Промени тема
Контакт

ПОЖАР

media-librarynht31uq0v4rkeo80MkF

Невреме и пожари во Грција: Поплави на Пелопонез, голем пожар на Скирос

Поплави на Пелопонез и голем пожар на островот Скирос ги ставија грчките служби за цивилна заштита пред сериозен предизвик за време на викендот.Силно летно невреме во саботата го погоди регионот Мани, во југозападниот дел на Пелопонез, предизвикувајќи поплави и проблеми на патиштата и инфраструктурата. За околу два часа наврнале 140 литри дожд на квадратен метар во источниот дел на Мани.Една жена била повредена откако гром удрил во нејзиниот автомобил. Таа била пренесена во болница, а повредите

Свет | пред 1 месец

media-libraryru5ctri2uk5q8cbecns

Пожар во хотел во Албанија: Повредени шест лица, меѓу нив туристи од Косово

Повеќе туристи се повредени во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин“ во приморскиот албански град Валона, при што петмина од повредените се туристи од Косово, а еден е албански државјанин.Петмина од повредените биле пренесени на лекување во Тирана, додека еден од нив е во критична состојба.Според Министерството за здравство, тројца пациенти се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од нив е во сериозна состојба поради висок процент на изгореници и потребно е континуи

Балкан | пред 1 месец

media-library85egbujvihr40ZB4WPv

Градоначалникот на Зелениково не чекал помош: Сам го зел противпожарниот камион и тргнал кон пожарот

Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, ноќеска се вклучил во гаснењето на пожарот што се приближил до последните куќи во општината, објави страницата „Се молиме за Македонија“.Според објавата, Маневски околу 2 часот по полноќ добил повик за помош, по што веднаш се упатил кон општината и го зел противпожарниот камион со кој располага локалната самоуправа.Во меѓувреме биле повикани и членовите на Доброволното противпожарно друштво Зелениково, кои се приклучиле во гаснењето на пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv74sb3mlfmr9e1laByN

Пожари на грчки остров во близина на Атина: Две лица загинаа, стотици евакуирани

Две лица загинаа во пожари што денеска речиси истовремено избувнаа на грчкиот остров Саламина, во близина на Атина, поради што беа евакуирани стотици жители и туристи, пренесува АФП.Телата на двете лица биле пронајдени во близина на плажата Перистерија, во јужниот дел на островот. Пожарите избувнале во две туристички области на југот и истокот на Саламина.Во гаснењето биле ангажирани околу 150 пожарникари, четири авиони и шест хеликоптери, додека крајбрежната стража распоредила пет брода.Саламин

Балкан | пред 1 месец

media-libraryn7c6cn7s8ihr470hy9X

Ангелов: Монтажен базен поставен до пожарот кај Драгов Дол, хеликоптерот сега носи по еден тон вода на секои 3–4 минути

Ефикасноста на полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот над селото Драгов Дол, во Општина Македонски Брод, е зголемена со поставување монтажен базен во близина на пожарната линија и реката Треска, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Со поставувањето на базенот, хеликоптерот повеќе нема потреба да лета до езерото Козјак, што претходно траело околу 15 минути. Сега водата ја полни од базенот во непосредна близина на пожарот, со што на секои три до чети

Македонија | пред 1 месец

media-library3v1okngkog6c9sWWKQp

(Видео) Драматично во Мармарис: Втор ден беснее огромен шумски пожар, силниот ветер го разгорува огнот

Шумски пожар втор ден беснее во турскиот округ Мармарис, а силниот ветер дополнително им ја отежнува работата на пожарникарите, кои се обидуваат да го стават огнот под контрола.Пожарот избувнал околу 17:30 часот во областа Мугла, во близина на крајбрежниот регион, по што, поради силниот ветер, брзо се проширил на голема површина.Во гаснењето биле ангажирани 16 хеликоптери, седум авиони, 21 противпожарно возило, шест цистерни со вода и два булдожери. Во текот на ноќта бил користен и хеликоптер оп

Свет | пред 1 месец

media-librarye4blkkh50gut3FgPntP

(Видео) Пожар во Зелениково се приближил до куќите, жителите и пожарникарите спречиле катастрофа

Паника во текот на ноќта ги вознемирила жителите на Зелениково, откако пожар се приближил до куќите во последниот ред на ридот над населеното место. За драматичната ситуација во текот на ноќта информираше Стојанче Ангелов, кој бил повикан од жителка околу 2 часот по полноќ.Ангелов веднаш го известил дежурниот пожарникар во Скопје, од каде му било потврдено дека за пожарот веќе знаат и дека противпожарно возило од станицата во Драчево е упатено кон локацијата.Во тој момент Ангелов се наоѓал на па

Скопје | пред 1 месец

pozar-crna-gora

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во пет општини, најкритично во Херцег Нови и Улцињ

Пожари се активни во пет општини во Црна Гора, а најкритична е состојбата во Херцег Нови и Улцињ, каде пожарникарите се обидуваат да ги заштитат објектите и инфраструктурата од огнената стихија.Според црногорското Министерство за внатрешни работи, во Херцег Нови најкритично е над Ѓеновиќи, на потегот од Бијела до Зеленика, додека пожар повторно се активирал и над Драгаљ, во општина Котор.Во Улцињ активни се пожарите во Владимир, Клезна, Гача, Зогање, Бриска Гора и Дарза. Пожарникарите таму се об

Балкан | пред 1 месец

media-libraryu30ba8addhfqaiVty92

(Видео) Нов голем пожар во Франција: Огнот зафати 1.600 хектари, евакуирани 650 лица

Нов шумски пожар брзо се шири во близина на Луглон, во францускиот регион Ланд, само неколку недели откако големи пожари опустошија илјадници хектари шума во југозападниот дел на Франција.Пожарот избувнал во четвртокот, а досега зафатил околу 1.600 хектари шума и ниска вегетација, соопштија локалните власти. Поради брзото ширење на огнот, околу 650 лица биле евакуирани од претпазливост.Луглон се наоѓа на околу 100 километри јужно од Бордо, во средината на голем шумски појас со крајбрежни борови.

Свет | пред 1 месец

media-library55nfst87n4biahPWJuQ

17 пожари регистрирани до 17:30 часот, активни огништа во пет општини

Во Македонија до 17:30 часот денеска се регистрирани 17 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а осум се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес, Јегуновце и Долнени.Во Студеничани гори во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума. Во Македонски Брод активни се пожарите кај местото Видуш, во близина на селата Драгов Дол и Локвица,

Македонија | пред 1 месец

media-librarygn35nh5c8vbk8JAYbQZ

Три „ер трактори“ гаснат пожар на Жеден, Ангелов очекува целосна контрола до крајот на денот

Трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување денеска се ангажирани во гаснењето на пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.Во видеоизјава од местото на пожарот, Ангелов посочи дека огнот зафатил исклучително стрмен терен со густи грмушки, поради што движењето е отежнато, а пожарникарите не можат директно да дејствуваат.Поради тоа, трите „ер трактори“ се користат со концентрирано дејство на неколку точки, со цел да се спречи понатамошното ш

Македонија | пред 1 месец

media-library5cq792orpo5o0RITDTQ

Три авиони се борат со пожарот на Сува Гора: Огнот во Јегуновце се гасне од воздух

Поради непристапниот терен, пожарот што избувна во областа на Сува Гора, во општина Јегуновце, во моментов се гасне од воздух. Во интервенцијата се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командантот на Територијалната противпожарна единица од Тетово, Авни Амети, се на терен и ја следат состојбата, како и координацијата на активностите за справување со пожарот.Од ЦУК информираат дека конфигурацијата на терено

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrimci8ain46gdsyAk9q

Повеќето пожари во Хрватска ставени под контрола, активен останува пожарот кај Задар

Состојбата со пожарите во Далмација е подобрена, а повеќето пожари се ставени под контрола, со исклучок на пожарот кај Задар, изјави главниот пожарникарски командант на Хрватска, Славко Туцаковиќ.Тој за N1 посочи дека ситуацијата кај Омиш во моментов е поволна, но предупреди на потребата од голема внимателност поради маестралот, кој почнал да дува. Пожарот на северната страна бил засилен, поради што интервенирале и „канадери“, но се очекува и тој наскоро да биде ставен под контрола.Пожарот на Пе

Балкан | пред 1 месец

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

(Видео) Трагедија во Хрватска: Еден загинат и над 40 повредени во пожарот кај Омиш

Бројот на жртвите во големиот шумски пожар кај хрватскиот град Омиш се зголеми на едно лице, додека повеќе од 40 луѓе се повредени. Телото било пронајдено при прегледот на опожареното подрачје, но неговиот идентитет засега не е потврден.Седуммина од повредените се во животна опасност и се приклучени на респиратори, изјави хрватската министерка за здравство, Ирена Хрстиќ. Четворица од нив се префрлени на лекување во Загреб, меѓу кои и 17-годишна девојка.Пожарот избувнал кај местото Локва Рогозниц

Свет | пред 1 месец

media-libraryu9hese6qkml40lntRh3

Лицето повредено во пожарот во Лознани нема изгореници за кои е потребен медицински третман

Лицето кое вчера беше пренесено на лекар поради изгореници на рацете, здобиени при гасењето на пожарот во Лознани, е пуштено на домашно лекување, соопшти Стојанче Ангелов.Стојанче Ангелов информираше дека по извршениот лекарски преглед не биле констатирани изгореници за кои е потребен медицински третман.

Македонија | пред 1 месец

media-library55nfst87n4biahPWJuQ

Вчера најтежок ден во сезоната на пожари, огнот во Лознани стигнал на 50 метри од куќите, едно лице повредено

Вчера бил еден од најтешките денови во овогодишната сезона на пожари, особено поради опасноста што ја претставувале огновите за населените места, оцени директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Во текот на денот биле регистрирани над 40 пожари на отворен простор, од кои шест и натаму се активни. Според Ангелов, тие во моментов не претставуваат директна опасност за населени места, но постои ризик да навлезат во квалитетна шума.Особено тешка била ситуацијата во селото Бого

Македонија | пред 1 месец

1120507507

40 пожари на отворено во изминатото деноноќие, шест сè уште активни

Вкупно 40 пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на државата до 07:30 часот денеска, 14 август, соопшти Центарот за управување со кризи.Од нив, шест пожари се активни, три се под контрола, додека 31 пожар е целосно изгаснат.Активни пожари има во шест општини. Во Студеничани огнот е над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума. Во Македонски Брод пожарот е во месноста Видуш, кај Драгов Дол, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грму

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuei59hohkp87d8j1LYr

Тим од 20 доброволни пожарникари од Битола се вклучи во заштитата на Лознани од пожарот, продолжува догаснувањето

Дваесет доброволни пожарникари од Битола биле активирани како поддршка во справувањето со пожарот во селото Лознани, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Тој информираше дека попладнето бил активиран Тимот за брз одговор на ДЗС од Битола, составен од 20 доброволни пожарникари, со задача да им помогне на битолските пожарникари во заштитата на селото.„Тимот помогна во одбраната на селото и сè уште работи на догаснувањето на остатоците од пожарот“, соопшти Анге

Македонија | пред 1 месец

media-library8vh5gatkqrr64U8rc1o

Пожарот на Халкидики ставен под контрола: 481 лице спасено од плажата во Сивири

Големиот шумски пожар што го зафати подрачјето на Сивири, на првиот крак на Халкидики, е ставен под контрола по тешката интервенција на противпожарните и спасувачките служби. Пожарот предизвика масовна евакуација на жители и туристи, а стотици луѓе беа спасувани директно од плажите со бродови и други пловила.Во големата поморска спасувачка операција од плажата во Сивири биле евакуирани вкупно 481 лица. Во акцијата учествувале два брода на крајбрежната стража, два брода на противпожарната служба,

Балкан | пред 1 месец

media-libraryvjn5rodn6onda5t223S

(Видео) Избувна пожар во близина на манастирот „Свети Василиј Острошки“ во Црна Гора

Пожар избувнал вечерва во близина на женскиот манастир посветен на Свети Василиј Острошки во Улцињ, според објава на Фејсбук на Илија Р. Вујовиќ.Во објавата се наведува дека пламените се наоѓале на неколку десетици метри од манастирот, додека монахињите на глас се молеле додека пожарот се ширел во близина.„Бог нека ни е на помош!“, напишал Вујовиќ во објавата.Засега нема дополнителни информации за евентуална штета на манастирот или за состојбата со пожарот.

Балкан | пред 1 месец

media-library55nfst87n4biahPWJuQ

(Фото и видео) Голем пожар кај Лознани: Огнот се доближи до првите куќи, линијата е долга 8 километри

Пожарот кај битолското село Лознани претходно претставувал сериозна опасност за првите куќи во селото, но благодарение на брзата реакција на пожарникарите од Битола и на неколку локални жители била спречена поголема катастрофа, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Сепак, опасноста сè уште не е мината. Ангелов посочи дека огнот продолжува да се спушта од другата страна на ридот, каде што е распоредена дополнителна екипа на битолските пожарникари.Постои опаснос

Македонија | пред 1 месец

media-library385mvb3fgt0dakb6wxr

Повеќе од 30 активни пожари во Македонија: Огнот се приближува до куќите во Богомила

Повеќе од 30 активни пожари се регистрирани низ Македонија, при што особено тешка е состојбата во централниот дел од земјата. Едно од најпогодените подрачја е Општина Чашка, каде што голем пожар избувна во атарот на селото Богомила.Огнот зафатил големи површини со мешана шума и тешко пристапен терен, а на места пламените јазици се приближиле и до куќите. На терен се ангажирани локалните противпожарни екипи, вработени во јавните претпријатија и жители од околните места, кои се обидуваат да го спр

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj9pq4mrlsli49RQmIxf

Голем пожар на Халкидики: Евакуација во познатото летувалиште Сивири, во гаснењето се вклучени 9 авиони и 7 хеликоптери

Голем шумски пожар избувна во популарното туристичко место Сивири на Халкидики, поради што властите наредија евакуација на жителите и туристите од подрачјето. Пламените јазици брзо се шират, а на терен се ангажирани големи пожарникарски и воздухопловни сили.Во гаснењето учествуваат 122 пожарникари, меѓу кои три специјализирани тимови за шумски пожари, со 41 противпожарно возило. Од воздух интервенираат девет авиони и седум хеликоптери, од кои еден е ангажиран за координација на операцијата. Во а

Балкан | пред 1 месец

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Рекорден број пожари ова лето: 21 активен пожар во земјава до 17 часот

Рекорден број пожари се регистрирани во текот на денот, со 21 активен пожар на територијата на земјава до 17 часот, информира Центарот за управување со кризи.Директорот на ЦУК, Мухамед Али, посочи дека станува збор за рекорден број пожари ова лето, а службите се максимално ангажирани на терен за нивно локализирање и целосно гасење.Пожари се регистрирани во повеќе општини низ земјава. Најголем дел зафаќаат ниска вегетација, шума и грмушки, а на неколку места се пријавени пожари и на плевни, ниви

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvqqsccf2bdrt7OFM3C4

Три авиони гаснат шумски пожар кај Моране, теренот е тешко пристапен

Во близина на селото Моране во Општина Студеничани во тек е интензивна акција за гаснење на шумскиот пожар, информира Центарот за управување со кризи.Во интервенцијата се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои од воздух дејствуваат на деловите каде што поради непристапниот терен гаснењето од земја е отежнато или претставува ризик за екипите.Теренските екипи работат во координација со сите надлежни и вклучени служби, со цел огнот да биде ставен под контрола и целосно изгас

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања