Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryn073s1ua71gf5JrEWXR

Летал на автопатот Гостивар-Тетово со 177 км/ч, а било дозволено 80 км/ч

Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Министерството за внатрешни работи денеска во 18 часот лишиле од слобода 47-годишен возач од Тетово, кој на патот Гостивар–Тетово бил фатен како управува возило со брзина од 177 километри на час.Како што соопшти МВР, прекршокот бил регистриран со специјално службено возило „пресретнувач“ на клучката Боговиње, каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.По насоки на јавен обвинител, возачот со иницијали К.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Ирска е со Украина уште од почетокот на руската инвазија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Даблин ѝ се заблагодари на Ирска за поддршката што ѝ ја дава на Украина од почетокот на руската инвазија, а воедно упати и апел за забрзување на процесот на пристапување на земјата во Европската Унија.Обраќајќи се на свеченото отворање на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, Зеленски предупреди дека во Европа сè уште постојат компании кои, како што рече, се во сопственост или под ефективна контрола на Русија и на санкционир

Свет | пред 4 месеци

media-librarymh007pqmuhne1Wkn6Sk

Рекорден број граѓани на ЕУ ја напуштиле Белгија

Рекорден број граѓани на Европската Унија ја напуштиле Белгија во текот на 2024 година, покажува годишниот извештај на белгиската агенција за миграции „Мирија“.Според извештајот, минатата година од Белгија се иселиле 61.338 државјани на земји членки на ЕУ, што е највисок број досега. Најбројни меѓу нив биле Романците, Французите и Холанѓаните.Во исто време, во Белгија се доселиле 171.706 странски државјани, бројка слична на онаа од 2023 година и повисока од периодот пред пандемијата. Речиси поло

Свет | пред 4 месеци

microsoft

„Мајкрософт“ подготвува нов бран отпуштања, погодени ќе бидат илјадници вработени

„Мајкрософт“ се подготвува да објави нов бран отпуштања, кои ќе опфатат илјадници вработени, како дел од стратегијата за намалување на трошоците и зголемување на инвестициите во вештачката интелигенција, објави Business Insider.Според извори запознаени со плановите на компанијата, отпуштањата ќе ги погодат одделите за продажба, консултантски услуги и секторот за видеоигри Xbox. Се очекува тие да опфатат помалку од 2,5 проценти од вкупно околу 220.000 вработени во компанијата, а официјалното сооп

Свет | пред 4 месеци

media-library8aa6ce7pkn1raNRZm5F

Нова технологија на скопскиот аеродром: Лаптопите, телефоните и течностите повеќе не се вадат од багажот

Патниците кои патуваат преку Меѓународниот аеродром „Скопје“ од денеска ќе поминуваат низ побрза и поедноставна безбедносна контрола. Благодарение на новата технологија, повеќе нема да има потреба да ги вадат лаптопите, таблетите, мобилните телефони и течностите од рачниот багаж при безбедносната проверка.Аеродромскиот оператор „ТАВ Македонија“ инвестираше околу еден милион евра во нови системи за безбедносна контрола, меѓу кои два уреди со компјутерска томографија (CT) за скенирање на рачниот б

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2

Трамп првпат полета со луксузниот авион што му го подари Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска првпат полета со преуредениот авион „Боинг 747“, кој Соединетите Американски Држави го добија како подарок од Катар. Луксузното летало, чија вредност се проценува на околу 400 милиони долари, минатиот месец официјално беше вклучено во претседателската флота.Пред да биде пуштен во употреба, авионот поминал низ обемни безбедносни модификации, финансирани од американските даночни обврзници. Трамп со него отпатува во Северна Дакота, каде што ја посети н

Свет | пред 4 месеци

media-libraryar7am7df3pgf8AfbBtI

Лефков: Целта на владината реконструкција е поефикасно функционирање на институциите

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, беше гостин во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа и се осврна на темата за владината реконструкција, при што истакна дека градењето силни институции, наместо силни поединци, е целта на владината реконструкција, која треба да овозможи поефикасно функционирање на извршната власт преку оптимално распоредување на кадровските капацитети.„Секому се наоѓа место, за да може оптимално да ги изврши задачите за кои практично и се избира, а тоа е д

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykrbud0cqpaobaGOKrkf

Состојба по невремето: поплави, паднати дрвја и штети во повеќе региони низ државата

Центарот за управување со кризи објави состојба по невремето и обилните врнежи од дожд што денеска зафатија повеќе делови од државата. Преку Единствениот повикувачки број 112 се примени голем број пријави за поплави, паднати дрвја, оштетена инфраструктура и други последици, а надлежните институции се на терен и работат на санирање на состојбата.Најпогоден е скопскиот регион, каде што се регистрирани поплавени подвозници, кружни текови, улици, куќи, подруми, гаражи и магацински простории. Вода на

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryf2hpfu66bj759GnL39E

Топлотниот бран заврши со силно невреме и поплави во Централна Европа

Силно невреме ја зафати Централна Европа, носејќи поројни дождови, град, силен ветер, поплави и големи проблеми во сообраќајот во Словенија, Австрија и јужните делови на Германија.Во Словенија е прогласено портокалово предупредување за целата земја, а локално веќе е регистриран град во повеќе населени места. Метеоролозите предупредуваат дека во текот на денот и ноќта се очекуваат нови силни бури, проследени со обилни врнежи, грмежи и силни налети на ветер.Во Австрија, за делови од земјата е изда

Свет | пред 4 месеци

putin-2

Поради масовните украински напади, Русија е принудена да увезува бензин од Индија

Русија почна да увезува бензин од Индија по морски пат за да го ублажи недостигот на гориво предизвикан од украинските напади врз енергетската инфраструктура, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извори од индустријата.Според нив, веќе се испратени најмалку 60.000 метрички тони бензин од Индија кон Русија, а планирано е месечно да се увезуваат околу 400.000 тони гориво од повеќе земји, меѓу кои и Белорусија.Недостигот на гориво се чувствува во повеќе руски региони, што доведе до ограничувања во п

Свет | пред 4 месеци

kgn-img-484545

„Гугл“ загуби на суд, ќе плати 1,29 милијарди евра на шведска компанија

Шведски суд пресуди дека технолошкиот гигант „Гугл“ треба да ѝ исплати 14,3 милијарди шведски круни, односно околу 1,29 милијарди евра, на компанијата за споредба на цени „ПрајсРанер“ поради нарушување на правилата за фер пазарна конкуренција.Станува збор за најголемата досега досудена отштета за прекршување на правилата за конкуренција во историјата на Шведска. Сепак, судот одобри значително помал износ од оној што го бараше „ПрајсРанер“, која побара надомест од 64 милијарди круни, плус камата.

Свет | пред 4 месеци

w_55031023

Каја Калас пристигна во Босна и Херцеговина: Брисел е сериозно загрижен поради застојот на реформите

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, пристигна во дводневна посета на Сараево, каде што разговараше со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и со министерот за надворешни работи Елмедин Конаковиќ за европските интеграции на земјата.Во интервју за агенцијата ФЕНА, Калас изјави дека Брисел е сериозно загрижен поради застојот на реформите во БиХ.„Во последните две години гледаме застој на реформите, поради што сме многу загрижен

Балкан | пред 4 месеци

media-librarytnjrevpnv32s5oy3wxs

(Видео) Повеќе од 1.000 работници се на терен по поројниот дожд, булеварите се проодни, нема жртви, вели скопскиот градоначалник

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека по невремето кое попладнево го зафати главниот град, екипите на Град Скопје и јавните претпријатија веднаш излегле на терен и со брза, навремена и координирана реакција спречиле поголеми последици.Тој посочи дека службите остануваат целосно мобилизирани и ќе бидат на терен во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенции и поддршка за граѓаните.„Екипите на Град Скопје и јавните претпријатија се будни, мобилизирани и на терен.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarynqtac210pp9f2scz9nk

(Фото) Невремето предизвика серија пожари во Струмичко: Гореа електрични столбови, броило и шума

Краткото, но интензивно невреме што го зафати Струмичко предизвика повеќе пожари и интервенции на терен, информираат од Територијалната противпожарна единица Струмица.Пожарникарите интервенирале на повеќе локации, каде што биле пријавени запалени електрични столбови, кабли, електрично броило, шумски пожар, како и паднато дрво на коловоз.Според информациите, во селото Моноспитово бил запален електричен столб и кабли, а слични интервенции имало и во селата Куклиш и Габрово Балдовци. На улицата „Кл

Македонија | пред 4 месеци

media-library4hjcgf9759nq9g9aLwN

(Видео) Скопје „стана“ Грција – жител пловеше со душек низ поплавениот подвозник

Поројниот дожд што денеска го зафати Скопје повторно предизвика поплавени улици и подвозници, а една несекојдневна сцена го привлече вниманието на граѓаните.На видеоснимка што се споделува на социјалните мрежи се гледа жител кој, наместо да ја заобиколи насобраната вода, решил да ја искористи ситуацијата на поинаков начин. Со гумен душек тој буквално плови низ поплавениот подвозник, додека присутните ја снимаат необичната глетка.Снимката за кусо време стана хит на социјалните мрежи, а бројни кор

Скопје | пред 4 месеци

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Разговорите со Иран се одвиваат многу добро

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека индиректните преговори меѓу САД и Иран, кои се одржуваат во Доха со посредништво на Катар и Пакистан, напредуваат и се одвиваат „многу добро“.„Процесот на денуклеаризација на Иран оди добро. Имавме многу добри состаноци и ќе видиме како ќе се развива“, изјави Трамп пред новинарите во воената база „Ендруз“.Тој повтори дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје и оцени дека односите меѓу двете земји во моментов се движат во позитивна насока, и

Свет | пред 4 месеци

media-library24oeu4rpa785fHpivyk

Издавачката куќа „Менарт“ од Загреб се прости од Владо Јаневски

Загрепската издавачка куќа „Менарт“ со емотивна порака се прости од македонската поп-ѕвезда Владо Јаневски, кој почина на 28 јуни во Скопје, на 65-годишна возраст, по кратко боледување.Од „Менарт“ потсетија дека Јаневски беше еден од најпрепознатливите гласови на македонската поп-музика, а во 2025 година под нивната етикета го објави албумот „Најубавите љубовни песни“ на хрватски јазик.Во објавата се наведува дека Владо Јаневски повеќе од три децении остави силен белег на музичката сцена со свој

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydhlgsipjjh3l23U8trO

Повеќе пријави за поплави и проблеми во сообраќајот по невремето во Скопје

Поради силното невреме што попладнево го зафати Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави за поплави и проблеми во сообраќајот.Според информациите, поплавени се два подвозника – пред кружниот тек во Бутел и на булевар „Србија“ во Општина Кисела Вода, каде што има и заглавени возила.Проблеми се пријавени и на кружните текови кај „Ист гејт“ и Железара во Општина Гази Баба, како и кај Мото Центар и Цементара во Кисела Вода.Поплавена е и улицата „Јордан

Скопје | пред 4 месеци

potkup-e1508078325251

Му побарала 300 евра за да му напише шестка - детали за професорката која бараше пари од студент: обвинителството бара забрана за предавање

Основното јавно обвинителство Штип отвори истрага против 38-годишна доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, осомничена за примање поткуп.Според Обвинителството, професорката, како службено лице, побарала 300 евра од студент за да му впише преодна оценка, иако претходно не го положил испитот.Како што се наведува, на 16 јуни студентот не покажал доволно знаење за да го положи испитот, но наместо да му биде евидентиран неуспехот, осомничената побарала паричен надомест за да му впише оценка

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydr1qog2d0m1tfdpdxF1

Кризните штабови во Кисела Вода, Бутел, Гази Баба и Чаир мобилизирани по невремето

По силното невреме што го зафати Скопје, кризните штабови и службите во општините Кисела Вода, Бутел, Гази Баба и Чаир се целосно мобилизирани и постапуваат по пријавите на граѓаните.Од Општина Кисела Вода информираа дека поради обилните врнежи е свикана итна седница на Кризниот штаб. Општинските екипи се на терен и интервенираат по пријавите за поплавени површини и објекти, а во постојана координација се со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Водовод и канал

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryeif14365i67lcwSH2M0

Поплавени улици и подруми по невремето во Скопје: Најпогодени Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба

Невремето што попладнево го зафати Скопје предизвика бројни проблеми во повеќе делови од градот, а преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени голем број пријави од граѓани.Пријавени се поплавени подрумски простории, дворови на куќи, магацини, подвозници и кружни текови, како и заглавени возила и други последици од обилните врнежи.Според досегашните информации, најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба.За сите пријавени случаи веднаш се известени Бригада

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryq49lfro4nh9s1lClGDt

Турскиот извоз е во пад, Русија ја престигна Кина како најголем снабдувач

Турскиот извоз во мај забележа остар пад од 9,5 проценти на годишно ниво и изнесуваше 22,46 милијарди долари, покажуваат прелиминарните податоци од турскиот Завод за статистика.Во истиот период, увозот се намалил за 10,8 проценти и достигнал 28,07 милијарди долари.По падот на извозот и увозот, трговскиот дефицит на Турција во мај изнесувал 5,6 милијарди долари, што е за 15,6 проценти помалку во споредба со истиот месец лани.Германија е и натаму најголемиот извозен пазар за турските производи, но

Свет | пред 4 месеци

media-library62cle5pp2onb6c9cD9x

Вонредна состојба на Онкологија: Поплавен делот за зрачење, исклучени апаратите, пациентка заглавена под јод

Вонредна ситуација има на Клиниката за онкологија, откако бил поплавен долниот кат, каде се врши радиотерапија на пациенти кои се лекуваат од малигни заболувања, дознава „Скопје1“.Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, за „Скопје1“ потврди дека веднаш по настанот биле исклучени сите апарати, со што е спречена поголема опасност.„Апаратите се навремено исклучени“, изјави Стојковски.Според информациите до кои дојде „Скопје1“, во моментот на поплавата една пациентка се наоѓала на третман со јод к

Скопје | пред 4 месеци

media-librarykrbud0cqpaobaGOKrkf

(Видео) Поплавена раскрсница во Чаир

По силното невреме што попладнево го зафати Скопје, поплавена е и раскрсница во Чаир.Големата количина вода на коловозот го отежнува одвивањето на сообраќајот, поради што возачите се движат со зголемена внимателност.Граѓаните апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат претпазливи при минување низ овој дел од градот.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarydhlgsipjjh3l23U8trO

(Видео) Автомобил остана заглавен под подвозникот кон Бутел по силното невреме

Силното невреме што го зафати Скопје предизвика сериозни проблеми на повеќе локации низ градот. Под подвозникот кон Бутел, поради големата количина вода што се собра на коловозот, автомобил остана заглавен и не можеше да го продолжи движењето.Во меѓувреме, и други граѓани споделуваат информации за последиците од невремето на различни делови од главниот град. Според нивните пријави, паднати дрвја и делови од фасади има во Центар, Дебар Маало, Ченто, Капиштец, Лептокарија и Карпош 4, при што оштет

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања