Промени тема
Контакт

ЕУ

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

„Договорот е договор“: ЕУ не попушта пред заканите на Трамп за царини на европските автомобили

Европската унија нема намера да отстапи пред најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување повисоки царини за автомобили произведени во ЕУ. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека Вашингтон треба да се држи до постигнатиот трговски договор со Брисел и нагласи дека „договорот е договор“.Фон дер Лајен ја даде изјавата на прес-конференција во Ереван, на маргините на самитот ЕУ–Ерменија, откако Трамп претходно најави можност за царини од 25% за ев

Свет | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-4670PM

Конференција за 30 години европски пат на Македонија во Скопје

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје денеска ќе се одржи конференција посветена на 30 години од европскиот пат на Македонија, во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и факултетот.Настанот, насловен „30 години на европскиот пат: Односите Македонија – ЕУ и патот напред“, има за цел да одбележи две значајни годишнини во односите со Европската Унија – три децении од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.Органи

Скопје | пред 4 месеци

ursula

Европа се подготвува за нов трговски судир со САД по заканите за царини

Европската унија се подготвува за ново заострување на трговските односи со САД, по најавите и заканите од Доналд Трамп за зголемување на царините за европските автомобили, што повторно ги раздвижи трансатлантските тензии.Според анализата на порталот Политико, ваквите потези го туркаат веќе чувствителниот трговски договор меѓу ЕУ и САД кон нова фаза на неизвесност. Во среда се очекува состанок меѓу Европскиот парламент, земјите членки и Европската комисија за усогласување на ставовите, но во Брис

Свет | пред 4 месеци

media-libraryf5h90ip0jmi10iQjtJq

„Ниту една армија не војува како украинската“ – стигна порака од Финска

Финскиот претседател Александар Стуб повика на промена на европскиот пристап кон Украина, оценувајќи дека земјата не треба да се гледа само како примател на помош, туку како важен стратешки ресурс за европската безбедност.Говорејќи во Прага заедно со чешкиот претседател Петр Павел, Стуб истакна дека Европа треба да го смени фокусот: „Не е прашање само како ние ѝ помагаме на Украина, туку и како Украина може да помогне нам“.Тој ја пофали украинската армија, нагласувајќи дека нејзиното искуство од

Свет | пред 4 месеци

media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

ЕУ воведува фиксна царина за малите пакети: Temu и Shein се на удар

Европската унија воведува фиксна царина од три евра за мали пратки што пристигнуваат преку е-трговија, мерка што треба да почне да се применува од 1 јули 2026 година и директно ќе ги погоди нарачките преку платформи како Temu и Shein.Станува збор за пратки со вредност под 150 евра – сегмент кој, според објавените податоци, сочинува дури 93% од целокупната е-трговија во Унијата. Новата давачка има цел да ја промени пресметката на „евтиното“ купување и да го намали приливот на огромен број ултраев

Свет | пред 4 месеци

media-library43c9td7vg4plbU7vRKa

ЕУ и банките во судир околу воведувањето на дигиталното евро

Европската Унија се обидува да ја зајакне својата финансиска сувереност преку воведување на дигитално евро, но проектот се соочува со растечки отпор од комерцијалните банки и дел од финансискиот сектор.Дигиталното евро, кое го развива Европската централна банка, е замислено како електронска форма на готовина што би функционирала паралелно со постоечките пари. Според плановите, граѓаните би добиле дигитални паричници за плаќања онлајн и офлајн, со ограничени износи и зголемена заштита на приватно

Свет | пред 4 месеци

media-libraryoa5erbmlc0f318TAU6m

Зеленски бара брз влез во ЕУ, европските лидери повикуваат на трпение

Силното залагање на украинскиот претседател Володимир Зеленски за забрзано членство на Украина во Европската Унија предизвикува зголемени тензии со европските престолнини, во момент кога и поддршката од САД се преиспитува.Според извештаите, украинските претставници на средби со европски и американски функционери отворено го критикувале начинот на кој Европската комисија го води процесот на проширување, инсистирајќи на пократки рокови за пристапување. Во Киев сметаат дека ЕУ има интерес Украина д

Свет | пред 4 месеци

Pentagon

Пентагон со предупредување до европските сојузници

Соединетите Американски Држави ги предупредија европските сојузници, меѓу кои Обединетото Кралство, Полска, Литванија и Естонија, дека може да се соочат со значителни доцнења во испораките на американско оружје, додека Вашингтон ги надополнува своите залихи поради воениот ангажман во Иран. Според информации објавени од „Фајненшл тајмс“, Пентагон веќе ги информирал државите дека се очекуваат сериозни одложувања за повеќе ракетни системи.Доцнењата би можеле да ги опфатат и системите што се користа

Свет | пред 4 месеци

Kina

Брисел под притисок од Пекинг: Трговски судир околу „Произведено во Европа“

Кина испрати сериозно предупредување до Европската Унија, најавувајќи можни контрамерки доколку Брисел продолжи со усвојување на новиот Закон за забрзување на индустријата, кој има за цел да ја зајакне домашната економија и да ја намали зависноста од странски пазари.Предлогот, кој го подготви Европската комисија, се фокусира на три клучни области – чисти технологии, автомобилската индустрија и енергетски интензивните гранки како производството на челик, алуминиум и цемент. Една од клучните одред

Свет | пред 4 месеци

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Европската Унија со реакција на новата одлука на Трамп

Претседателот на Комитетот за трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, изјави дека најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините за автомобили од Европската Унија покажува дека САД не се доверлив трговски партнер.„Последниот потег покажува колку е непредвидлива американската страна“, изјави Ланге, додавајќи дека таквиот пристап не е начин на кој се третираат блиските партнери. Тој нагласи дека Европската Унија ќе одговори „со јасност и решителност“, потпирај

Свет | пред 4 месеци

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп најави царини од 25% за автомобили и камиони од ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата администрација веќе следната недела ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од Европската Унија на 25 отсто, обвинувајќи го Брисел дека не го почитува претходно договорениот трговски договор.Станува збор за нов потег, кој би можел дополнително да ги заостри трговските односи меѓу САД и ЕУ, особено во автомобилскиот сектор.Во својата објава, Трамп наведе дека договорот јасно предвидува оти нема да има царини за возила произведени

Свет | пред 4 месеци

Marta-Kos

ЕУ ја суспендираше финансиската поддршка за Србија поради назадување на судството, медиумите молчат

Европската унија ги суспендираше средствата за финансиска поддршка за Србија во рамките на Европскиот план за развој, објави европската комесарка за проширување Марта Кос.Кос рече дека средствата ќе останат замрзнати сè додека, како што изјави, „Белград не ги реши проблемите забележани во функционирањето и независноста на судскиот систем“.,,Моментално ги суспендиравме сите исплати кон Србија според планот за развој , бидејќи повторно има назадување во судскиот систем, бидејќи повторно гледаме т

Свет | пред 4 месеци

fon-der-lajen

Европската Унија губи 500 милиони евра дневно поради војната со Иран

Ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток носи сериозни економски последици за европските земји, кои се соочуваат со нагло зголемени трошоци за енергенси. Според проценките на Европската комисија, дополнителните издатоци за увоз на фосилни горива достигнуваат стотици милиони евра на дневно ниво.Во обраќање пред Европскиот парламент, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нагласи дека во рок од само два месеца, Унијата значително ја зголемила потрошувачката за енергетски уво

Свет | пред 5 месеци

104637042-GettyImages-513101776

Нови мерки на Европска комисија за ограничување на доминацијата на Google

Европската комисија предложи нови мерки со кои Google ќе треба да им овозможи на конкурентските пребарувачи пристап до податоците од пребарувањата, со цел усогласување со Законот за дигитални пазари.Предлогот опфаќа и податоци поврзани со чет-ботови базирани на вештачка интелигенција, како и функции за пребарување, при што се предвидуваат строги правила за обемот, начинот и зачестеноста на споделувањето на податоците.Од Европска комисија наведуваат дека мерките вклучуваат и механизми за заштита

Свет | пред 5 месеци

media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Макрон предупредува: Европа мора да се разбуди – САД, Русија и Кина се против нас

Европа мора да ги засили напорите за заштита на сопствените интереси, бидејќи САД, Русија и Кина се сè поотворено поставени спротивно на европските позиции, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон.Во разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина, Макрон оцени дека Европа се наоѓа во „единствен момент“ во кој трите големи сили настапуваат спротивставено кон европските интереси.„Не смееме да потцениме дека ова е момент во кој американскиот, рускиот и кинескиот претседател се п

Свет | пред 5 месеци

media-library2fd3j4u2uthqdrn410M

ЕУ и САД потпишаа договор за критични минерали и зајакнување на синџирите на снабдување

Европската Унија и Соединетите Американски Држави денеска во Вашингтон потпишаа меморандум за разбирање и договорија акциски план за критични минерали.Меморандумот за разбирање го потпишаа европскиот комесар за трговија Марош Шефчович и американскиот државен секретар Марко Рубио. Дополнително, Шефчович и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир се договорија за акциски план за зајакнување на отпорноста на синџирите на снабдување со критични минерали, кој отвора можност за мултилатерална

Свет | пред 5 месеци

media-library8dj04sgisio52NpdMMr

Ограничувања во авионскиот сообраќај: откажани летови кон Дубаи, Тел Авив и Бејрут

Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај го продолжи важењето на информациските билтени за ризични зони во воздушниот простор над Блискиот Исток и Персискиот Залив до 1 мај, поради зголемената безбедносна нестабилност во регионот.Поради тековниот вооружен конфликт меѓу САД, Израел и Иран, голем број европски авиокомпании привремено ги прекинаа или значително ги намалија летовите кон овој дел од светот.Меѓу погодените превозници се групацијата „Луфтханза“, „Ер Франс-КЛМ“ и „Брити

Свет | пред 5 месеци

media-libraryl88b6php983hfxJyS9E

Домбровскис: војната на Блискиот Исток ја чини ЕУ 500 милиони евра дневно

Економијата на Европската унија трпи значителни загуби поради војната на Блискиот Исток, кои се проценуваат на околу 500 милиони евра дневно, изјави европскиот комесар за економија Валдис Домбровскис.Според неговите оценки, конфликтот предизвикал пад на економската активност во ЕУ меѓу 0,2 и 0,6 проценти, како резултат на растот на цените на енергенсите и нарушените синџири на снабдување. Посебно е истакнато дека цената на природниот гас се зголемила за околу 60 проценти, додека значително порас

Свет | пред 5 месеци

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски откри како Украина ќе го троши заемот од Европската Унија

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денес во Никозија изрази благодарност до Европската Унија за доделениот кредит од 90 милијарди евра за Украина и за воведувањето нов пакет санкции против Русија.„Многу сме благодарни за денешниот голем напредок: пакетот помош од 90 милијарди и пакетот санкции, што е исто така одличен сигнал. Ќе работиме средствата да стигнат што е можно побрзо“, рече Зеленски во заедничкото обраќање со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката н

Свет | пред 5 месеци

fon-der-lajen

Фон дер Лајен: Преговорите со Украина треба да започнат без одлагање

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес во Лефкозија на Кипар изјави дека преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија треба да започнат без одлагање.„Храбриот отпор на Украина против Русија е непоколеблив. Исто така и поддршката од Европа. Со оглед на континуираните реформски напори на Украина, преговорите за пристапување треба да започнат без одлагање“, напиша Фон дер Лајен на платформата Икс, по трилатералниот состанок со претседателот на Европскиот сов

Свет | пред 5 месеци

media-library5ut69nh4jcm72gPzgpy

Европа треба да гради сопствена одбрана, порача Расмусен

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, оцени дека односот на американскиот претседател Доналд Трамп кон сојузниците во НАТО е болен и предупреди дека Европа мора брзо да ја намали зависноста од американската безбедносна архитектура.Во разговор за утринската програма „Европа денес“ Расмусен изјави дека европските држави треба да се насочат кон зајакнување на сопствените одбранбени капацитети и, каде што е можно, да даваат предност на европско вооружување наместо на американс

Свет | пред 5 месеци

kuferi-odmor

ЕУ предупредува: летните одмори под ризик поради недостиг на авионско гориво

Европската Унија предупреди дека Европа се соочува со „многу сериозна криза“ поради намалени залихи на авионско гориво, што е последица на војната во Иран, при што патниците би можеле да се соочат со промени во своите планови за летен одмор.Европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен изјави дека е многу веројатно дел од летните одмори да бидат засегнати, било преку откажување летови или преку значително поскапи авио-билети.Тој додаде дека, иако во моментов проблемот е главно ценовен, не може

Свет | пред 5 месеци

media-librarypo00iupb4svp5xswA4V

Кипарскиот претседател: ЕУ има потреба од план за помош на нападнати членки

Челниците на Европската Унија, кои се состануваат на Кипар, треба да започнат изработка на акциски план за случај една од членките да побара помош од останатите држави во блокот, изјави кипарскиот претседател Никос Христодулидес.Тој посочи дека на самитот ќе се разговара за тоа како да се даде конкретна содржина на членот 42.7 од Договорот за Европската Унија, кој ги обврзува сите 27 членки на меѓусебна помош во кризни ситуации.Според него, иако постои правна рамка, не е јасно како точно би се с

Свет | пред 5 месеци

migranti-grcija-1

Никогаш немало повеќе имигранти во ЕУ - бројката порасна за 2,1 милион за една година

Бројот на имигранти кои живеат во Европската Унија достигна рекордни 64,2 милиони во 2025 година, што е зголемување за околу 2,1 милион во однос на претходната година, покажува ново истражување на Центарот за истражување и анализа на миграции при РФ Берлин.Во извештајот, кој се повикува на податоци од Евростат и Агенцијата на Обединетите нации за бегалци, се наведува дека во 2010 година во ЕУ имало околу 40 милиони имигранти, што значи дека за 15 години бројката значително пораснала.Германија и

Свет | пред 5 месеци

media-libraryccg0aktmt8nba7bE950

Шпанија, Словенија и Ирска бараат преиспитување на односите ЕУ–Израел

Шпанија, Словенија и Ирска побараа Европската Унија да ја отвори дебатата за можноста за суспендирање на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, прашање кое денес се разгледува на состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата.Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави дека станува збор за прашање на кредибилитетот на Европската Унија, која, според него, мора доследно да ги применува истите принципи во сите меѓународни ситуации.Тој истакна дека доколку ЕУ не

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања