Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryepb0nfh1uhp2fqr4Io0

63-годишен скопјанец пронајден мртов во својот дом во Аеродром

На 20 јуни 2026 година во 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил пронајден починат К.С. (63) од Скопје.Како што информира Министерството за внатрешни работи, лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за утврдување на причините за смртта.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarylbl1e1uu2fr72e5ztJJ

Бугарски државјанин уапсен во Скопје: Следел жена и се самозадоволувал пред неа

Полициски службеници денеска во Скопје лишиле од слобода 66-годишен државјанин на Бугарија, откако бил пријавен за вознемирување на жена на подрачјето на општина Аеродром.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 21 јуни 2026 година во 07:50 часот во Скопје бил приведен В.Н.(66) од Република Бугарија, постапувајќи по претходна пријава од 29-годишна жена.Според пријавата, околу 06:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, мажот ја следел жената и се самозадоволувал пред неа.Од М

Македонија | пред 4 месеци

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран тврди дека Ормускиот теснец останува затворен, САД го негираат тоа

Иранската војска тврди дека Ормускиот теснец останува затворен за поморски сообраќај, спротивно на соопштенијата на Соединетите Американски Држави дека комерцијалните бродови и натаму непречено пловат низ стратешкиот морски премин.Според иранската државна новинска агенција „Фарс“, Морнарицата на Револуционерната гарда сè уште не издала дозвола за премин на ниту едно пловило и мерката ќе остане во сила до понатамошно известување.Техеран вчера објави дека Ормускиот теснец е затворен како одговор н

Свет | пред 4 месеци

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран: Нема мировен договор со САД без крај на војната во Либан

Спроведувањето на мировниот договор меѓу САД и Иран нема да биде возможно доколку не заврши војната во Либан, порача ирански претставник во пресрет на денешните преговори меѓу двете земји во Швајцарија.Сејед Мехди Табатабаи, заменик задолжен за комуникации и информирање во Кабинетот на иранскиот претседател, преку објава на социјалната мрежа Икс, предупреди дека продолжувањето на конфликтот во Либан може целосно да го загрози постигнатиот договор.„Продолжувањето на злосторствата на ционистичкиот

Свет | пред 4 месеци

FFM

Нови приведувања во случајот со ФФМ: Уште четворица осомничени паднаа во рацете на истражителите

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека во рамките на предметот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени уште четири лица кои претходно биле недостапни за органите на прогонот.Според краткото соопштение на Обвинителството, двајца од осомничените денеска биле изведени пред судија на претходна постапка.За едниот осомничен судот определил мерка притвор, додека за вториот се изречени мерки за обезбедување на присуство во текот на поста

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryt4a022nboc6i9oBv1BJ

Венс без коментар за Нетанјаху пред разговорите со Иран во Швајцарија

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс одби да одговори на новинарско прашање за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на почетокот на билатералните разговори со пакистанските посредници во Швајцарија, во пресрет на денешните разговори со иранските претставници.За време на средбата во одморалиштето Бургеншток во близина на Луцерн, новинар го праша Венс каква порака има за Нетанјаху, но американскиот потпретседател не одговори. Наместо тоа, тој само кратко им се заблагодари на пакистанските пр

Свет | пред 4 месеци

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Пет пријави за семејно насилство за едно деноноќие: Четири лица приведени

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие евидентирало пет случаи на семејно насилство, при што четири лица биле лишени од слобода поради сомнение за сторено насилство врз членови на семејството.На 21 јуни околу 01:20 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Е. (37) од Штип, постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.Само петнаесет минути подоцна, во 01:35 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.С. (51) од Гос

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv0vqdug8oc8k1OPsWtc

(Видео) Претседателката Сиљановска-Давкова во Галичник заигра оро

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојуваше во Галичник, каде ја поддржа иницијативата за обновување и одржлив развој на селото, а се приклучи и на традиционалното оро.Таа порача дека зачувувањето на Галичник не претставува само грижа за минатото, туку и создавање основа за идните генерации.„Зачувувањето на Галичник не е само грижа за минатото, туку создавање цврста и инспиративна основа за новите генерации, потврдувајќи дека традицијата и развојот можат успешно да се надополнуваат

Македонија | пред 4 месеци

2020-09-08

Втор уписен рок за средно образование на 23 јуни: Слободни речиси 12.000 места низ државата

Учениците кои не успеаја да се запишат во средно образование во првиот уписен рок ќе добијат нова можност веќе на 23 јуни, кога ќе се реализира второто електронско пријавување за учебната 2026/2027 година.Според податоците на Министерството за образование и наука, по завршувањето на првиот уписен рок, во средните училишта низ државата остануваат слободни вкупно 11.882 места.Во првиот уписен рок успешно се запишале 13.397 ученици, додека преку електронскиот систем аплицирале вкупно 15.075 деветто

Македонија | пред 4 месеци

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Седум лица приведени во Скопје и гостиварско, кај нив пронајдена дрога

Седум лица биле лишени од слобода во изминатото деноноќие во Скопје и гостиварско, откако кај нив била пронајдена и одземена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи.На 20 јуни во 10:30 часот, на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.С. (21) од Скопје, кај кого била пронајдена марихуана.Истиот ден, во 12:20 часот во Карпош, бил приведен и М.Р. (23) од Скопје, откако кај него била пронајдена прашкаста материја.Во 19:40 часот, на подрачј

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

Следел малолетничка покрај река во Штип, па ја принудувал на полови дејствија - нов ужасен случај во рацете на обвинителите

Основното јавно обвинителство во Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за извршување други полови дејствија врз 16-годишно девојче.Според информациите од Обвинителството, на 18 јуни девојчето се движело по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, кога осомничениот започнал да ја следи.Чувствувајќи се непријатно, малолетничката седнала на клупа, очекувајќи дека мажот ќе продолжи по својот пат. Наместо тоа, осомничениот седнал до неа и почнал

Македонија | пред 4 месеци

policija-grcija

Хорор на Крит: Македонски државјанин ја убил газдарицата кај која живеел како потстанар, телото го закопал во нива

Македонски државјанин е главен осомничен за убиството на 45-годишна жена во близина на Ханија на грчкиот остров Крит, а според грчките медиуми, тој веќе го признал злосторството.Како што објавува грчкиот портал „Прототема“, станува збор за 43-годишен македонски државјанин кој живеел како потстанар во куќата на Ставрула Левендаки, која исчезнала на 30 мај. Нејзиното тело било пронајдено утрово во рурална област во близина на Ханија.Според досегашните информации, осомничениот признал дека по распр

Балкан | пред 4 месеци

zmija-1

На аеродромот во Франкфурт пронајдени три живи змии во куфер: „Беа подарок за мајка ми“

Германските цариници на аеродромот во Франкфурт за време на рутинска контрола откриле три живи змии во куфер на патник, кој тврдел дека животните биле наменети како изненадување за неговата мајка.Инцидентот, кој се случил на 3 јуни, дури сега бил објавен во јавноста, пренесува германскиот весник „Билд“.Дваесетгодишниот патник допатувал во Германија од Тајланд, преку Дубаи. При пристигнувањето тој изјавил дека не носи стока чија вредност надминува 430 евра, но при планираната рендгенска контрола

Свет | пред 4 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски му постави ултиматум на Лукашенко: Имате една недела да ја отстраните руската опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати остро предупредување до белоруското раководство, барајќи во рок од една недела да биде демонтирана руската опрема за пренос на сигнали во регионите Гомел и Брест, за која Киев тврди дека се користи за напади со беспилотни летала врз украински цивили и инфраструктура.Во своето вечерно обраќање, Зеленски порача дека Белорусија мора со конкретни чекори да покаже дека навистина се противи на војната, а не само преку неофицијални изјави.„Белорусија мор

Свет | пред 4 месеци

media-libraryg8pnt9ccjmgp2P80p3M

„Просечната нето-плата порасна за близу 8.000 денари за две години“, вели Стојаноски

Просечната нето-плата во Македонија за две години е зголемена за близу 8.000 денари, соопшти денеска на прес-конференцијата пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, повикувајќи се на официјалните статистички податоци.Според Стојаноски, во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари.„Тоа значи дека за две години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти“, изјави Стојаноски.Тој посоч

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryli31v9mm3v0k7Dy3gMc

(Видео) Украина нападна нафтени објекти на Крим и во Краснодар, има загинати

Најмалку четири лица загинаа, а 28 се повредени во украински напад со беспилотни летала врз Крим, кој е под руска контрола, соопштија локалните власти. По нападот, властите ја прекинаа дистрибуцијата на гориво на бензинските станици низ полуостровот.Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, информираше дека од денес во 9 часот по локално време е запрена продажбата на гориво, како за готовински така и за безготовински плаќања, вклучително и преку ваучери за физички и правни лица.„Горивото ќе биде дост

Свет | пред 4 месеци

kuferi-odmor

Внимавајте на етикетата на багажот: Може несвесно да ве вмеша во шверц на дрога

Мала етикета на багажот може да ве доведе во сериозни проблеми, па дури и да бидете погрешно обвинети за шверц на дрога, предупредуваат истражувачи кои откриле загрижувачка шема на злоупотреба на аеродромскиот систем за багаж.Откако патниците ќе го предадат својот багаж на аеродром, куферите се транспортираат во зони до кои патниците немаат пристап. Токму во тие простории, според истрагите, може да дојде до злоупотреба од страна на корумпирани вработени.На канадскиот аеродром „Пирсон“, каде што

Магазин | пред 4 месеци

media-library3nfreliokehdeqP7utz

Филипче до ВМРО-ДПМНЕ: Ако сме партија пред изумирање, зошто секој ден се занимавате со нас?

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на обвинувањата што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, порача дека владејачката партија премногу внимание посветува на опозицијата наместо на работата на Владата.„Не знам зошто се занимаваат со нас? Нека ја гледаат Владата, како ја водат државата. Од една страна кажуваат дека сме партија пред изумирање, ќе нѐ победеле на избори. А од друга страна секој ден се занимаваат со нас“, рече Филипче.Тој оцени дека ваквиот однос покажува оти власта е свесна дека СДСМ се ко

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryo9iufkd0bkrqabe3P5m

СДСМ не поддржува предвремени избори, Филипче вели дека Владата ќе ги распише кога ќе остане без пари

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека неговата партија нема да биде алиби за одржување предвремени парламентарни избори и оцени дека тие ќе се случат само кога власта ќе се соочи со финансиски проблеми.„Нема да дадеме алиби за избори, предвремени. Избори ќе има кога ќе снема пари. Тоа е концептот на нивното владеење. Кога ќе ги дотрошат сите пари за партиски тендери. Гледате и контрадикторни изјави, сакаме предвремени, па ќе има редовни, спремни сме... Избори ќе има кога ќе снема пари“, ре

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryb5h8ddop42aqexIBglG

Мирјана Митрева блесна во финалето и го освои второто место во „Ѕвездите на Гранд“

Мирјана Митрева постигна голем успех во регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи го второто место во големото финале.Митрева со своите настапи во текот на целата сезона успеа да ги освои симпатиите на публиката и членовите на жирито, а во финалната вечер уште еднаш го потврди својот вокален квалитет.Победник на овогодинешното издание на „Ѕвездите на Гранд“ е Бојан Илиевски, чиј ментор беше Ѓорѓе Давид, додека третото место му припадна на Саша Стојаковиќ.Публиката глас

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryn8fcvf7jj8fa9Hffn3H

Во сообраќајна несреќа кај Варшава загина докторката Емилија Котевска Аврамчева, жената која помогна пациенти од Кочани да се лекуваат во Полска

Македонската заедница во Полска и дипломатските кругови се простуваат од докторката Емилија Котевска Аврамчева, која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на експресниот пат С8 во близина на Варшава.Од Македонската амбасада во Полска соопштија дека станува збор за личност која оставила длабока трага во македонската заедница и која со години била еден од нејзините најсилни столбови.„Д-р Емилија беше личност со извонредна енергија – успешен доктор, менаџер и претприемач, но пред сè чов

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjftt4dva78vc9BwbRqk

(Видео) „Кармина Бурана“ ја воодушеви публиката, но СКРМ предупредува: Уметниците повторно беа заборавени

По спектакуларната изведба на „Кармина Бурана“ во Градскиот парк во Скопје, која предизвика бројни позитивни реакции во јавноста, Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) реагира дека во јавните објави за настанот бил изоставен придонесот на Хорот на Националната опера и балет.Од СКРМ посочуваат дека концертот, кој претставуваше завршница на трилогијата настапи, реализирани во Солун, Софија и Скопје, оставил силен впечаток кај публиката и уште еднаш ја потврдил моќта на културата д

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryu4djturbbf0g3jGqpkn

(Видео) Огромни гужви на „Богородица“ – колоните се споени до граничниот премин „Евзони“

Рано утрово на граничниот премин „Богородица“ кон Грција е забележана огромна гужва, при што колоните возила се протегаат сè до грчкиот премин „Евзони“.Поради зголемената фреквенција на патници и почетокот на летната сезона, формирани се долги колони од двете страни на границата, а чекањата за премин се значително продолжени.

Македонија | пред 4 месеци

media-library157qns4lhbes4bNjRiC

(Видео) SEMPRE ја вжештија атмосферата пред повеќе од 10.000 посетители на спектаклот со Black Coffee

Black Coffee блесна под ѕвезденото небо над Скопје, додека SEMPRE, најпопуларниот DJ колектив во земјава, ја загреа атмосферата пред повеќе од 10.000 посетители.Скопје уште еднаш докажа дека може да застане рамо до рамо со најголемите европски метрополи кога станува збор за музички настани од светски ранг.Со својата препознатлива енергија, момците од SEMPRE уште еднаш потврдија зошто се меѓу најбараните артисти на домашната сцена.Black Coffee ја држеше публиката во еуфорија до доцна во ноќта, ис

Македонија | пред 4 месеци

media-library6s7fslbrsh9i6SQijgN

(Видео) Бил коцкар, сакал да се откаже, а вчера победи во „Ѕвездите на Гранд“: Бојан од Македонија се враќа дома со прво место

Бојан Илиевски е големиот победник на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, откако освои најголем број СМС-гласови од публиката.Неговиот ментор во текот на натпреварувањето беше Ѓорѓе Давид. Во моментот кога беше прогласен за победник, Бојан не можеше да ги сокрие емоциите – падна на колена и заплака, додека останатите натпреварувачи му честитаа за успехот.Второто место го освои Мирјана Митрева, додека третопласиран беше Саша Стојаковиќ.По завршувањето на финалето, Ѓорѓе Давид откри дека

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања