Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library2j518dfcmn7hdxpz2G1

Нови руски напади врз Украина: Загинаа најмалку девет лица, десетици се повредени

Најмалку девет лица загинаа, а десетици се повредени во новите руски напади извршени во повеќе делови на Украина, соопштија украинските власти.Најтешко погоден бил југоисточниот град Днипро, каде што во ракетен напад врз инфраструктурни објекти загинале пет лица, а 29 се повредени. Гувернерот на регионот, Олександр Ханжа, соопшти дека спасувачките екипи сè уште работат на терен.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија извршила ракетен напад врз Днипро, при што биле погодени

Свет | пред 4 месеци

media-libraryd3h4gpcf44mt8wRbKpx

Милошоски: Филипче уште сега создава алиби за дебаклот кој ќе го доживее на следните избори

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Антонио Милошоски, денеска го критикуваше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговата најава дека ќе го блокира предложениот Изборен законик.Според Милошоски, ваквиот став на Филипче претставува спротивставување на законите кои се дел од Реформската агенда и за кои, како што посочи, Европската комисија досега давала високи оценки.Тој оцени дека најавата за блокада може да претставува обид на лидерот на СДСМ да обезбеди алиби за евентуал

Македонија | пред 4 месеци

fond-penzisko-piom

ПИОМ по ревизорскиот извештај: Надминати се слабостите, пензискиот систем функционира непречено

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ПИОМ) соопшти дека финансиската стабилност на институцијата, редовната исплата на пензиите и непреченото функционирање на пензискиот систем не се доведени во прашање, реагирајќи на конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот во 2024 година.Од ПИОМ посочуваат дека станува збор за редовна годишна ревизија, која ги опфаќа финансиското работење, усогласеноста на постапките и управувањето со средстват

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Топлотниот бран предизвика проблеми во унгарската нуклеарна централа, воведени се посебни мерки

Рекордниот топлотен бран што ја зафати Унгарија предизвика сериозни проблеми во работата на нуклеарната централа Пакш, откако температурата на водата во Дунав ги надмина дозволените граници.Според операторот МВМ, унгарскиот министер за енергетика Иштван Капитањ одобрил дводневно изземање на централата од прописите кои го ограничуваат загревањето на водата во Дунав, со цел да се спречи дополнително намалување на производството на електрична енергија.Во понеделник температурата на Дунав во близина

Свет | пред 4 месеци

media-libraryshmlnk27fptm0ARyXFY

Сиљановска-Давкова го прими министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој е во официјална посета на државата.Соговорниците го поздравија отворањето на дипломатското претставништво на Литванија во Скопје, како и одлуката на македонската Влада за отворање амбасада во Вилнус, очекувајќи засилен политички дијалог, поголема економска и културна соработка, како и подобри севкупни односи меѓу двете држави.Претседателката воочува значителен

Македонија | пред 4 месеци

media-library5vkk4o9572aj27AOPkZ

Шок на Вимблдон: Финалистката од Ролан Гарос елиминирана уште во првото коло

Големо изненадување беше забележано уште на стартот на Вимблдон, откако полската тенисерка Маја Хвалинска го заврши настапот уште во првото коло на турнирот.Хвалинска беше поразена од Тајланѓанката Мананчаја Савангаеве со 2:1 во сетови (2:6, 7:5, 6:2), иако одлично го отвори натпреварот и убедливо го доби првиот сет.Сепак, во вториот сет Полјачката се здоби со повреда на зглобот, што значително влијаеше на нејзината игра. Иако повредата изгледаше сериозно, Хвалинска реши да го продолжи мечот.Таа

Спорт | пред 4 месеци

media-libraryl2cjhu2abgan3LSb4yy

Обилни дождови предизвикаа одрони во Австрија: Евакуирани околу 200 луѓе

Околу 200 лица кои останале отсечени во планинската долина Каунертал во австриската покраина Тирол биле евакуирани откако обилните врнежи од дожд предизвикале неколку одрони од кал и камења.Австриската армија ангажирала два хеликоптера за евакуација на излетниците од живописната долина, која се наоѓа во близина на границата со Италија.Според локалните власти, по силните дождови што го зафатија регионот во неделата, три одрони се урнале врз главниот пристапен пат, целосно блокирајќи го со кал, ка

Свет | пред 4 месеци

erdogan-1

Ердоган пред самитот на НАТО: Очекуваме поголемо единство и солидарност

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција очекува претстојниот самит на НАТО, кој ќе се одржи следниот месец во Анкара, да испрати силна порака за единство и солидарност меѓу земјите членки на Алијансата.Ердоган истовремено повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема, како и на поголемо вклучување на Турција во иницијативите за зајакнување на европската безбедност, пренесува Ројтерс.Анкара на 7 и 8 јули ќе биде домаќин на самитот на кој ќе учеству

Свет | пред 4 месеци

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

(Видео) Нова трагедија во Венецуела: Осуммина повредени во експлозија на нафтена платформа

Најмалку осум работници се повредени во експлозија што доцна синоќа, по локално време, се случила на нафтена платформа во венецуелската сојузна држава Апуре, соопштија локалните власти.Несреќата се случила на нафтена платформа во југозападниот дел на Венецуела, а сите повредени работници биле префрлени во соседна Колумбија, каде што им била укажана медицинска помош.Надлежната служба на државната нафтена компанија ПДВСА (PDVSA), која управува со платформата, потврди дека повредените се транспорти

Свет | пред 4 месеци

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Франција привремено го намали производството на нуклеарна енергија поради екстремните горештини

Екстремниот топлотен бран што ја зафати Франција доведе до привремено намалување на производството на нуклеарна енергија за околу 4,1 гигавати, што претставува приближно седум проценти од вкупната побарувачка за електрична енергија во земјата.Според податоците на францускиот оператор на електропреносната мрежа РТЕ и државната електроенергетска компанија ЕДФ, реакторот „Голфеш 2“ на реката Гарона привремено бил исклучен од мрежата поради екстремно високите температури.Како што пренесува порталот

Свет | пред 4 месеци

media-library9impongbj4mq1q9X6rE

Студентарија алармира: Шест дена без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Студентската организација „Студентарија“ повторно реагираше на, како што наведува, мизерните услови во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, посочувајќи дека студентите веќе шести ден се без електрична енергија.Според соопштението, и покрај тоа што проблемот трае со денови, досега нема официјална реакција ниту од раководството на домот, ниту од Министерството за образование и наука.Студентите сведочат дека причината за прекинот на електричната енергија повторно се неплатени сметки. Од „Студе

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

„Електронското гласање на дијаспората е рецепт за масовни злоупотреби“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција изрази сериозна загриженост за предлогот за воведување електронско гласање на дијаспората, оценувајќи дека ваквото решение отвора простор за масовни злоупотреби и изборни манипулации.Според Филипче, предложениот модел не нуди доволни гаранции за проверка на идентитетот на гласачите и може да доведе до неконтролиран изборен процес.„Тоа отвора ризик за масовно и неконтролирано гласање. Станува збор за многу опасен систем кој

Македонија | пред 4 месеци

media-library40d7b3barb3beSUeu45

(Видео) Фонтаната во која пропаѓаа камиони и ја чуваа редари се поправа: беше платена 2,5 милиони евра, а не функционираше

Подната фонтана на плоштадот во Скопје, која со години беше надвор од функција, наскоро повторно ќе биде пуштена во употреба, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Според него, фонтаната, која некогаш беше едно од најпрепознатливите обележја на главниот град и омилено место за скопјани и туристи, по повеќе од една деценија запуштеност и негрижа повторно ќе заживее.„Ова повеќе нема да биде простор по кој ќе минуваат автомобили и тешки товарни возила. Повторно ќе биде место за про

Скопје | пред 4 месеци

media-library1r808pp8bjm32QMSX4Q

Во чест на Владо Јаневски: утре собир на платото пред арената „Борис Трајковски“

Во чест на македонската музичка легенда Владо Јаневски, утре во 20 часот на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир на кој граѓаните ќе имаат можност за последен пат да му оддадат почит.Од „Прагма продукција“ ги повикаа сите што го сакаа, почитуваа и растеа со музиката на Владо Јаневски да присуствуваат на настанот и заедно достоинствено да се простат од големиот уметник.„Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето прису

Македонија | пред 4 месеци

media-librarythppdii899tk9On5Afy

„СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека пратеничката група на партијата ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека во него има решенија кои, според СДСМ, отвораат простор за злоупотреба на изборниот процес.Филипче истакна дека СДСМ нема да поддржи закон за кој смета дека не обезбедува фер и демократски избори.„Ваков закон не смее да биде донесен. Ќе го блокираме затоа што граѓаните заслужуваат фер и демократски изборен процес“, рече Ф

Македонија | пред 4 месеци

media-library4mj581auo24g2N0aRJZ

Не излегувајте на сонце од 11 до 17 часот: Здравствените власти со важни препораки за заштита од високите температури

Поради најавените високи температури, Министерството за здравство, врз основа на препораките на Институтот за јавно здравје, апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од топлото време со цел да се избегнат здравствени последици.Од Министерството препорачуваат граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце и престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, кога температурите се највисоки.При престој на отворено се советува носење лесна и светла облека, како и заштитн

Македонија | пред 4 месеци

danka

Дали ќе има доживотен затвор? Апелацискиот суд го презеде случајот за Данка Илиќ

Вишиот суд во Неготин денеска ги достави до Апелацискиот суд во Ниш списите од предметот против Д.Д. и С.Ј., обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ, со цел второстепениот суд да одлучи по поднесената жалба.Претходно, Вишиот суд во Неготин ја потврди обвинителницата против двајцата обвинети, кои се товарат за тешко убиство, но истовремено го отфрли обвинението и ја запре постапката против Р.Д., татко на еден од обвинетите, кој беше осомничен дека му помогнал на својот син да го сокрие т

Балкан | пред 4 месеци

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Шест возачи приведени за безобѕирно возење, меѓу кои двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода шест возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, петмина од приведените управувале возила без возачка дозвола, при што двајца од нив биле малолетници. Дополнително, едно лице било затекнато како управува патничко возило и покрај тоа што имало активна забрана за управување.По едно лице без возачка дозвола било затекнато во Ск

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Масакр во Германија: Најмалку петмина загинати во пукање, осомничениот е уапсен

Вооружен напад со трагични последици се случи во германскиот град Штаде, во покраината Долна Саксонија, каде што, според првичните информации, загинале најмалку пет лица.Германската полиција соопшти дека осомничениот за нападот е уапсен кратко по инцидентот и се наоѓа во притвор.Пукањето се случило во областа Данкерсштрасе во Штаде, а на местото на настанот веднаш биле испратени голем број полициски и спасувачки екипи.Портпарол на полицијата потврдил дека најмалку пет лица ги загубиле животите,

Свет | пред 4 месеци

media-libraryndu9oplpjfe373wxNQ8

Во среда во 12:05 ВМРО-ДПМНЕ ќе создаде „ЗНАМ 2.0“, тврди СДСМ

Во среда, пет минути по 12 часот, ВМРО-ДПМНЕ во хотелот „Лимак“ ќе го формира „ЗНАМ 2.0“, тврдат од Социјалдемократската младина на Македонија. Петар Огњеновиќ, член на ИО на СДСМ, пред хотелот рече дека е предвидено да се одржи настан насловен „Разговори за иднината”.Неофицијално ќе присуствуваат поранешни високи функционери на СДСМ.Според Огњеновиќ, настанот ќе се одржува зад затворени врати, а учесниците на него се непознати. Тој го повтори тврдењето на социјалдемократите дека Мицкоски сака п

Македонија | пред 4 месеци

Apple_Store_LA

Apple ќе го претстави првиот преклопен iPhone, но цената нема да ги израдува фановите

Компанијата Apple би можела веќе во септември да го претстави својот прв преклопен iPhone, за кој неофицијално се шпекулира дека ќе го носи името „iPhone Ultra“.Според најновите информации објавени од новинарот Марк Гурман од Bloomberg, технолошкиот гигант најверојатно ќе ја следи својата вообичаена практика и новата генерација на iPhone уреди ќе ја претстави во втората недела од септември.Гурман наведува дека Apple традиционално ги организира своите презентации во првиот вторник или среда по ам

Свет | пред 4 месеци

media-librarysvffc27oj6didpTXe7P

Трамп: Иран побара средба со САД, разговорите утре во Доха

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека претставници на Иран побарале состанок со американската страна и дека разговорите треба да се одржат утре во катарската престолнина Доха.„Иран побара состанок. Ќе се одржи утре во Доха!“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“.Најавата доаѓа откако Иран претходно се повлече од учество во техничките преговори во Швајцарија, по американските напади врз ирански цели. Подоцна, повеќе американски медиуми, повикувајќи се на неименувани америка

Свет | пред 4 месеци

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

(Видео) Апасиев: Левица ќе го блокира Изборниот законик ако остане политичката дискриминација во него

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција изјави дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик и најави дека неговата партија ќе го блокира процесот доколку, како што рече, во законот остане политичката дискриминација.Апасиев истакна дека во текот на работните состаноци не бил постигнат договор за повеќе клучни прашања, меѓу кои условите за независните кандидати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, државнот

Македонија | пред 4 месеци

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

МВР приведе 10 лица во три градови поради поседување дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници лишиле од слобода вкупно 10 лица во Скопје, Штип и Кавадарци, откако при преглед кај нив биле пронајдени наркотични средства.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на различни локации во Скопје биле приведени А.С. (25), Х.А. (18), Ј.И. (29) и М.Л. (21), сите од Скопје, А.С. (32) од село Трубарево, Б.Д. (47) од село Инџиково, 17-годишник од скопско и С.А. (53) од кривопаланечко. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени м

Македонија | пред 4 месеци

media-library24oeu4rpa785fHpivyk

“Лажниот патриотизам не се мери со омраза кон покојниот Владо Јаневски”

Платформата „Православно секојдневие“ објави реакција по бројните коментари и објави на социјалните мрежи по смртта на музичарот Владо Јаневски, оценувајќи дека политичките поделби не смеат да бидат причина за омраза кон човек, ниту повод за злорадост по неговата смрт.Во текстот со наслов „Владо Јаневски и срамот на лажниот патриотизам“, авторите посочуваат дека музиката на Јаневски оставила силен белег кај повеќе генерации и дека тоа претставува вредност што не треба да се засени од политички н

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања