Промени тема
Контакт

ТРАМП

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп: Нема да му дозволиме на Иран да има ураниум

Соединетите Американски Држави и Иран остануваат на спротивставени позиции околу иранските резерви на збогатен ураниум и контролата врз Ормутскиот теснец, додека напорите за смирување на кризата даваат мал напредок, објави „Ројтерс“.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да дозволат Иран да располага со високо збогатен ураниум и најави дека резервите најверојатно ќе бидат уништени.„Ќе го добиеме. Не ни треба, не го сакаме. Веројатно ќе го уништиме откако ќе го добиеме, но не

Свет | пред 4 месеци

media-library96df0u2d44el9dZ3eo7

Американскиот амбасадор за Гренланд: Трамп исклучи употреба на сила

Американскиот амбасадор за Гренланд, Кен Хауери, изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ја исклучил можноста за употреба на сила кон Гренланд.Говорејќи за јавниот сервис КНР, за време на отворањето на новиот американски конзулат во главниот град Нук, Хауери беше прашан дали САД и натаму се заинтересирани за контрола врз Гренланд.„Претседателот ја исклучи употребата на сила. Иднината на Гренланд е Гренланѓаните да одлучат за неа“, изјави Хауери.Тој додаде дека се надева на заедничко реше

Свет | пред 4 месеци

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио ги нападна членките на НАТО: Одбиваат да направат нешто за војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ги критикуваше земјите членки на НАТО, обвинувајќи ги дека „одбиваат да направат нешто“ за да им помогнат на САД во војната со Иран.Рубио, пред заминувањето за Шведска, каде што утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, изјави дека претседателот Доналд Трамп не барал од сојузниците да испратат војници или борбени авиони, но дека тие сепак не сакале да преземат никаква акција.„Тоа нè вознемири многу“, изјави Руби

Свет | пред 4 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп: Или ќе има договор со Иран или ќе следат „непријатни работи“

Доналд Трамп изјави дека преговорите со Иран се во завршна фаза, но предупреди дека се можни нови напади доколку не се постигне договор.„Во завршна фаза сме со Иран. Или ќе имаме договор или ќе направиме некои работи што ќе бидат малку непријатни, но се надевам дека тоа нема да се случи“, изјави Трамп пред новинарите.Американскиот претседател додаде дека засега сака да ѝ даде шанса на дипломатијата.„Ќе му дадеме уште една шанса на договорот. Не ми се брза“, рече Трамп, нагласувајќи дека идеално

Свет | пред 4 месеци

media-librarysqnk9n5l12v37JNvYrx

Цените на нафтата паднаа по сигналите за можно брзо завршување на конфликтот со Иран

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари, откако инвеститорите беа охрабрени од пораките од САД за можно брзо завршување на конфликтот со Иран и од информациите дека супертанкери повторно минуваат низ Ормускиот Теснец.На лондонскиот пазар цената на барел нафта падна под 107 долари, додека на американскиот пазар се движеше околу 100 долари за барел.Доналд Трамп изјави дека постојат „многу добри“ шанси за договор со Иран за ограничување на нуклеарната програма и порача дека војната

Свет | пред 4 месеци

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп и Израел наводно сакале Ахмадинеџад да ја преземе власта во Иран

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно бил дел од план на САД и Израел за промена на власта во Иран, објавуваат „Њујорк тајмс“ и „Атлантик“, повикувајќи се на американски извори.Според наводите, една од првичните цели на војната била Ахмадинеџад да биде ослободен од домашен притвор и поставен како нов лидер на Иран.Во првите денови од конфликтот, неговиот дом во Техеран бил погоден во израелски напад, кој наводно имал цел да ги елиминира чуварите и да му овозможи бегство. Ахм

Свет | пред 4 месеци

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Трамп до Иран: „Имате уште една шанса – последна“

Доналд Трамп изјави дека на Иран му е дадена уште една „последна шанса“ за постигнување договор, додавајќи дека не брза со преговорите.„Не брзам. Воопшто не размислувам за изборите кога станува збор за Иран. Мора повторно да го отвориме Ормускиот теснец“, изјави Трамп.Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии на Блискиот Исток и затворен Ормуски теснец, преку кој вообичаено се транспортира значителен дел од светската нафта и течен природен гас.Фејсал бин Фархан ја поздрави одлуката на Трамп д

Свет | пред 4 месеци

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп: „Си Џинпинг никогаш не ми кажа дека Путин можеби ќе зажали за инвазијата во Украина“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги демантираше медиумските извештаи според кои кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да зажали поради инвазијата врз Украина.„Фајненшл тајмс“ објави дека Си наводно ја изнел таа оценка за време на разговорите со Трамп во Пекинг, во рамки на пошироките дискусии посветени и на војната во Украина.Весникот, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со исходот од средбата меѓу Си и Трамп, наведе дека пораките

Свет | пред 4 месеци

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: САД можеби повторно ќе го нападнат Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД можеби повторно ќе го нападнат Иран и дека бил „само еден час“ оддалечен од носење таква одлука.„Само еден час ме делеше денес од одлука за напад“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.Тој додаде дека иранските власти бараат договор, но предупреди дека доколку не се постигне, во наредните денови може да следува нов американски напад.„Можеби во петок, сабота или недела, можеби на почетокот на следната недела“, рече Трамп, додавајќи дек

Свет | пред 4 месеци

media-librarybm9likds5nge1QAgmsP

Советници на Трамп: Прашањето за Тајван станува сè поопасно

Блиски советници на американскиот претседател Доналд Трамп стравуваат дека неодамнешниот самит со Кина ја зголемил опасноста од можен кинески напад врз Тајван во следните пет години, објави американскиот портал „Аксиос“.Според извештајот, евентуален конфликт околу Тајван би можел сериозно да го наруши снабдувањето со чипови неопходни за развојот на вештачката интелигенција во американските компании.Еден од советниците на Трамп изјавил дека кинескиот претседател Си Џинпинг се обидува да покаже де

Свет | пред 4 месеци

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Трамп до Иран: „Подобро брзо да се придвижите или нема да остане ништо од вас“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја заостри реториката кон Иран, објавувајќи нова директна закана на својата социјална мрежа „Трут соушл“.„За Иран часовникот отчукува и подобро би било да се придвижат, БРЗО, или од нив нема да остане ништо. Времето е од клучно значење!“, напиша Трамп.Објавата доаѓа веднаш по неговото враќање од Пекинг и дополнително ги засили шпекулациите дека дипломатските обиди за решавање на кризата во Ормускиот Теснец се во целосен застој.Само неколку часа пре

Свет | пред 4 месеци

media-libraryvecnb6revjju8SB8AkT

Републикански сенатор бара нови американски удари врз Иран

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам повика на засилени американски воени акции против Иран, оценувајќи дека преговорите со Техеран „удриле во ѕид“.Во интервју за „Ен-би-си“, Греам изјави дека продолженото затворање на Ормускиот Теснец и неуспешните преговори само го прават Иран посилен.„Ништо не покажува дека сегашниот режим е поинаков кога станува збор за тероризмот, уништувањето на Израел и нападите врз САД“, изјави сенаторот од Јужна Каролина.Тој го повика американскиот претседател Доналд Тр

Свет | пред 4 месеци

media-librarylkri63l6ml7a840tEZR

Тајван со прва реакција по изјавите на Трамп: Нема да бидеме жртвувани

Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те порача дека Тајван нема да биде жртвуван ниту предмет на политичка трговија, нагласувајќи дека островот нема да се откаже од својот демократски и слободен начин на живот.Во објава на Фејсбук, Лаи изјави дека американската продажба на оружје за Тајван е законска обврска на САД и дека островот нема да попушти под притисок.Неговата реакција доаѓа по самитот во Пекинг меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг, кој предизвика загрижен

Свет | пред 4 месеци

w_55031023

Каја Калас: САД, Кина и Русија сакаат слаба и поделена Европска Унија

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не ја сака Европската унија бидејќи ја гледа како силен геополитички играч.Говорејќи на конференцијата „Ленарт Мери“ во Талин, Калас предупреди дека Вашингтон, како и Кина и Русија, претпочитаат поделена Европа наместо обединет блок.„Не ја сакаат Европската унија, тоа е многу јасно. Ако сме заедно и дејствуваме обединето, тогаш сме силна и рамнопра

Свет | пред 4 месеци

media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

(Фото) Трамп со нова порака до Иран: „Затишје пред бура“

Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа објави драматична фотографија создадена со вештачка интелигенција на својата социјална мрежа Truth Social, испраќајќи јасна порака до Иран во екот на новите тензии на Блискиот Исток.На фотографијата Трамп позира на воен брод со црвена капа „MAGA“, додека во позадина се гледаат американски воени бродови и невреме. Објавата беше проследена со пораката: „Тоа беше затишје пред бура“.Објавата доаѓа по неговото враќање од Кина и во период кога Вашинг

Свет | пред 4 месеци

media-librarygi3bpf48gh6k8dCAVV1

САД поставиле пет услови за договор со Иран

Соединетите Американски Држави поставиле пет клучни услови за постигнување договор со Техеран, објави иранската полуофицијална агенција „Фарс“.Според извештајот, еден од главните услови е само една иранска нуклеарна постројка да остане во функција.Вашингтон, наводно, бара Иран да предаде 400 килограми збогатен ураниум на САД, а истовремено не планира да исплати отштета ниту да ослободи 25 проценти од замрзнатиот ирански имот.Како уште еден услов се наведува дека евентуалниот прекин на огнот на с

Свет | пред 4 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Ројтерс: Тактиката на Трамп со закани и притисоци не успеа против Иран

Остриот преговарачки стил на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во изминатата година му донесе отстапки од повеќе држави, во случајот со Иран засега не дава резултати, оценува Ројтерс во анализа.Според агенцијата, политиката на јавни закани, ултиматуми и навреди кон Техеран наишла на силен отпор и дополнително ги отежнала напорите за ставање крај на кризата што веќе 11 недели ја потресува светската економија.Аналитичарите сметаат дека иранското раководство не може да си дозволи да изгле

Свет | пред 4 месеци

media-libraryjb0rs07fbimvaDwqUEK

Њујорк тајмс: Американската војска изработила план за нова офанзива врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп се врати од Кина, а сега се соочува со големи одлуки за Иран. Како што дознава „Њујорк тајмс“, неговите најблиски помошници веќе изготвиле планови за враќање на воените напади доколку Трамп одлучи да го прекине сегашниот ќорсокак со ново бомбардирање.Трамп сè уште не се одлучил кои ќе бидат неговите следни чекори, велат неговите советници. Во меѓувреме, претставници од заинтересираните земји се обидуваат да состават некаков вид компромис што би го принудил

Свет | пред 4 месеци

media-librarymq018hkepk163plbXCY

Американски и нигериски сили ликвидирале висок функционер на Исламска држава

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили, заедно со вооружените сили на Нигерија, спровеле заедничка операција во која бил убиен Абу-Билал ел-Минуки, за кого тврди дека бил втор човек во глобалната структура на Исламска држава.„Мислеше дека може да се крие во Африка, но не ни претпоставуваше дека имаме извори кои нè информираа за тоа што прави“, напиша Трамп на платформата Truth Social.Тој посочи дека операцијата била „внимателно испланирана и многу сложена“, додавај

Свет | пред 4 месеци

media-libraryci6iuua67vf72IgLf4i

Трамп во Вашингтон планира нова градина за 250-годишнината на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп најави изградба на нова „Национална градина на американските херои“ во Вашингтон, како дел од одбележувањето на 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави.Градината ќе биде сместена во паркот „Вест Потомак“ покрај реката Потомак, а во неа ќе бидат поставени споменици на основачите на државата, воени херои, верски лидери, борци за граѓански права, спортисти, уметници и познати забавувачи.Трамп повторно ја промовираше и идејата за изградб

Свет | пред 4 месеци

media-libraryenah8pifcung8SUS8Ot

Трамп: Само САД и Кина можат да дојдат до иранскиот ураниум

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека само САД и Кина имаат технологија да дојдат до високо збогатениот ирански ураниум затрупан под урнатините на нуклеарните постројки по минатогодишните напади.Во разговор со новинарите во „Ер Форс Уан“, Трамп рекол дека Иран признал оти нема капацитет да го извлече материјалот.„Ми рекоа дека само Кина или САД можат да го отстранат“, изјави Трамп.Тој тврди дека иранските постројки биле „целосно уништени“ и дека Техеран првично се согласил САД да го

Свет | пред 4 месеци

media-librarylkri63l6ml7a840tEZR

Трамп по средбата со Си: САД и Кина се согласни дека Ормускиот Теснец мора да остане отворен

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина се согласиле дека Ормускиот Теснец мора да остане отворен и дека конфликтот на Блискиот Исток треба да заврши, по разговорите што ги имал со кинескиот претседател Си Џинпинг.Иако беа објавени малку детали од средбите во Кина, според „Ал Џезира“, двете страни постигнале согласност околу клучните прашања поврзани со безбедноста на поморскиот сообраќај и прекинот на војната во регионот.Сепак, Кина засега не покажува подготвеност за подла

Свет | пред 4 месеци

media-library80d7kh0mnvq26gY2hWL

(Видео) Трамп вербално нападна новинар и го обвини за предавство

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко влезе во вербален судир со новинар на „Њујорк тајмс“ за време на разговор со медиумите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, откако беше прашан за резултатите од американската воена кампања против Иран.Инцидентот се случил кога новинарот Дејвид Сангер констатирал дека 38-дневното бомбардирање на Иран, кое го спроведоа САД и Израел, не довело до промена на режимот во Техеран. Трамп веднаш реагираше со остри напади кон новинарот и медиумот.„Оствари

Свет | пред 4 месеци

media-libraryjf8anv7bdqbg73H8h1S

(Фото) ФБИ лоцираше двајца велешани осомничени за измама со лажни „Трамп долари“

Федералното истражно биро лоцираше двајца македонски државјани, Горан Спиридонов и Кристина Јанева, кои според американските власти учествувале во измама со лажни финансиски инструменти поврзани со името и ликот на Доналд Трамп.Според обвинителниот акт на њујоршкото обвинителство, тие преку интернет продавале производи наречени „Трамп Бакс“, „Трамп долари“, „златни чекови“, „златни значки“ и други наводни финансиски инструменти, лажно претставувајќи ги како поврзани со семејството Трамп, Организ

Свет | пред 4 месеци

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: „Постигнавме одлични трговски договори со Кина“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон постигнал „многу одлични трговски договори“ со Кина, вклучувајќи големи нарачки за авиони и мотори, по разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг.Говорејќи пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ по заминувањето од Кина, Трамп ја опиша посетата како исклучително успешна.„Имавме одличен престој. Тоа беше неверојатен период. Претседателот Си е неверојатен човек“, изјави Трамп.Тој рече дека договорите вклучу

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања