Промени тема
Контакт

ГОСТИВАР

media-libraryuos8kjm9qv3v3r6Fxcz

Водата во Гостивар е безбедна за техничка употреба, но не и за пиење

По серијата лабораториски испитувања, водата во Гостивар е оценета како безбедна за техничка употреба. Тоа значи дека граѓаните можат да ја користат за капење, миење садови и останати домашни потреби, но таа сè уште не е препорачана за пиење и подготовка на храна, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција.Тошковски нагласи дека дистрибуцијата на флаширана вода ќе продолжи сè додека не се потврди дека водата е целосно безбедна и за консумирање.„Во посто

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb0c4t56so4s8eEKWZMR

„Гостивар утре треба да добие технички исправна вода“, вели Мицкоски

Жителите на Гостивар се очекува уште утре да добијат технички исправна вода за користење, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, оценувајќи дека состојбата се санира во рекорден рок од една недела.Тој посочи дека, иако водоводната мрежа е во надлежност на локалната самоуправа, Владата веднаш се вклучила во справувањето со кризата преку обезбедување донации со флаширана вода и ангажирање стручни екипи од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за спроведување хиперхлорир

Македонија | пред 1 месец

media-library4i6nnd7hil6e8LXIkLy

„Околу 4.000 заболени во Гостивар, бројот на нови случаи опаѓа, но водата сè уште не е безбедна“, вели Клековски

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок, по информациите во јавноста дека водата за пиење во установата не е исправна.Тој изјави дека состојбата со епидемијата во Гостивар постепено се стабилизира и дека бројот на нови пациенти значително се намалува.„Денеска се регистрирани 80 нови пациенти, што е двојно помалку во однос на претходните денови. Вкупно се евидентирани околу 4.000 заболени. Досега се поднесени 750 пријави за з

Македонија | пред 1 месец

media-libraryha3jbiq9ro2f1DNhi5y

СДСМ Гостивар бара одговорност за труењето на граѓаните со отровна вода

На граѓаните на Гостивар им се случи огромна здравствена катастрофа, труење со вода. Најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите кои ги води ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ Гостивар.„За труењето на над 3.000 граѓани на Гостивар мора да има одговорност, од локално па до централно ниво.Политичка и кривична. Од сите.Не може да се отруе цел град и да нема ниту една оставка од оние кои потфрлиле, не може да луѓето да пијат отровна вода а никој да не одговара од власта.20 г

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr0as3qcdj9u72YtQurD

ВМРО-ДПМНЕ: Лимани не чувствува вина за загрозеното здравје на граѓаните, СДС, ДУИ и Таравари молчат

Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДС, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.„Да не беше градоначалник од нивните, редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност. Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој патем самиот изјави дека не чувствува никаква грижа за тоа ш

Македонија | пред 1 месец

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

По цревната епидемија, во Гостивар е можна појава на жолтица

Комисијата за заразни болести предупреди дека во наредниот период во Гостивар постои можност да се појават случаи на хепатит А и хепатит Е како задоцнета последица од загадувањето на водата. Засега нема потврдени случаи на овие заболувања, но здравствените власти најавуваат засилен надзор поради периодот на инкубација на вирусите.Според претседателката на Комисијата, Жаклина Шопова, во изминатите десет дена околу 3.850 жители побарале лекарска помош поради дијареа, повраќање и други стомачни тег

Македонија | пред 1 месец

bolnica-struga

Во Гостивар вчера прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, нема нови хоспитализации

Бројот на лица кои првпат побарале лекарска помош во јавните здравствени установи во Гостивар продолжува да се намалува, соопшти Министерството за здравство.Според официјалните податоци, во текот на 23 јули биле евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, што претставува намалување во однос на претходниот ден.Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар биле извршени 117 нови прегледи. Од нив, 82 биле на Инфективното одделение, каде што немало нови хоспитализации, а тројца пациенти биле

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr2fpr1d4h6jr1cArv3e

СДСМ бара проверка на водата во Велес и во цела Македонија

СДСМ преку соопштение соопшти дека преку своите советници побарале спроведување вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места, како и проверка на квалитетот на водата во сите општини во државата.Од партијата наведуваат дека во Велес побарале да се испитаат сите селски водоводи, повикувајќи се на, како што велат, јавно објавени наоди и стручни мислења според кои во повеќе водоводи било утврдено присуство на бактеријата Escherichia coli, која е индикатор за фекално загадув

Македонија | пред 1 месец

sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја отруе цела Македонија

СДСМ обвини дека последните случаи на бактериолошки неисправна вода за пиење во Крушево, Гостивар, Валандово и болницата во Лешок се показател за, како што наведуваат, сериозен системски колапс во институциите задолжени за заштита на јавното здравје.Од партијата посочуваат дека за само неколку дена се регистрирани четири случаи на загадена вода за пиење и прашуваат во колку други градови граѓаните користат неисправна вода без да бидат навремено информирани.„Додека премиерот Христијан Мицкоски св

Македонија | пред 1 месец

media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

„Министерот за здравство и сите надлежни мора да поднесат оставка поради Гостивар“, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција побара министерот за здравство и, како што рече, сите надлежни институции да понесат политичка и кривична одговорност поради случајот со загадената вода во Гостивар, оценувајќи дека со своето непостапување го довеле во ризик здравјето на граѓаните.На денешната прес-конференција, Филипче изјави дека загадувањето на водата започнало кон крајот на јуни, а институциите, според него, не реагирале навреме.„Загадувањето на водата запо

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoqbodgnbj8hddypwZO4

Во Гостивар угостителите ја почитуваат забраната за користење на водата, но изречени се 30 казни за нерегистрирани објекти, небезбедна храна и хигиенски пропусти

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни инспекциски надзори во Гостиварскиот регион, при што е утврдено дека операторите со храна ја почитуваат забраната за употреба на водата од градскиот водоснабдителен систем. Истовремено, инспекторите констатирале и повеќе неправилности, поради што се изречени 30 парични казни во вкупен износ од 7.750 евра во денарска противвредност.Контролите опфатиле продажни објекти, кафе-барови, пицерии, пекарници, слаткарн

Македонија | пред 1 месец

media-library3a0ccpos32jk90uLdhb

„До крајот на неделава очекувам водата во Гостивар да биде технички исправна, а идната недела и за пиење“, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува до крајот на оваа недела водата во Гостивар да биде технички исправна, а кон крајот на идната недела да биде безбедна и за пиење.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека на терен се вклучени екипи од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и експерти, кои работат на надминување на проблемот.„Очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно перење на системот, за да може

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfkf0gfrjuosbahCdY5l

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

„Случајот со загадената вода во Гостивар е уште една потврда дека институциите под оваа власт не функционираат кога се најпотребни за граѓаните. По трагедијата во Кочани, до денес ништо суштински не е променето. Еве, сега го имаме и Гостивар, каде повторно гледаме задоцнета реакција, институционален молк и избегнување одговорност“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5.Тој посочи дека одговорноста мора да ја понесат сите надлежни институци

Македонија | пред 1 месец

panovski

Микробиологот Пановски: Не ме барајте повеќе за совети, од денес за ова нека зборуваат епидемиолози и инфектолози

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи побара од министерот за здравство да ги извести медиумите повеќе да не го бараат за коментари и совети поврзани со состојбата во Гостивар, оценувајќи дека од денес јавноста треба да ја информираат епидемиолози и инфектолози.Пановски наведува дека во изминатиот период дал бројни изјави за повеќе телевизии, радија и портали, а на дел од медиумите им се извинил бидејќи физички не можел да одговори на сите барања.„Јавно го замолувам мин

Македонија | пред 1 месец

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Министерството за здравство: Продолжува стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар

Министерството за здравство соопшти дека трет ден по ред продолжува стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар, при што е регистрирано значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти.Според податоците од јавните здравствени установи, во текот на вчерашниот ден во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар биле извршени вкупно 108 нови прегледи – 60 на Инфективното одделение, 37 на Педијатриското одделение и 11 во Ургентниот центар. На болничко лекување биле примен

Македонија | пред 1 месец

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Гостиварчанец објави микробиолошки наод: „Кај мене се пронајдени јајца од цревен паразит“

Гостиварчанецот Дарко Грујоски на социјалните мрежи објави микробиолошки наод, тврдејќи дека кај него биле пронајдени јајца од цревниот паразит Ascaris lumbricoides, по што побара одговорност за загадувањето на водата во градот.Во објавата, Грујоски наведува дека паразитот се пренесува по фекално-орален пат, преку загадена вода, загадена храна или нечисти раце, а според препорака од лекар, треба да се испитаат и најблиските членови на неговото семејство поради можноста за повторно пренесување.„К

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq78uavhk07v8blQ6Phg

Институциите алармираат: Водата во Гостивар е неисправна, се организира дистрибуција со цистерни

Водата од водоводната мрежа во Гостивар во моментов е неисправна и за пиење и за техничка употреба, покажале анализите на Институтот за јавно здравје, поради што надлежните институции апелираат граѓаните да не ја користат до понатамошно известување.Ова беше соопштено по денешната седница на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во присуство на директорот на ЦУК, Мухамет Али. На седницата биле разгледани информациит

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj4kjb8bl7jrh9H2WlcX

Мицкоски за Гостивар: Најпрво техничка вода, потоа вода за пиење, одговорните ќе сносат последици

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државните институции ја презеле координацијата за справување со кризата со водоснабдувањето во Гостивар и најави дека приоритет е обезбедување техничка вода, а потоа и безбедна вода за пиење.Одговарајќи на новинарско прашање за кризата во Гостивар, Мицкоски рече дека во текот на денот ќе се одржи седница на Управувачкиот комитет за кризни состојби, на која ќе бидат донесени дополнителни одлуки.„Министерот за здравство денеска во 12:30 часот ќе има седница

Македонија | пред 1 месец

media-library4i6nnd7hil6e8LXIkLy

Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Министерот за здравство Сашо Клековски соопшти дека продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти во Гостивар, односно лица кои за првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.Според податоците од јавните здравствени установи, во текот на понеделникот (20 јули) во Општата болница Гостивар биле извршени вкупно 183 прегледи, од кои 111 на Инфективното одделение, 65 на Педијатриското одделение и седум во Ургентниот центар.Во Здравствениот дом Гостивар, п

Македонија | пред 1 месец

media-library4i6nnd7hil6e8LXIkLy

Преполовен бројот на нови случаи во Гостивар, регистрирани 293 за еден ден, вели Клековски

Бројот на нови случаи во Гостивар е речиси преполовен во однос на саботата, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.„Имаме преполовување на бројот на нови случаи. Имаме 293 нови случаи, што во однос на саботата, кога имаше над 600, е преполовување. Претпоставуваме дека препорачаните мерки го даваат посакуваниот резултат“, изјави Клековски.Според него, досега се направени 192 епидемиолошки анкети, преку кои треба да се утврди точната хронологија на настаните, како и да се идентификуваа

Македонија | пред 1 месец

media-librarydlo5mvnini5f0BPr8KA

Тошковски: Не можам да кажам кога водата во Гостивар ќе биде безбедна за употреба

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека во овој момент не може да каже кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за употреба, нагласувајќи дека нема да шпекулира со рокови додека не завршат сите анализи.„Не можам да кажам кога ќе имаме вода за соодветна употреба. Ниту сум ги лажел, ниту ќе ги лажам граѓаните. Кога ќе имам точна информација, тогаш ќе ја соопштам на јавноста“, изјави Тошковски.Тој посочи дека експертски екипи веќе работат на терен и земаат мостри од пове

Македонија | пред 1 месец

media-librarytcl128b3302sdDJ6CYs

Тошковски: Целиот овој хаос е одговорност на Општина Гостивар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека експертски екипи од Град Скопје веќе се на терен во Гостивар, каде што го испитуваат квалитетот на водата и состојбата на водоводниот систем, со цел што побрзо да се нормализира водоснабдувањето.Тој посочи дека ќе бидат земени мостри од повеќе локации, по што ќе се утврди фактичката состојба и ќе се предложат мерки за враќање на системот во нормална функција.„Првичната информација што ја имам е дека најверојатно ќе биде потребно хиперхло

Македонија | пред 1 месец

media-librarymdlmdbolll30biWmOd7

30 дена притвор за директорката и шефовите од Гостивар по фекалиите во водата

Основниот суд во Гостивар им определи 30-дневен притвор на тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во градот, прифаќајќи го предлогот на Основното јавно обвинителство Гостивар.Мерката притвор е определена за вршителката на должност директор на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Даути, и техничкиот директор на претпријатието, Леон Мезини.Обвинителството ги товари за тешки дела против животната средина и природата,

Македонија | пред 1 месец

thumbnail_Slika_03

Петровска: Владата привремено да го преземе управувањето со водоснабдувањето во Гостивар

Пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, повика на итна државна интервенција по проблемите со водоснабдувањето во Гостивар, оценувајќи дека во овој момент на граѓаните им се потребни конкретни решенија, а не политички препукувања.Според Петровска, Владата треба привремено да го преземе управувањето со водоснабдителниот систем од локалната самоуправа сè додека не се утврди целосната состојба и не се обезбеди безбедно снабдување со вода.Таа смета дека кога локалните инс

Македонија | пред 1 месец

media-libraryln3g13e1amulbB856O2

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување 30-дневна кризна состојба на територијата на Општина Гостивар, со цел побрза координација на институциите и надминување на проблемите со водоснабдувањето.Одлуката е донесена по предлог на Управувачкиот комитет, составен од повеќе министри и директори на надлежни институции, откако било оценето дека локалната самоуправа не може самостојно да се справи со настанатата состојба.Како што соопшти Владата, кризната состојба треба да овозможи по

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања