(Фото) Фатен на дело како создава дива депонија во Кисела Вода, инспекторите веднаш го санкционираа
Инспекторите на Град Скопје вчера вечер затекнале лице како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите во општина Кисела Вода, при што се создавала дива депонија.Случајот веќе е санкциониран, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на социјалните мрежи.„За секоја ваква постапка нема толеранција“, порача Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека додека градските екипи работат на одржување на чистотата, поединци со несоодветно однесување ја загадуваат животната средина.Град
Скопје | пред 3 часа