Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 мес.
media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Доживотна казна за Авганистанецот кој со автомобил намерно влета во учесници на синдикален протест во Минхен

Суд во Германија го осуди на доживотен затвор 25-годишниот Авганистанец Фархад Нури, кој минатата година со автомобил намерно влета во учесници на синдикален протест во Минхен, при што загинаа две лица, а 40 беа повредени.Според судот, Нури свесно го насочил возилото кон колоната учесници, искористувајќи го фактот дека присутните, меѓу кои имало многу деца и млади, не очекувале напад.Во нападот животот го загубиле 40-годишна жена и нејзината двегодишна ќерка, додека уште 40 лица биле повредени.С

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarybf1d8965kpnd1U3E5Oi

Поранешниот командант на Украина: Русија веќе пронајде одговор за речиси секое оружје на НАТО

Поранешниот врховен командант на украинската армија, Валериј Залужни, оцени дека НАТО мора темелно да го преиспита начинот на кој ги води современите војни, тврдејќи дека Русија веќе пронашла противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина.Во разговор со новинари во Киев, Залужни, кој сега е амбасадор на Украина во Обединетото Кралство, нагласи дека и понатаму е силен поддржувач на членството во НАТО и потсети дека уште во 2019 година се залагал украинската армија да ги усвои

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

По недоразбирање го пресретнале со две возила, еден од нив му вперил пиштол и го нападнал со кундакот

Скопјанец пријавил дека бил нападнат од неколку лица, при што едно од нив му репетирало пиштол, а потоа го удрило со кундакот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 5 август околу 20:00 часот во СВР Скопје, Е.Ј. (25) од селото Крушопек пријавил дека на патот кон селото застанале две возила. Од едното возило излегле две лица, од кои едното држело остар предмет, а од другото возило излегол А.С.В. од селото Сарај, со кого претходно имале недоразбирање.Според пријавата, А.С.В.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Жена пријавила дека сопругот во бракоразводна постапка ја следел и испраќал фотографии од локацијата на нејзиниот син, а преку друго лице му упатил закани на нејзиниот син

Четириесет и шестгодишна жена во СВР Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка, ја следел и испраќал фотографии преку мобилна апликација од локациите на нејзиниот син.Според Министерството за внатрешни работи, пријавата била поднесена на 5 август околу 17:00 часот. Жената навела и дека преку лице кое го познавало нејзиниот син, нејзиниот сопруг му упатил закани.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Приведен скопјанец осомничен за напад врз својата партнерка

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ќ. (29) од Скопје, постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, приведувањето било извршено на 6 август во 09:05 часот во Полициската станица Кисела Вода.Според пријавата, нападот се случил на 3 август околу 18:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари.По целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library8f8pvkckrk5h6Pb4GBy

Едно лице тешко, две полесно повредени во судир на три автомобили кај Кичево

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а две со полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Кичево–Македонски Брод, кај месноста Бели Мостој.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 5 август околу 17:20 часот, а во неа учествувале патничко возило „хонда“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Е.С. (63) од селото Лисичани, возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од Б.З. (31)

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

За време на затворско отсуство ја нападнал поранешната партнерка

Полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Р.С. (26) од Скопје, откако физички ја нападнал својата поранешна девојка додека бил на отсуство од Казнено-поправната установа Затвор Идризово.Како што информира Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 5 август околу 15:50 часот во Охрид. Р.С., кој издржува затворска казна од пет години во Затворот Идризово, за време на користење на одобрено отсуство се сретнал со поранешната партнерка, по што физички ја нападнал.По цело

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Уапсен германски државјанин кој снимал воен објект со дрон

Германски државјанин е лишен од слобода во струшкото село Радожда под сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 5 август околу 14:30 часот полициски службеници го привеле А.С. (56) од Германија, откако бил затекнат како со дрон ја снима караулата во селото Радожда, која е сопственост на Армијата на Република Северна Македонија, на ло

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Приведен албански државјанин кој работел без работна дозвола

Државјанин на Албанија бил приведен откако бил затекнат како извршува работни задачи без соодветна работна дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 5 август околу 14:30 часот, на локалниот пат кон селото Горна Белица, струшко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово го привеле К.Х. (34) од Република Албанија.Тој бил затекнат при извршување работни задачи без работна дозвола за лицето А.И. од селото Радолишта.По приведувањето, лицето било

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryfq2p54kr1p17c10uVTz

Приведен жител на Орашац, затекнат како сече дрва без дозвола

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С. (40) од селото Орашац, кумановско, откако бил затекнат при сеча и товарење дрва без соодветна документација.Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 5 август околу 10:30 часот во селото Орашац.По целосното документирање на случајот, против 40-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Тешка несреќа на патот Берово–Абланица, 16-годишен мотоциклист заврши во болница

Шеснаесетгодишен мотоциклист од Берово се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат Берово–Абланица, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата била пријавена на 5 август околу 17:20 часот, а во неа учествувале мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од малолетникот, и патничко возило „БМВ“ со британски национални ознаки, управувано од И.С. (47) од Скопје.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле кон

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryamer6thaqsi093XMhtQ

Марихуана откриена во кругот на Затворот Скопје

Марихуана била пронајдена и одземена во надворешна просторија на Казнено-поправната установа Затвор Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата доставена до СВР Скопје од управата на затворот, дрогата била откриена при проверка во кругот на установата.Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои марихуаната се нашла во затворската установа.

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Со „фиат“ удрил 48-годишна жена и избегал од местото на несреќата

Полицијата трага по возач кој со автомобил удрил 48-годишна жена на крстосницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“ во Скопје, а потоа го напуштил местото на несреќата.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 5 август во 21:20 часот. Во несреќата, патничко возило „фиат“ удрило во А.С.К. (48) од Скопје, по што возачот избегал.Жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во С

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library35gkg77b4skt1N61Rtx

Мотоциклист и негов сопатник тешко повредени во судир со „цитроен“ во Скопје

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две со полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 5 август во 13:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната А.Б.М., и мотоцикл „хонда“, кој го управувал 24-годишниот Е.А., двајцата од Скопје.Во судирот, со тешки телесни повреди се

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library0q2q7jqvlu6iesyw6v2

Од паднатите дрвја од невремето на Водно ќе се изгради нов моторички парк

Дел од дрвјата што беа соборени во неодамнешното силно невреме во Скопје нема да завршат како отпад, туку ќе бидат искористени за изградба на нов моторички парк на Водно, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Тој посочи дека, покрај санирањето на последиците од невремето, целта е од штетите да се создаде нова вредност за граѓаните. Здравите стебла од паднатите дрвја ќе бидат пренаменети во природни реквизити за моторички парк, кој ќе овозможи развој на рамнотежата, координацијат

Скопје | пред 2 месеци

2 мес.
bomba-1

Пронајдена бомба во центарот на Келн, прекинати ТВ-програми и затворени сообраќајници

Во германскиот град Келн денеска е во тек голема евакуација откако во близина на реката Рајна беше пронајдена голема американска бомба од Втората светска војна, која треба да биде деактивирана.Според германските медиуми, бомбата била откриена во средата вечерта во Рајна, во близина на Рајнпарк во населбата Дојц. Властите веднаш воспоставиле безбедносна зона со радиус од 400 метри, а жителите и деловните субјекти во тој реон добиле наредба итно да се евакуираат.Во зоната што се евакуира се наоѓаа

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Угостителските услуги поскапеле за 3,2 отсто, ноќевањата поскапи за 6,7 отсто

Цените на угостителските услуги во јули 2026 година се повисоки за 3,2 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.Најголемо зголемување е забележано кај цените на ноќевањата, кои во јули годинава се повисоки за 6,7 проценти во однос на јули 2025 година.Според ДЗС, во периодот од јануари до јули 2026 година, цените на угостителските услуги се зголемиле за 2,9 проценти во споредба со истиот период минатата година.Во однос на декември 2

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
media-library385mvb3fgt0dakb6wxr

(Видео) Големи пожари беснеат низ Србија: Прогласена вонредна состојба во Бачка Паланка

Пожарникарските екипи и денес продолжуваат со интервенции на повеќе локации низ Србија, а најтешка е состојбата во Ибарската Клисура, каде што сè уште има активни жаришта на потегот од Маглич до Полумир, како и на планините Жарач над Ушќе и над Сеоце.Во меѓувреме, пожарите кај Књажевац и Заечар се локализирани, откако огнот зафатил околу 200 хектари шума и ниска вегетација, додека пожарот на регионалната депонија „Срем–Мачва“ е изгаснат.Нова вонредна состојба е прогласена во Општина Бачка Паланк

Настани | пред 2 месеци

2 мес.
evra

Европската централна банка предупредува: Еврозоната повеќе нема простор за големи субвенции

Најновиот глобален енергетски шок, предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток, ги затекна јавните финансии на земјите од еврозоната во значително полоша состојба отколку за време на енергетската криза во 2022 година, предупредуваат експертите на Европската централна банка (ЕЦБ).Во анализата се наведува дека фискалниот простор на владите е значително ограничен, поради што мерките за поддршка на граѓаните и стопанството годинава изнесуваат само 0,1 отсто од бруто-домашниот производ на еврозоната.

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
meso

Русија стопира транзит на живинско месо од ЕУ поради фалсификувани ветеринарни сертификати

Русија воведе забрана за транзит на живинско месо и нуспроизводи од Европската Унија преку својата територија, откако открила пратка со, како што тврдат властите, фалсификувани ветеринарни сертификати.Руската Федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор (Росселхознадзор) соопшти дека мерката стапила во сила вчера и има за цел да спречи ширење на заразни болести кај животните и да ги заштити потрошувачите.Според руските власти, станува збор за нелегален транспорт на нуспроизводи од живи

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Крај на авионите на керозин? Европа се подготвува за ерата на електричните летови

Брзиот развој на технологијата би можел да овозможи патниците во Европа веќе на почетокот на 2030-тите години да летаат со електрични авиони на дел од најпопуларните континентални линии, покажуваат проценките на европските експерти и компании од воздухопловната индустрија.Според Карлос Лопез де ла Оса од Европската федерација за транспорт и животна средина (T&E), електричните и хибридните авиони се клучен чекор кон поодржлив воздушен сообраќај на кратки релации и намалување на зависноста од

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Утре без вода ќе остане цело село Морани

Жителите на селото Морани, во Општина Студеничани, утре (7 август) ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.Според известувањето, прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 08:00 часот поради дефект на затворач со пречник од 100 милиметри на улица „1“, во близина на кружниот тек.Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато сè до целосно отстранување на дефектот, а без вода ќе бидат сите корисници во селото Морани.

Скопје | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryh6657etpgbs67I2pDZY

Претреси во Охрид: Уапсени две лица, пронајдена марихуана

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид на 5 август лишиле од слобода две лица од Охрид, откако при претреси во нивните домови била пронајдена дрога и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Како што соопшти МВР, приведени се Р.С. (50) и С.Б. (46), двајцата од Охрид.При претрес во домот на Р.С., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана, како и други предмети за кои постои сомнен

Македонија | пред 2 месеци

2 мес.
sonce-so-termometar

Екстремен топлотен бран ја зафати Италија, највисоко предупредување за 27 градови

Екстремниот топлотен бран продолжува да ја зафаќа Италија, поради што властите денеска издадоа највисок степен на предупредување – црвен метеоаларм – за сите 27 поголеми градови што ги следи Министерството за здравство.Црвеното предупредување се издава кога екстремно високите температури се комбинирани со висока влажност, што претставува сериозен ризик по здравјето, не само за постарите лица и хронично болните, туку и за здравите и физички активните граѓани.Предупредувањето важи за целата земја,

Свет | пред 2 месеци

2 мес.
media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

Северна Кореја лансираше балистички проектил кон Источното Море

Северна Кореја денеска лансираше балистички проектил со краток дострел кон морето источно од Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејската војска.И јапонската влада потврди дека Пјонгјанг лансирал објект за кој се претпоставува дека е балистички проектил.Лансирањето следува по серијата ракетни тестирања што Северна Кореја ги спроведе оваа година, меѓу кои имаше тестови на балистички проектили со краток дострел, повеќецевни ракетни системи и друго вооружување со кое земјата ги зајакнува своите в

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања