Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library6imlm18r9dsh1I5RF9W

(Видео) Голем пожар се доближи до нуклеарна централа во Велика Британија

Во англиската грофовија Сафолк е прогласена состојба на голема несреќа откако голем пожар на отворен простор се доближи на помалку од пет километри од нуклеарната централа Sizewell B.Пожарот избувнал во средата попладне во областа Данвич Хит и брзо почнал да се шири кон југозапад. Во неговото гаснење учествуваат околу 90 пожарникари.Од противпожарната служба соопштија дека засега нема директна опасност за нуклеарната централа, бидејќи таа располага со сопствена инфраструктура за заштита од пожа

Свет | пред 3 месеци

microsoft

Вештачката интелигенција му донесе рекордни резултати на Мајкрософт

Акциите на „Мајкрософт“ пораснаа за речиси 10 проценти во претпазарното тргување, откако технолошкиот гигант објави приходи и добивка над очекувањата, поттикнати од силниот раст на облачната платформа Azure и производите базирани на вештачка интелигенција.Компанијата соопшти дека за кварталот од јули до септември очекува приходи меѓу 89,85 и 90,95 милијарди долари, што претставува раст од 16 до 17 проценти. Истовремено, приходите од Azure се очекува да пораснат за околу 45 проценти.Во четвртиот

Свет | пред 3 месеци

media-libraryl5o5u2cf09s06m6vhdl

Најмалку 15 слонови угинале во Кенија, се сомневаат на труење со цијанид

Најмалку 15 слонови угинале во текот на изминатиот месец во јужниот дел на Кенија, а првичните анализи покажуваат дека најверојатно се отруле со рајчици загадени со цијанид, соопштија кениските служби за заштита на дивиот свет.Надлежните засега не откриваат кој би можел да стои зад контаминацијата на рајчиците од фармите што се наоѓаат во близина на Националниот парк „Амбосели“. Во минатото постоеле сомневања дека дел од земјоделците намерно ги труеле слоновите за да ги спречат да ги уништуваат

Свет | пред 3 месеци

media-library8d9visqctesu5B6DET9

Германската железница излезе од минус – прв профит по седум години

Германската државна железничка компанија „Дојче бан“ соопшти дека во првата половина од 2026 година остварила нето добивка од 147 милиони евра, со што стави крај на седумгодишниот период на работење со загуби.Во споредба со истиот период лани, кога компанијата забележа загуба од 760 милиони евра, финансискиот резултат е подобрен за повеќе од 900 милиони евра.Приходите на компанијата се зголемиле за 1,8 проценти на годишно ниво и достигнале 13,6 милијарди евра, додека бројот на патници се искачил

Свет | пред 3 месеци

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Русија развива вакцини против ХИВ, мајмунски сипаници и крлежен енцефалитис

Рускиот државен вирусолошки центар „Вектор“ започна развој на мРНК вакцини против ХИВ, мајмунски сипаници и крлежен енцефалитис.Според водечката истражувачка во центарот, Лариса Карпенко, научниците во моментов ја испитуваат способноста на овие вакцини да предизвикаат имунолошки одговор кај лабораториски животни. Информацијата беше презентирана на конференцијата „Инженерска биологија и биофармацевтски производи“.мРНК вакцините се технологија што овозможува организмот да создаде имунолошки одгово

Свет | пред 3 месеци

media-library4ldnrfnt8dn95ixlgpy

(Видео) Необичен протест во САД: Пензионер секоја сабота ги попречува камерите за надзор

Системите за автоматско препознавање на регистарски таблички (ALPR) повторно се во центарот на вниманието во САД, откако 77-годишен пензионер од Флорида избра необичен начин да протестира против нивната употреба.Карл Ган секоја сабота оди на различна локација во градот Сент Питерсбург, каде што полицијата користи околу 50 вакви камери. Тој застанува под една од нив и со табла поставена на стап привремено ѝ го блокира видното поле.Според него, сакал да испрати порака без да оштетува јавен имот.„В

Свет | пред 3 месеци

media-library5dae4hn8h516d9RhO6o

(Видео) Необичен песочен вртлог ги изненади посетителите на тениските терени во Словенија

Необичен песочен вртлог, познат како „dust devil“, пред неколку дена се појавил во околината на словенечкиот град Кршко и ги изненадил посетителите на локалните тениски терени.Иако феноменот траел кратко, бил доволно силен за да покаже дека ваквите природни појави не се секогаш безопасни.Песочниот вртлог настанува над силно загреана подлога, кога врелиот воздух брзо се издигнува. Поради промени во струењето на воздухот, тој почнува да ротира и создава вртлог што подига прашина, песок, лисја и др

Свет | пред 3 месеци

sveka

Почина добитникот на наградата „Гоја“ Маноло Соло

Шпанскиот актер Маноло Соло почина на 62-годишна возраст, соопшти Шпанската филмска академија.Актерот, чие вистинско име беше Мануел Фернандес Серано, беше добитник на престижната награда „Гоја“ за најдобра споредна машка улога во филмот „Бесот на трпеливиот човек“. Во текот на својата кариера уште четири пати беше номиниран за истото признание, за улогите во филмовите „B“, „Добриот газда“, „Затвори ги очите“ и „Португалската селска куќа“.Роден во 1964 година во Алхесирас, Соло првично студирал

Свет | пред 3 месеци

media-library7itqmii6ibqq4hOzjmM

Шведска продаде два шпионски авиони за милијарда долари

Шведската одбранбена компанија „Сааб“ објави дека склучила договор вреден околу една милијарда долари за продажба на два надзорни авиони „GlobalEye“ на неименувана држава од Блискиот Исток. Испораката на леталата е планирана за 2030 година.Од компанијата не го откриваат идентитетот на купувачот, наведувајќи дека станува збор за чувствителен договор поврзан со националната безбедност, што е вообичаена практика при вакви набавки во одбранбената индустрија.„GlobalEye“ е изграден врз основа на делов

Свет | пред 3 месеци

media-libraryuqbhlh51bphs0pF2ohc

(Видео) Украинските сили ја нападнаа рафинеријата на „Лукоил“ во Перм

Украинскиот Генералштаб соопшти дека украинските сили извршиле напад врз нафтената рафинерија „Лукоил-Пермнефтеоргсинтез“ во рускиот град Перм, една од најзначајните постројки на компанијата „Лукоил“. Рафинеријата годишно преработува повеќе од 13 милиони тони сурова нафта и произведува бензин, дизел, авионско гориво и мазива.На социјалните мрежи во Русија вчера беа објавени фотографии и видеа за кои се тврди дека го прикажуваат нападот. Гувернерот на Пермскиот регион, Дмитриј Махонин, потврди де

Свет | пред 3 месеци

bolnica-stip

Санацијата на покривот на штипската болница, кој го однесе невремето, ќе чини неколку милиони денари

Продолжувањето на изградбата на новиот клинички комплекс во Штип, реконструкцијата на деловите оштетени во неодамнешното невреме и зајакнувањето на медицинскиот кадар беа во фокусот на денешната посета на министерот за здравство, Сашо Клековски, и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински.На средбата, на која присуствуваа и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, претставници на Клиничката болница и делегација на Светската банка, се разговараше за следните чекори за довршу

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryae2me9s0mofc17yltKW

Отворен првиот стаклен видиковец во Србија – нова туристичка атракција на Каблар

На планината Каблар свечено беше отворен првиот стаклен видиковец во Србија, кој се очекува да стане една од најпосетуваните туристички атракции во земјата.До новиот видиковец од Белград се стигнува за околу еден час и дваесет минути, а цената на билетот изнесува 500 динари.На отворањето присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој истакна дека станува збор за значаен туристички и развоен проект.„Ова е првиот стаклен видиковец во Србија и верувам дека е меѓу најатрактивните во Евро

Балкан | пред 3 месеци

media-libraryqfod25mhi1edbhytskh

Шел ја надмина прогнозата – добивката повеќе од двојно зголемена

Британскиот енергетски гигант „Шел“ (Shell) во вториот квартал од годинава оствари нето добивка од 9,84 милијарди долари, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со истиот период лани и значително над очекувањата на аналитичарите.Компанијата соопшти дека растот на добивката главно се должи на повисоките цени на нафтата и природниот гас, силните резултати од трговијата со енергенси и подобрените маржи во секторот за преработка.Во истиот квартал минатата година „Шел“ оствари добивка од 4,26

Свет | пред 3 месеци

media-library2sobhniqtnkq1u3TrLf

(Видео) Продолжува хаосот на седницата: Пратеничка петпати бараше процедурално, Гаши пак ја прекина седницата за Даути да не се повторува

Наместо пратенички прашања и одговори од Владата, седницата во Собранието повторно мина во знакот на процедурални блокади, меѓусебни обвинувања и паузи.Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците, крилото на Зијадин Села, повторно преку процедурално обраќање побара да добие одговор од премиерот Христијан Мицкоски на прашањето што му го поставила на претходната седница.Според Даути, токму премиерот е тој што ја блокира работата на Собранието.„Седницата ја блокира премиерот. Да ми одговореше

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylvook9aclh662lhKgzS

Екстремните горештини однесоа речиси 13.000 животи во две европски земји

Екстремните горештини годинава предизвикаа рекорден број смртни случаи во Германија и Велика Британија, при што, според официјалните проценки, во двете земји досега починале речиси 13.000 луѓе како последица на високите температури.Институтот „Роберт Кох“ соопшти дека до 19 јули во Германија се регистрирани околу 9.800 смртни случаи поврзани со жештините, што е највисок број за истиот период од 2016 година наваму.Повеќе од 5.000 од овие случаи се поврзуваат со силниот топлотен бран што ја зафати

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV: Имам голема љубов кон Америка, но пред сè сум пастир на целата Црква

Папата Лав XIV, првиот поглавар на Римокатоличката црква роден во Соединетите Американски Држави, изјави дека чувствува голема љубов кон својата татковина, но нагласи дека пред сè се смета за пастир на универзалната Црква, а не само за Американец.Во интервју за американската телевизиска мрежа NBC, дадено за време на молитвено бдение во летната папска резиденција Кастел Гандолфо, Светиот Отец истакна дека неговата мисија е да им служи на луѓето ширум светот.„Имам голема љубов кон Америка, но моја

Свет | пред 3 месеци

media-library5bp6q6tnfjui786f3kq

(Видео) Државјанин на Полска осомничен дека ги осквернавил статуите на Богородица и го запалил олтарот во Меѓугорје, во БиХ

Државното обвинителство на Босна и Херцеговина започна сослушување на 31-годишен државјанин на Полска, кој е осомничен за повеќе инциденти во познатото католичко светилиште Меѓугорје. По сослушувањето, обвинителството најверојатно ќе побара да му биде одреден истражен притвор.Според обвинителството, осомничениот претходно оваа седмица со црна боја ги оштетил главната статуа на Богородица на Подбрдо и уште една помала статуа, го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ и испишал навред

Настани | пред 3 месеци

media-libraryqan0j7n4ugoq25cINLO

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЈП "Македонски Шуми" и КПУ "Затвор" - Струмица: Осудени лица ќе бидат ангажирани во пошумување и шумарски активности

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Казнено-поправната установа „Затвор“ – Струмица потпишаа меморандум за меѓусебна соработка, со кој ќе се зајакне координацијата меѓу двете институции преку ангажман на осудени лица во општокорисна работа.Договорот го потпишаа директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, и директорот на КПУ „Затвор“ – Струмица, Зоран Ристов. На потпишувањето присуствуваше и директорот на Подружницата за шумарство „Беласица“ – Струмица, Никола Тренчовски.Со меморандум

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryesgf11ci823qfxsGyRx

Ормускиот теснец и војната го забавија растот на саудиската економија

Саудиска Арабија во вториот квартал од годинава го забележа најголемиот економски пад од времето на пандемијата на ковид-19, при што најголем удар претрпе нафтениот сектор поради продолжените тензии и конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.Според прелиминарните податоци на Главната управа за статистика, бруто-домашниот производ во периодот од април до јуни се намалил за 4,8 проценти во споредба со истиот период лани. Во првиот квартал економијата бележеше раст од три проценти.Најголем придонес за па

Свет | пред 3 месеци

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Екстремните горештини ја погодија Унгарија: Можно целосно запирање на нуклеарната електрана „Пакш“

Екстремно високите температури и рекордно нискиот водостој на Дунав може привремено да доведат до целосно запирање на работата на унгарската нуклеарна електрана „Пакш“, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар.Тој посочи дека поради временските услови веќе се намалува производството на електрична енергија во електраната и дека постои можност таа целосно да биде исклучена во текот на денешниот или утрешниот ден.„Постојано мораме да ги исклучуваме блоковите во „Пакш“, а можно е да биде неопходно и це

Свет | пред 3 месеци

toplo-vreme-768x556

УХМР предупредува: Следува топлотен бран, температурите ќе надминат 40 степени

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека под влијание на топла воздушна маса од југ, за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица, во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време.Според прогнозата, ќе има мала до умерена локална облачност, а дневните температури насекаде ќе бидат над 32 Целзиусови степени. Во одделни делови од земјата живата во термометарот ќе надмине и 40 степени.Од УХМР посочуваат дека високите температури ќе се задржат и во тек

Македонија | пред 3 месеци

media-library28iajcrl04gh0VunycG

Специјализантите по медицина со рок до 10 август да го пријават интересот за вработување

Министерството за здравство упати јавен повик до сите специјализанти по медицина да го пријават својот интерес за вработување во јавните здравствени установи.Како што информираат од Министерството, целта е да се добијат информации за областите на специјализација и моменталниот статус на вработување, со што ќе се овозможи подобро и навремено планирање на потребниот специјалистички кадар во здравствениот систем.Заинтересираните специјализанти треба да ги пополнат бараните податоци во електронскиот

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygl20rehd1fgd4HJJ9Ec

Мицкоски до Филипче: Инфлацијата во јуни 2026 година е 3,4%, инфлацијата во јуни 2022 беше 14,7%

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница одговори на пратеничко прашање од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, при што ги спореди економските показатели од периодот на владата на СДСМ и ДУИ со актуелните резултати. Тој истакна дека инфлацијата е значително намалена, додека растот на платите, пензиите и бруто домашниот производ е побрз отколку во претходниот владин мандат.Мицкоски посочи дека инфлацијата во јуни 2026 година изнесувала 3,4 проценти, додека во истиот месец во 2022 г

Македонија | пред 3 месеци

media-library35gkg77b4skt1N61Rtx

Мотоциклист со тешки повреди по сообраќајна несреќа во Скопје

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 29 јули во 15:15 часот, а во неа учествувале патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот А.Ј. од селото Ржаничино, и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 28-годишниот Б.А. од селото Сингелиќ.Во судирот тешко бил

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Пијан возач приведен во Куманово, возел со 1,91 промили алкохол во крвта

Четириесет и деветгодишен жител на кумановското село Доброшане е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил под дејство на алкохол.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 29 јули, околу 15:18 часот, на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници запреле патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.К. (49).При извршената контрола било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, при што алкотестот покажа

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања