Пронајдена 17-годишната девојка од Желино, која беше пријавена за исчезната
Седумнаесетгодишната девојка од тетовско Желино, за која вчера било пријавено дека се оддалечила од својот дом, е пронајдена во Струга.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нејзиниот 47-годишен татко Н.М. вчера во СВР Тетово пријавил дека неговата ќерка А.Н. се оддалечила од домот.Денеска, на 25 август, тој повторно се обратил во полицијата и пријавил дека ја пронашол 17-годишната девојка во Струга.
Македонија | пред 2 месеци