Со контролатата утврдено е дека целокупнатата увезена количина е дистрибуирана на пазарт во Македонија, односно, производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот.Апелираме до потрошувачите кои го имаат купено производот со наведениот лот и рок на употреба истиот да не го употребуваат, или да го вратат на местото каде што го купиле.Во однос на повлекувањето на неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, АХВ проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија. Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира со преземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

АХВ лани уништила 355 тони небезбедна храна

Наместо на трпезите на граѓаните, минатата година 355 тони храна завршила на депонија бидејќи била прогласена за небезбедна. Меѓу откриените производи биле месо, млеко, риби, јајца, пијалаци, кондиторски производи и јаткасти плодови, најдени при контролите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на домашниот пазар, но и на увозните пратки. Вкупната сума на изречени парични казни достигнала 618.000 евра.Од АХВ објаснуваат дека инспекциските надзори биле спроведувани врз основа на проценка на ризик, при што објектите со повисок ризик се контролирани почесто.„Одземена и нештетно уништена беше храна – месо и месни производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, риба, кондиторски производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци во вкупна количина од 355.377 килограми. Вкупната сума на изречени парични казни во 2025 година изнесува 618.000 евра во денарска противвредност“, изјави Миланов од АХВ.Само во внатрешниот промет, инспекторите извршиле 47.200 контроли, при што биле издадени 5.406 решенија и 1.073 прекршочни платни налози, додека биле поднесени и 10 прекршочни и 8 кривични пријави.Исто така, спроведени се 78.016 контроли на увозни и транзитни пратки, со храна од животинско и неживотинско потекло, материјали што доаѓаат во контакт со храна, добиточна храна и живи животни.„Како небезбедни уништени беа осум пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69.785 килограми, а една пратка беше вратена во земјата извозник. Како небезбедни во рамки на овие контроли, уништени беа и три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22.061 килограм. Во истиот период како небезбедни беа вратени и 16 пратки со храна од животинско потекло“, додаде Миланов.

Македонија | пред 1 месец

meso-mesarnici

АХВ со засилени контроли: уништени над 355 илјади килограми небезбедна храна

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните биле спроведени во текот на минатата година од официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, информираат од АХВ.„Контролите не се однесуваа само на домашниот промет, туку ги опфатија и производството, дистрибуцијата, угостителските објекти, како и увозот и извозот на храна и живи животни“, соопштуваат од Агенцијата.Од АХВ нагласуваат дека акцентот бил ставен на имплементацијата и одржувањето на процедурите за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, НАССР системот за безбедност на храната, соодветното означување на производите, како и мониторингот на храната од домашно производство и од увоз.„Фреквенцијата на официјалните контроли се спроведуваше согласно ризик-категоризацијата на објектите, при што операторите со висок ризик беа предмет на почести контроли“, наведуваат од Агенцијата.Во текот на 2025 година, во рамки на внатрешниот промет биле реализирани 47.200 редовни и вонредни инспекциски контроли. Притоа, издадени биле 5.406 решенија, поднесени 10 прекршочни пријави и изречени 1.073 прекршочни платни налози, со вкупна вредност од 618.010 евра во денарска противвредност. Поднесени биле и осум кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните.„Во рамки на овие контроли, како небезбедна беше одземена и нештетно уништена храна во вкупна количина од 355.377 килограми“, информираат од АХВ, појаснувајќи дека станува збор за месо и месни производи, млеко и млечни производи, јајца, јаткасти плодови, риба, кондиторски производи, како и алкохолни и безалкохолни пијалаци.Покрај контролите во внатрешниот промет, инспекциските служби на Агенцијата спровеле и 78.016 контроли на увозни пратки и пратки во транзит со храна од животинско и неживотинско потекло, добиточна храна и живи животни.„Како небезбедни беа уништени осум пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69.785 килограми, а една пратка беше вратена во земјата извозник“, соопштуваат од АХВ.Дополнително, уништени биле и три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22.061 килограм, додека 16 пратки биле вратени како небезбедни.Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедна и квалитетна храна на пазарот.

Македонија | пред 1 месец

Glavna-fotka-1

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки инспекторите влегоа во маркетите

Околу четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство на оператори со храна, по спроведувањето вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната, како неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично, за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна и тоа месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvghf8bntf4ibbu2Xao7

По три дена, пансионот „Ав ав хепи дог“ негира присуство на парвовирус, иако сопственичка тврди дека таму и било заразено кучето кое угина

По три дена молк, пансионот за кучиња „Ав ав хепи дог“ се огласи во јавноста, негирајќи дека во објектот е утврдено присуство на парвовирус и наведувајќи дека, како што тврдат, не постои официјален наод што укажува на заразна болест кај кучињата згрижени во пансионот.Во писмената реакција, управителката на „Ав ав хепи дог“ ДООЕЛ Скопје, Наде Богоевска, наведува дека актуелниот инспекциски надзор не се однесува на постоење вирус, туку на технички и административни аспекти од работењето на објектот. Од пансионот информираат дека со Агенцијата за храна и ветеринарство соработуваат целосно и транспарентно и дека ги почитуваат сите пропишани процедури, апелирајќи граѓаните да се воздржат од шпекулации и информации што, според нив, не се потврдени од надлежните институции.„Во врска со информациите што се шират на социјалните мрежи, информираме дека во нашиот објект не е утврден парвовирус, ниту пак постои официјален наод кој укажува на заразна болест. Инспекцискиот надзор се однесува на технички и административни точки, а не на постоење вирус. Со АХВ соработуваме целосно и транспарентно и ги почитуваме сите пропишани процедури.Ги молиме граѓаните да се воздржат од шпекулации. Сите официјални информации ќе ги соопштат надлежните институции — не социјалните мрежи. АВ АВ Хепи Дог секогаш работи по строг режим на хигиена и биосигурност и останува посветен на заштита на животните. Единствена овластена институција која треба да го даде конечниот одговор е Агенцијата за храна и ветерина која тоа ќе стори во најкус можен рок, бидејќи постапката пред оваа агенција е во тек“, се наведува во соопштението, во кое се посочува и дека секое, како што велат, лажно информирање на јавноста ќе биде пријавено до МВР и надлежното Јавно обвинителство.Истовремено, од Агенцијата за храна и ветеринарство за „Скопје1“ претходно информираа дека по добиени иницијативи и претставки, официјален ветеринар во моментот спроведува вонреден инспекциски надзор во пансионот лоциран во скопската населба Бардовци, поради сомнеж за циркулирање на заразна болест кај кучињата. Наводите во претставките, според АХВ, се однесуваат на сомнеж за појава на парвовироза.Од Агенцијата појаснија дека со постојната законска регулатива работата на пансиони и хотели за домашни миленици не е системски регулирана, односно тие не се регистрираат и не се одобруваат од АХВ, поради што постапуваат исклучиво од аспект на здравствена заштита и спречување на ширење заразни болести кај животните. Воедно, беше најавено дека во новиот закон за здравствена заштита и благосостојба на животните, кој е во финална фаза на подготовка, оваа област ќе биде регулирана, а пансионите ќе мора да исполнуваат одредени услови и да добијат одобрение од АХВ.Агенцијата упати и апел до сопствениците на кучиња да бидат одговорни, да ги микрочипираат своите миленици, да поседуваат валиден пасош, да ги вакцинираат против заразни болести и редовно да ги третираат со средства против паразити. Од АХВ најавија дека јавноста дополнително ќе биде информирана за наодите од надзорот, потенцирајќи дека единствена институција која може да даде конечен одговор е токму Агенцијата за храна и ветеринарство, бидејќи постапката сѐ уште е во тек.Случајот излезе во јавноста по сведочењето на Ана Пејковска, која јавно тврдеше дека нејзиното куче починало откако било оставено на чување во пансионот „Ав ав“. Таа наведе дека кучето било вратено во тешка здравствена состојба и дека, според ветеринарната дијагноза, било заразено со парвовироза. Пејковска на социјалните мрежи ги повика сопствениците итно да ги земат своите кучиња, тврдејќи дека во објектот има присуство на парво вирус.Според нејзиното сведоштво, кучето по име Мајло престојувало десет ноќи во пансионот, а по преземањето на 25 декември било во критична состојба, со повраќање и губење на свеста. Таа тврди дека ветеринарите утврдиле дека болеста била во напредна фаза и дека, и покрај обидите за лекување, животното починало. Пејковска смета дека доколку навреме била информирана и доколку било реагирано порано, кучето имало шанса да преживее.Во меѓувреме, таа објави и комуникации со други сопственици на кучиња, кои, според нејзините тврдења, по престој во истиот пансион добиле позитивни резултати на парвовироза. Дополнително сведоштво објави и лице кое тврди дека било на пракса во пансионот, опишувајќи, како што наведува, загрижувачки услови за чување на животните, наводи што пансионот досега не ги коментираше поединечно.Редакцијата на „Скопје1“ во изминатите три дена безуспешно се обидуваше да добие одговор на конкретни прашања упатени преку нивниот официјален профил на социјалните мрежи.Парвовирозата е исклучително заразно вирусно заболување кај кучињата, кое може да има фатален исход, особено доколку не се реагира навреме. Ветеринарите предупредуваат дека изолацијата на заболени животни и строгите мерки за дезинфекција се клучни за спречување на ширење на вирусот, а институционалната контрола на објектите за згрижување животни останува прашање од сериозен јавен интерес.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryutq4auke5na22ykDHyz

АХВ го затвори пансионот „Ав ав хепи дог“ поради сомнеж за парвовироза, во тек е вонреден инспекциски надзор

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го затвори пансионот за кучиња „Ав ав хепи дог“ во скопската населба Бардовци, по добиени пријави дека во објектот можно е да циркулира вирусот парвовироза. Од Агенцијата за „Скопје1“ потврдија дека е издадена временска забрана за работа, која ќе остане на сила сè додека трае вонредниот инспекциски надзор и не се утврди здравствениот статус на кучињата што престојувале таму.„По добиените иницијативи за спроведување на вонреден инспекциски надзор во пансион за домашни миленици Ав Ав Хепи Дог во скопската населба Бардовци, поради сомнеж за циркулирање на заразна болест кај кучињата, официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во моментов спроведува контрола во пансионот. Наводите во претставката се дека се работи за болеста парвовироза кај кучињата кои се згрижени во овој пансион.Напоменуваме дека со постоечките закони за здравствена заштита и за благосостојба на животните правно не е регулирана работата на пансиони и хотели за домашни миленици односно АХВ не ги регистрира или одобрува . АХВ во моментов постапува искучиво од аспект на здравствена заштита и спречување на ширење на заразни болести кај животните.Во оваа прилика ја информираме јавноста дека во новата законска регулатива за здравствена заштита и благосостојба на животните која е во финална фаза на подготовка, регулирано ќе биде и ова прашање, односно пансионите за кучиња ќе треба да исполнуваат одредени услови и да бидат одобрени од АХВ.Исто така, апелираме сопствениците на кучиња да бидат одговорни и нивните кучиња да бидат микрочипирани, податоците внесени во Информативниот систем на АХВ, да поседуваат валиден пасош за својот миленик, кучињата да бидат вакцинирани за да се заштитат од заразни болести како и редовно да бидат третирани со средства за екто и ендо паразити.Парвовирозата е исклучително заразно вирусно заболување кое најчесто ги погодува младите кучиња, но може да се јави и кај возрасни животни. Болеста бара итен третман и строги мерки на изолација, бидејќи заразените животни претставуваат ризик за останатите.Од АХВ најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана по завршување на инспекцискиот надзор.Случајот стана јавен откако Ана Пејковска објави дека нејзиното куче починало по престој во пансионот и дека било дијагностицирано со парвовироза. Таа тврди дека животното ѝ било вратено во многу лоша состојба и дека во пансионот имало уште заразени кучиња. Пејковска објави и комуникации и сведоштва од други сопственици, кои наведуваат дека нивните миленици исто така се разболеле по престојот во истиот објект.Дополнителни реакции предизвика и објава од девојка која тврди дека била на пракса во пансионот и опиша, како што наведе, лоши услови за згрижување на животните. На официјалната страница на пансионот се појавија низа коментари од корисници кои бараат објектот привремено да се затвори.АХВ најави дека по завршување на надзорот јавноста ќе биде дополнително информирана.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarybiev6rt70gco3DkmFgt

Под лупа на инспекциските служби на АХВ и рестораните, месарниците и рибарниците

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна. Акцент со контролите во овој временски период ставен беше на операторите организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со работилница, рибарници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло, каде периодов има зголемена побарувачка и потрошувачка на храна.На територијатата на цела држава спроведени се вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. Генералните неусогласености утврдени со контролите се однесуваат на неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените лица, неусогласености во однос на хигиенските и микробиолошките барања за безбедност на храна и вода, нерегистрирани правни лица како оператори со храна во АХВ. Кај неколку оператори најдена е небезбедна храна и храна со поминат рок, утврдено е несоодветно складирање и селектирање на храна, нередовно ажурирање на записите за Добра хигиенска, Добра производствена пракса и HACCP, неспроведена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, како и неземени мостри од храна за лабораториско терстирање, производи без декларации и со нецелосни и нејасни декларации и други помали недоследности, за што се издадени соодветни решенија.Со спроведените контроли и утврдените недоследности изречени се 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност за операторите и одговорните лица во нив. Изречени се и соодветни опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности. Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезнедна храна, од кои 567 килограми производи од месо.Како одговорна институција, апелираме до граѓаните во пресрет на новогодишните празници, храна да купуваат храна од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано системите за безбедност на храната, да внимаваат на означувањето на производите како и на тоа каде тие се чуваат. Во домаќинствата важно е да се внимава на хигиената, подготовката на храната и нејзино чување на соодветна температура

Македонија | пред 2 месеци

media-library5oa7gdukklokdK76i2X

АХВ затвори 9 новогодишни куќарки во Струга поради сериозни хигиенски пропусти

Агенцијата за храна и ветеринарство – Агенција за храна и ветеринарство спроведе вонреден инспекциски надзор во девет новогодишни куќарки лоцирани во градската чаршија во Струга, при што издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови.Контролата била извршена на 22 декември, а инспекторите утврдиле сериозни неправилности во работењето. Во куќарките работеле физички лица кои не ги исполнувале минималните санитарно-хигиенски стандарди пропишани со закон.Меѓу утврдените пропусти се наведува дека објектите не биле поврзани на градската водоводна мрежа, немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а лицата кои подготвувале и продавале храна немале извршено задолжителни здравствено-санитарни прегледи. Дополнително, не биле почитувани ниту правилата за Добра производствена и Добра хигиенска пракса.На угостителите им се изречени парични казни во износ од по 200 евра во денарска противвредност, а истовремено им се издадени и налози за задолжителна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.Од АХВ информираат дека решенијата за времена забрана за вршење на дејност ќе останат во сила сè додека не бидат исполнети сите законски и хигиенски услови за безбедно работење.Од Агенцијата апелираат до сите оператори со храна да ги почитуваат пропишаните стандарди, особено во периоди на зголемена фреквенција на граѓани, со цел заштита на здравјето на потрошувачите.

Македонија | пред 2 месеци

kucinja

Граѓаните конечно ќе имаат каде достоинствено да ги закопаат своите миленици, Македонија ќе добие кафилерија и гробишта за миленици

Македонија конечно се приближува до системско решавање на долгогодишниот проблем со угинатите животни и починатите домашни миленици. До средината на 2026 година треба да бидат дефинирани локациите и инфраструктурата за изградба на кафилерија и гробишта за миленици, по што ќе започне и нивната практична реализација.Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, за МИА вели дека процесот е во интензивна фаза и дека станува збор за инфраструктура која одамна недостасува во земјава, а воедно претставува и услов во рамките на европските интеграции.Според него, со години наназад сопствениците на починати миленици биле приморани да ги оставаат телата на истите депонии каде што завршува и комуналниот отпад, што е недозволиво од здравствен и еколошки аспект. Новите гробишта, како и кафилеријата, ќе се градат надвор од урбаните средини, на ненаселени локации.Паралелно, се разгледува и модел според кој секоја општина би имала сопствено прифатилиште за бездомни кучиња, а каде што е возможно – и гробишта за миленици. Ова ќе биде една од темите на состанокот што АХВ ќе го одржи со министерот за локална самоуправа и со ЗЕЛС.Во однос на кафилеријата, Миланов потсетува дека идејата постои уште од 2019 година, но реализацијата била блокирана поради недостиг од соодветна локација и отпор од локалното население.– Првично се разгледуваа Лозово и Росоман, но советниците не дозволија поради недоволна информираност. Се мислеше дека ќе има горење со миризба, како во фабрика, а всушност станува збор за целосно херметички затворен систем – објаснува Миланов.Сега, додава тој, се оди кон јавно-приватно партнерство, а се анализира и европски модел со мобилна кафилерија, која овозможува преземање на трупот и негово уништување на точно утврдена локација.– Очекувам по празниците да седнеме со министрите и со советниците на премиерот и да го заокружиме моделот. Јас би сакал работите да почнат уште ова лето, барем со поставување темели – вели директорот на АХВ.Проблемот со бездомните кучиња, пак, останува еден од најгорливите. Според проценките, низ земјава талкаат повеќе од 8.000 кучиња без сопственик.Во таа насока, веќе е подготвен нов закон за здравствена заштита на животните, кој опфаќа и конкретни мерки за справување со ова прашање. Текстот е усогласен по повеќе состаноци со 11 невладини организации, меѓу кои и Анима мунди и Лајка.Законот предвидува казни за неодговорно сопствеништво, за шетање кучиња без поводник на јавни места, како и построги правила за големите и потенцијално опасни раси. Во процесот ќе бидат вклучени и ловечките друштва, а планирани се и јавни трибини со граѓаните и инспекторите од подрачните единици.

Македонија | пред 2 месеци

media-library1b69k04qlg546TOjRVB

АХВ направи контроли на детските новогодишни пакетчиња: Утврдени се минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи.Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и заради некомплетни декларации, инспекциските служби на АХВ издадоа 4 решенија со наредба за повлекување од промет на новогодишни пакетчиња, а на двајца оператори со храна, издадени им се решенија со наредби за ставање на збирни декларации на пакетчињата.Со спроведените 262 инспекциски контроли на безбеднсота на новогодишните пакетчиња, нема оператори со храна кои се парично казнети, ниту е поништена небезнедна храна.Во споредба со лани спроведените контроли на безбедноста на оваа категорија производи, кога беше утврдено несоодветно означување на пакетчиња, немање декларации и наведен рок на употреба на збирно пакување, најдени беа и пакетчиња кои содржат производи со поминат рок на употреба и со краток рок на трајност на призводите како и производи со променети органолептички својства, годинава, кај операторите, утврдени се само минимални недоследности.И покрај тоа, АХВ и во нардниов период, особено пред и по новогодишните празници, ќе продолжи со спроведување на контроли за следење на безбедноста на оваа категорија производи.

Македонија | пред 3 месеци

pilesko-meso

Стопиран увоз на замрзнато пилешко на Ќафасан поради ризик од птичји грип

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спречија влез на пратка од над 26 тони небезбедно замрзнато пилешко месо на македонскиот пазар, со што беше избегнат потенцијален ризик по здравјето на граѓаните и домашниот живинарски фонд. Пратката била стопирана на граничниот премин Ќафасан и веднаш вратена во земјата на потекло – Бразил.Според информациите од АХВ, станувало збор за замрзнат пилешки батак без коска, спакуван во 2.167 пакувања од по 12 килограми, што вкупно изнесува повеќе од 26 тони месо наменето за увоз во земјава. При извршената контрола, официјалните ветеринари утврдиле дека пратката не ги исполнува пропишаните ветеринарно-здравствени услови.Причината за забраната е поврзана со мерките за заштита од високо патогена авијарна инфлуенса, односно птичји грип. Увозот бил во спротивност со важечкото решение со кое е забранет увоз на живи животни и производи од животинско потекло од Бразил, доколку тие потекнуваат од животни кои биле заклани, натоварени или сертифицирани пред 1 август 2025 година. Бидејќи спорната пратка спаѓала во овој забранет временски период, таа автоматски била оценета како ризична.По констатирањето на неправилностите, инспекциските служби на АХВ донеле решение за целосна забрана на увоз, а пратката била вратена кај извозникот. Од Агенцијата нагласуваат дека контролите на граничните премини се засилени и дека нема компромис кога станува збор за безбедноста на храната и заштитата на јавното здравје.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит и 2.000 кгр. небезбеден стек

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство, спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба од 23.05.2025 година.Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение.Во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек. Поради непочитување на процедурите на добра хигиенска и производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност.Во рамки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување на мерки за заштита на граѓаните од консумирање на небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје, и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ со апел: Строга хигиена и внимателност со храната и водата во поплавените подрачја

Поради покачените водостои на реките по неколкудневните врнежи од дожд и опасноста од нивно излевање, но и заради излевањето на реките во неколку региони во земјава, со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку храната или водата за пиење и за заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до населението да води сметка за безбеднсота на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните.„Преку медиумите да се следат информациите за временската прогноза, состојбата со водотеците во земјава, состојбата со водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење. Ако во регионите каде веќе има излевање на реките и поплавување на домовите и земјоделските површини и водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, ако има видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, сè до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дека водата е безбедна. Редовно да се одржува хигиената на рацете, пред сè по контактот со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, по чистењето и пред подготовка на храна. Да се внимава и се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води“, се наведува во препораките на АХВ.Во домаќинствата кои се поплавени, храната која била во контакт со водата од поплавата, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или подруми, да не се користи за исхрана, односно, се препорачува ваквата храна да се фрли.„Храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот кое обично се користи свежо, дополнително да се измие, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи. Доколку во домаќинствата кои се поплавени има мали деца, се препорачува тие да се хранат со индустриски подготвена храна. Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени и во случај на поплавување да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryort2c1tf3b8u0b7KRft

Куче држано две години во мал бокс, без вода, само на сув леб и во неисчистен смет – АХВ и „Лајка“ го одзедоа од сопственикот во критична состојба

По поднесена пријава од страна на здружение за заштита на животни, утрово Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација и соработка со тимот на ЈП „Лајка", спроведе инспекциска контрола на лице место и пристапи кон итно одземање на куче држано во крајно нехумани и незаконски услови.Согласно сведоштвата на соседите и поднесените докази, повеќе од две години кучето било чувано затворено во мал бокс, без пристап до питка вода, со нерасчистен измет и хрането исклучиво со сув леб. Поради ваквите услови, животното е најдено во тешка и загрижувачка состојба - екстремно изгладнето, занемарено и деформирано до степен да едвај стои на нозе.Инспекциската служба констатираше сериозни нарушувања на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, по што беше донесена одлука за итно одземање на животното и негово префрлање на понатамошна ветеринарна и хуманитарна грижа под надзор на ЈП „Лајка".На Агенцијата за храна и ветеринарство им упатуваме благодарност за нивната професионалност, навремена реакција и одлучност во заштита на животните од насилство и занемарување.Овој случај силно нè потсетува дека:Држењето животно во нехумани услови е кривично и прекршочно дело, а не „начин на чување".Сопствениците имаат законска и морална обврска да обезбедат соодветна грижа, храна, вода, простор и здравствена заштита.Занемарувањето е исто толку сериозен облик на насилство колку и физичкото малтретирање.Пријавувањето од страна на граѓаните е клучно за спречување на долготрајна злоупотреба и страдање.Ги охрабруваме граѓаните и понатаму активно да пријавува случаи на злоупотреба и занемарување, со цел обезбедување на навремена и ефективна заштита на животните.

Скопје | пред 4 месеци

skolo-4

АХВ затвори 15 локали до училиштата, учениците купувале небезбедна храна

Во засилената инспекциска акција што Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја спроведе во последните десетина дена, затворени се 15 продажни места кои продавале храна со нарушена безбедност, претежно на ученици. Во истиот период биле извршени 445 контроли.Инспекторите заплениле и уништиле 696 килограми производи со сомнително потекло и квалитет, кои биле оценети како небезбедни за употреба.Според АХВ, контролите биле насочени кон дуќани, пекари, мини-маркети и други оператори со храна што се наоѓаат во близината на основни и средни училишта, бидејќи токму овие објекти се најчеста дестинација за учениците.Проверените состојби покажале сериозни неправилности: кај 19 оператори била пронајдена небезбедна храна во продажба, 30 работеле во несоодветни хигиенски услови, а дури 26 воопшто не биле регистрирани во АХВ.Дополнително, 16 оператори немале воспоставено процедури за добра хигиенска и производствена практика, а 32 не ги подложиле вработените на задолжителни здравствено–санирани прегледи. Тројца субјекти не спровеле дезинфекција, дезинсекција и дератизација, седум работеле без исполнети технички услови, а кај уште седум била пронајдена неправилно означена храна.За прекршувањата биле изречени парични казни за 77 оператори, во вкупен износ од 36.470 евра, а издадени биле 103 решенија со задолженија за корекција на состојбите и 23 опомени.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања