Промени тема
Контакт

Најнови вести

3 нед.
media-library4ti35pjjdk2lbSNPLvL

Израел ја отвори првата амбасада во Словенија, пред зградата протестираа пропалестински демонстранти

Израел денеска ја отвори својата прва амбасада во Словенија, а по тој повод во Љубљана допатува израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, кој се сретна со својот словенечки колега Тоне Кајзер.По средбата, Саар отворањето на амбасадата го оцени како „историски ден“. Тој го опиша Израел како единствена демократија на Блискиот Исток и важен партнер на Европа, нагласувајќи ја и неговата улога во европската безбедност.Пред новата амбасада се собраа неколку стотици пропалестински демонстр

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryjujg0qmj1qje6UBmV3t

Словенија се откажува од „деветолетката“, од 2028 година се враќа осумгодишното основно образование

Словенија најави голема реформа на образовниот систем по објавувањето на резултатите од ПИСА 2025, според кои учениците постигнале најслаби резултати откако се спроведува истражувањето.Словенечкиот министер за образование, наука и млади, Борут Рончевиќ, најави укинување на деветгодишното основно образование и постепено воведување преобликуван модел на осумгодишно основно образование од учебната 2028/2029 година.„Состојбата е многу лоша, а трендот катастрофален“, оцени Рончевиќ, пренесуваат слове

Балкан | пред 3 седмици

3 нед.
media-library4mj581auo24g2N0aRJZ

Над 5.000 лица починале од жештините во Шпанија

Шпанија годинава забележала рекордни 61 ден со услови на топлотен бран, што е најголем број откако се водат мерењата. Претходниот рекорд изнесуваше 41 ден, регистриран во 2022 година.Според шпанската национална метеоролошка агенција АЕМЕТ, земјата го имала и најжешкото лето откако се водат податоци од 1961 година, со просечна температура од 24,5 степени Целзиусови. Тоа е за 0,3 степени над претходниот рекорд поставен во 2025 година.Топлотните бранови во јули и август траеле повеќе од 20 дена, шт

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Кремљ: Европа сама си нанесува штета со високите цени на гасот

Кремљ оцени дека Европа се соочува со сериозни проблеми поради растот на цените на природниот гас, при што од Москва порачаа дека европските земји би можеле да набавуваат руски гас по поповолни услови.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека европските земји сами си создаваат дополнителни трошоци со набавката на гас по актуелните пазарни цени, наместо да ја разгледаат можноста за руски енергенси.„Европа сама си нанесува штета“, порача Песков.Цените на природниот гас во Европа, под влија

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library51l55icgsv73b4ZHSGo

Сулејмани во работна посета на шест културни установи: „За подобри услови и развој на културата“

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска оствари работна посета на шест културни установи во Скопје – Македонската филхармонија, Македонскиот народен театар, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, Националниот конзерваторски центар и Конзерваторскиот центар – Скопје.Во рамките на посетите, Сулејмани со директорите разговарал за тековната работа, програмските активности, кадровските и инфраструктурните предизвици, како и за условите за работа во установите.Посебн

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library06n17o41rd039MbAVnX

Нафтата повторно над 100 долари за барел

Цената на нафтата повторно ја надмина границата од 100 долари за барел, зголемувајќи ги стравувањата од нов инфлаторен удар и забавување на светската економија.Цената на северноморската нафта „брент“ во средата накратко достигна 100,19 долари за барел, што е највисоко ниво од јули. Од почетокот на годината нафтата поскапела за повеќе од 60 отсто, а ова е третпат годинава цената да ја надмине границата од 100 долари.Новиот скок следува по дополнителното зголемување на тензиите во Персискиот Залив

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Брисел испраќа 114,7 милиони евра за справување со мигрантската криза во Сеута

Европската комисија одобри итна финансиска помош од 114,7 милиони евра за Шпанија за справување со мигрантската криза во Сеута, која трае од крајот на јули. Од Брисел одлуката ја опишаа како израз на целосна солидарност со Шпанија.Од вкупната сума, 82,7 милиони евра ќе бидат обезбедени преку Фондот за азил, миграција и интеграција, а 32 милиони евра преку Инструментот за управување со границите и визите.Средствата ќе се користат за зајакнување на граничната контрола и безбедносната инфраструктур

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Ескалација на Блискиот Исток: Иран нападна американски цели во Јордан

Иран изврши ракетен напад врз американска воена база во Јордан, што Техеран го опиша како одговор на американските напади врз ирански танкери. Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападот бил извршен во рамки на, како што го наведува, правото на легитимна одбрана.Јорданската армија соопшти дека нејзините системи за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 18 од вкупно 20 балистички ракети истрелани од Иран. Две ракети паднале во ненаселени подрачја, а нема пријавено жртви.Иран

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонското Собрание е домаќин на Третата регионална конференција посветена на улогата на парламентарниот надзор во процесот на пристапување кон Европската Унија. На конференцијата учествуваат претставници и експерти од парламентите од Западен Балкан.На средбата се разговара за законодавната и надзорната функција, парламентарната дипломатија, административните капацитети, транспарентноста и улогата на парламентите во следењето на реформската агенда.Потпретседателот на Собранието и претседател н

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarylfqnjc69kre36zzqV97

(Фото) Тамара Котевска: Двете номинации за „Еми“ се еден од најважните моменти во мојата кариера

Македонската режисерка Тамара Котевска се огласи по повод двете номинации за престижните награди „Еми“ за филмот „The Tale of Silyan“, оценувајќи дека признанијата се меѓу најважните моменти во нејзината досегашна кариера.Котевска преку објава на социјалните мрежи истакна дека двете номинации се потврда за вредноста на филмот и за работата на целиот тим кој учествувал во неговото создавање.Филмот е номиниран во категоријата за кинематографија, за работата на Жан Дакар, како и за специјално призн

Сцена | пред 3 седмици

3 нед.
0

(Видео) Песни од Каролина Гочева одекнаа пред настапот на Дејвид Гета во Скопје

Песни од Каролина Гочева одекнаа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје пред настапот на светската диџеј-ѕвезда Дејвид Гета.За загревањето на публиката пред главниот настап беа задолжени и македонските диџеи од SEMPRE Music, кои во својот сет вклучија песни од Каролина.Моментот не остана незабележан ниту од пејачката, која јавно им се заблагодари на момците од SEMPRE за тоа што нејзината музика беше дел од атмосферата на стадионот пред настапот на Гета.Македонските песни така добија сво

Сцена | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryu7e2trtjvruv5yAoVRZ

Пожарот кај Вардар зафатил сува трева, има сомнежи дека бил намерно предизвикан

Нови детали пристигнуваат за пожарот што избувна на крајот од булеварот „Илинден“, во делот покрај реката Вардар.Во пожарот горела сува трева на кејот, во близина на мостот што води кон Злокуќани.Според неофицијални информации, постои сомнеж дека огнот бил намерно предизвикан. Според истите информации, имало сведоци кои наводно ги виделе лицата што го подметнувале пожарот.Засега нема официјална потврда од надлежните служби за причината за избувнувањето на пожарот, а повеќе детали се очекуваат по

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

Најмалку 14 загинати во експлозија во складиште со оружје во Сирија

Најмалку 14 лица загинаа, а 11 се повредени во експлозија во складиште со оружје и муниција во северозападната сириска покраина Идлиб, соопштија локалните власти.Експлозијата се случила во близина на градот Сармада, а надлежните предупредија дека бројот на жртвите би можел да се зголеми. Сириското Министерство за одбрана соопшти дека експлодирало привремено складиште во кое било собрано оружје оставено од војната, пред неговото префрлање на други локации.Од Министерството наведоа дека меѓу повре

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ со остри обвинувања до Мицкоски: „Баш арамија!“

Со остри критики и тешки обвинувања, СДСМ го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за навредување на граѓаните и за, како што велат од партијата, копирање на политичкиот речник на српскиот претседател Александар Вучиќ.Во партиското соопштение насловено „Мицкоски – баш арамија!“, од СДСМ велат дека премиерот ги навредува граѓаните што не ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ.„Секој што не е за неговата криминална организација – веднаш, по моделот на Ванчо Михајлов, станува ‘талог’“, наведуваат

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryvab2c79td4789AKDEaX

(Фото) Со тешки ранци и без логистика: Емилија и Благица освоија 35 врва на Шара за четири дена за 35 години независна Македонија

Благица Владимировска и Емилија Лазареска за четири дена искачија 35 врва на Шар Планина, симболично одбележувајќи 35 години од независноста на Македонија. Зад нив остана маршрута со вкупна висинска разлика од 8.848 метри – колку што е висок Монт Еверест.Двете планинарки тргнале од Старо Село, продолжиле преку планинарскиот дом „Љуботен“, а предизвикот го завршиле преку Рудока до селото Ломница.Целиот потфат го поминале без логистичка поддршка, носејќи тешки ранци со храна и опрема за четири ден

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryttuj38ni4mlpdxe5zKV

На 93 години ја прими Златната лавица за животно дело, а сега ја игра Мерилин Монро на 100 години

Филмската легенда Елен Берстин на 93 години доби едно од најзначајните признанија на Филмскиот фестивал во Венеција – Златната лавица за животно дело. Но, наградата не означува крај на нејзината кариера. Берстин на фестивалот пристигна со два нови филма и со улога која ја носи во еден замислен свет во кој Мерилин Монро доживеала 100 години.Берстин зад себе има повеќе од пет децении актерска кариера, околу 150 филмски и телевизиски улоги и низа престижни признанија. Таа е добитничка на „Оскар“ за

Сцена | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryf30hrekck2oc4zqSVZJ

Бакарот достигна рекордно ниво, побарувачката расте поради центрите за податоци и одбранбениот сектор

Зголемената побарувачка од центрите за податоци и одбранбениот сектор, намаленото производство и најавените американски царини придонесоа цената на бакарот на Лондонската берза за метали (ЛМЕ) да достигне рекордно ниво.Тон бакар денеска се тргуваше за 14.642,50 долари, откако вчера цената изнесуваше 14.708,50 долари.Растот на цената започна на почетокот на месецот, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека од следната година ќе биде воведена царина од 15 отсто за бакарот, додека

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarylcfng8lpg51i2arU08f

Договорот со Авалон одел преку Државна лотарија

Колку чинат прославите по повод 35-годишнината од независноста на Македонија сè уште не е познато, а одговорноста за информацијата за потрошените средства меѓусебно ја префрлаат Државна лотарија и Владата.„Сите прашања за сумата за прославите за 35 години од независноста поставете ги во Владата“, изјави за БИРН директорот на Државна лотарија Александар Климовски, институцијата која го распишала јавниот повик за реализација на настаните.Портпаролката на Владата Марија Митева, пак, побара прашањат

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library2o3339fhfs2t3LIiLg7

(Видео) Пожар на крајот од Илинденска, црн чад се издига од делот покрај Вардар

Пожар избувна на крајот од булеварот „Илинден“, во делот покрај Вардар, при што од местото се издигна густ црн чад.Засега не е познато што точно е зафатено од огнот, ниту колкав е обемот на пожарот.Се очекуваат повеќе детали од надлежните служби.Инаку, изминативе месеци, особено во текот на летниот период, пожарникарите имаа голем број интервенции низ целата држава. Пожари беа регистрирани на повеќе локации, а екипите со денови интервенираа на отворен простор, во близина на населени места и на т

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од затворот во Шутка, оти законот не дозволува да остане внатре додека му се суди

Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што во катастрофалниот пожар загинаа 63 лица, на 3 октомври треба да излезе од притвор бидејќи тогаш истекува максималниот законски рок во кој мерката може да трае, објави Телма.Од Основниот кривичен суд – Скопје за Телма потврдиле дека последното продолжување на притворот на првообвинетиот Јованов важи до 3 октомври.Причината е што обвинителниот акт бил оценет на 3 октомври 2025 година, а според законските одредби, притвор

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library6urum74kfps0eJ5qOvU

Јаневска: Го повлековме предметот сексуално образование, резултатите од ПИСА се многу лоши

По реакциите во јавноста за воведувањето на изборен предмет за сеопфатно сексуално образование во средните училишта, Министерството за образование и наука одлучи да ја повлече наставната програма и да направи нејзина детална ревизија.Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека предметот во овој момент е повлечен, а Бирото за развој на образованието ќе биде вклучено во темелната проверка на содржината на програмата.„Ние ги повлековме во овој момент програмата и предмето

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarypffsujuo64vi54qnO41

19 отсто од становите во Загреб се празни – Брисел предлага нови правила за домувањето

Европската комисија предлага нов Закон за достапно домување, со кој националните, регионалните и локалните власти во земјите членки би добиле поголема правна сигурност при носењето мерки за зголемување на понудата на станови и нивната достапност.Проблемот со високите цени на домувањето не е еднакво изразен насекаде во Европската Унија. Особено е присутен во големите градови, на островите и во туристичките места, каде што значителен дел од станбениот простор не се користи за постојано живеење. То

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
nciekfkwrml819bwf0tg

Биткоинот ја држи границата од 80.000 долари, но пазарот чека важни сигнали

Биткоинот и натаму се тргува над границата од 80.000 долари, но неговиот нагорен замав ослабна по растот забележан во август. Во наредните денови пазарот на криптовалути го очекуваат неколку важни настани, кои би можеле да влијаат врз движењето на цените.Меѓу клучните фактори се извештајот за инфлацијата во САД, кој треба да биде објавен во петок, како и исходот од септемврискиот состанок на американските Федерални резерви следната среда.Истиот ден, американскиот Сенат треба да гласа за предлого

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarythppdii899tk9On5Afy

СДСМ: Мицкоски, навистина мисли дека сите се идиоти, како и Бобан Милошески

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ја доведува јавноста во заблуда со тврдењето оти за концертот на Дејвид Гета и останатите настани по повод 35 години независност од државниот Буџет биле потрошени „нула денари“.Од опозициската партија прашуваат дали средствата што ги издвојувала Државната лотарија, која е во државна сопственост, не треба да се сметаат за јавни средства.„Гета бесплатно? Целата прослава бесплатно? Тоа што го платила Државна Лотарија, која е во сопственост на држават

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryb2udnt3ab2opcHXgXCt

Голема инвестиција во обновлива енергија: Ветерниот парк Штип ќе снабдува над 148.000 домаќинства

Ветерниот парк Штип, најголемиот проект за производство на електрична енергија од ветер досега развиван во Македонија, обезбеди финансиско затворање и влегува во нова фаза од реализацијата. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 180 милиони евра, а проектот е поддржан со финансирање од над 115 милиони евра.Алказар Енерџи Партнерс (АЕП) обезбеди пакет за приоритетно должничко финансирање од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и Ерсте Груп Ба

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања